Me пpepacпopeдивте оти cyм члeн на Cиндикатот на полициjaта, не ми го признавате факyлтетот, ова е peжим на дело

Речиси единаесет години работам како единствена жена со тим од 18 мажи во крим техника за да вие се уште не ми го признаете државниот факултет за безбеднот, а примате од надвор со не соодветно обазование и им давате високи позици – пишува на својот Фејсбук профил, Фросина Стојчевска.

Нејзиниот статус во целост го пренесуваме во продолжение:

“Добар ден и убав ден на сите!

Еве вака јавно како и секогаш сакам да се заблагодарам на експертскиот тим, кој го даде своето мислење и ја процени мојата ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, како и постигнатите резултати во службата, односно моето работење во крим. техника скоро единаесет години, како единствена жена со тим од 18 мажи, која рамо до рамо се буткаше со мажишта, дење-ноќе, сонце-мраз, гладна-жедна, во кал и мокра до гола кожа,со температура и менструални болки, па дури и бремена, крадеше и учеше занает, без да се примети дека е жена, без да се почуствуваат женските потреби и слабости.

Горда и единствена жена која беше дел од крим.техничарски тим од 38 мажи од цела Македонија и учествуваше на терен за настаните од 9 Мај, наградена со парична награда за сработеното, а не за криење по канцеларии и варење кафиња како некои. Горда на своите успеси постигнати со една обична четка за отисоци при расчистување на многу кривични дела, тешки кражби, разбојништва, сообраќајки, самоубиства па дури и убиства. Горда на многу акции за дрога, оружје, мигранти, тероризам.

Горда со камера на разни протести, фудбалски и кошаркараки натпревари, митинзи на политички партии, и секогаш ПРОФЕСИОНАЛНО ПОСТАПУВАНО!

Горда на гладувањето со моите деца, бидејќи парите одеа за да се дообразувам, да ви бидам од корист во службата, за да вие се уште не ми го признаете државниот факултет за безбеднот, а примате од надвор со не соодветно обазование и им давате високи позици! ВАШИ СРАМОВИ!

Таа ЖЕНА не потклекна не се предаде, штиклите ги носеше само на прослава на денот на полицијата и Нова година, не легна со никој за да напредува, не правеше местенки и сплетки, не се лигавеше и не величаше никој кој не заслужил, отворена и искрена кон секој, што чини што не чини, секогаш во заштита на послабиот, сите колеги ми беа иста вера, политичките ставови не ми беа битни, секогаш велев СЕКОЈ СО СВОЈА СРЕЌА!

Наместо кафе паузи, понекогаш кафе или обична вода пиев со заборавените старци во најдалечните села, им пружав внимание и утеха, ако немаше кој да им пружи.

Во работниот век само со две боледувања, едното кога го изгубив бебето, не по своја вина! Второто кога се фатив во кичма од провевот што ме шиба сите овие години, со која и ден денес имам проблем, но не злоупотребувам!

Му заблагодарувам и на налачникот на СВР, мојот дваесет годишен пријател, со кој делевме и лошо и добро, славевме за постигнатите успеси и плачевме за загубените наши најмили, взаемо си помагавме и кога беше тоа невозможно, спремавме испити, и разговаравме на разни теми некогаш и до зори, со почитување на различните ставови, се посетувавме по болници и мечтаевме како ќе си помагаме кога некој ќе биде на позиција, фамилијарно се почитувавме, еден, друг се браневме од злите јазици. Мојот пријател началник сето тоа го пушти низ вода, со ништо не заслужено, бидејќи сум ПРЕТСТАВНИК НА СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИНА, КОЈ ГЛАСНО ГОВОРИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕКОЈДНЕВНО СЕ СООЧУВАМЕ!

Те прашувам другар, зошто дозволи некој да се жали!? Заборави ли другар како тебе ти беше кога некој те шиканираше!? Зошто ништо не промени, уште направи полошо, долгогодишни пријателства да се прекинат!? Да се мразиме меѓусебно! Зошто во овој момент покажа дека си од страна на политиката, а не на страна на професионалноста, која секогаш ја спомнуваше!? Жалам што решението за прераспоредување не ми го додели сам, за да го видиш сјајот во моите очи, желен за ПРАВДА И НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ДОСТИГУВАЊА! Мој драг и ценет пријателе!

Но, сепак му заблагодарувам за дадената препорака за прераспоредување на нова работна позиција и довербата што ми ја даде за моето стекнато знаење и искуство, да го пренесам на нов терен, да го проширам кругот на пријатели, да стекнам нови искуства, проширам видици и придонесам за службата, а се надевам дека ќе завршам уште некое школиче така уз пат, кое најверојатно пак нема да ми го признаете.

Им заблагодарувам на СИНДИКАТОТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, каде сум дел од истиот, ПРЕКРАСНИ ДРУГАРИ МОИ, МИ ВЛЕВАТЕ НАДЕЖ ДЕКА СЕ УШТЕ ПОСТОЈАТ ЧЕСНИ ЛУЃЕ! Да не бевте вие немаше “експертскиот тим” уште да слушне за мене, уште ќе дремев и трпев мобинг и изживување од претпоставен, уште ќе бев дежурна на секој велигден, 8 март, бадник, новогодишните празници,како една единствена жена, додека стручњаците се дома со своите најмили, со изговор дека ќе сум земела празнично, ниедна пара не може да ги надокнади убавите мигиви со семејството! Уште ќе бев безгласна буква.

Благодарам СПМ и на овој начин успеавме, го симнав натрапникот од вратот!

Со нови сили и нови победи одиме понатаму! СЕ ГЛЕДАМЕ НА ВРВОТ НАЈМИЛИ МОИ СИНДИКАЛЦИ, СО ВАС ПРВ ПАТ СЕ ПОЧУВСТВУВАВ ЦЕНЕТА И ВРЕДНА! ВЕ САКАМ СИТЕ !

ОВАА НОВО РЕШЕНИЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПОРАЗ, ТУКУ КАКО УШТЕ ЕДНА ИЗВОЈУВАНА ПОБЕДА, ДА СЕ СЛУШНЕ ГЛАСОТ ЗА МЕНЕ, ЗА ТЕБЕ, ЗА СИТЕ НАС!

ЗА НАШАТА ЗАЕДНИЧКА БОРБА, А ТОА Е ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

П. С. РЕЖИМ НА ДЕЛО!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.