Димовски: “Бугарите, да ја вратат круната на Охридската архиепископија” (Фото)

Фејсбук статус на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

“Во дух на пријателството и соработката, а како процес на градење пријателство, кое сега е длабоко нарушено, да ја замолиме Софија свечено да ја врати МИТРАТА (круната) на Охридската архиепископија во Охрид…

Митрата (капата, круната,…) на Охридскиот архиепископ се наоѓа во Софија, во Националниот историски музеј…

Земена (украдена) е од Охрид, од црквата Св. Богородица Перивлепта, од страна на бугарската војска во 1916 година, за време на ПСВ.

Оваа митра е подарок од Венеција за еден од охридските архиепископи. Тежи 1,5 кг чисто злато и на себе има 329 скапоцени камења. Ја носел и последниот (пред укинувањето) архиепископ Арсениј…

П.С. Во Софија има над 80 реликвии, сопственост на Охридската архиепископија…

П.П.С. Архиепископскиот жезол се наоѓа во Зографскиот манастир на Света Гора…”, напиша Илија Димовски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.