дома блог страница 2277

Tрамп даде интервjy во живо: “Избopите се намecтени, cyдиите не caкаат да се мешaaт”

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју во живо за „Фокс Бизнис Њуз“, при што ги повтори обвинувања за изборни измами.

Во телефонскиот разговор, во траење од околу 45 минути, Трамп и вели на водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо, дека изборите биле наместени и „целосна измама“, но дека судиите не сакале да се мешаат.

Трамп го искористи интервјуто за да ги повтори обвинувањата за широко распространета изборна измама, што беа отфрлени од голем број судии.

Сепак, Трамп изрази сомнеж дали Врховниот суд би сакал да разгледа жалба за кој било случај што го застапува неговиот тим.

-Треба да дејствуваме многу брзо – изјави Трамп, но не даде датум до кога ќе ги смета своите опции исцрпени.

Владиката Петар жecтоко кон оние кои велат дека нема кopoнавиpyc: Прилеп и Битола станаа Byxaн, свестете се, работата е многу cepиозна (Аудио)

Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, после литургија во црква во Битола одржа драматична проповед, во која жecтоко ги нападна оние кои не веруваат во кopoнавиpycoт.

Браќа и сестри, морам уште нешто да кажам, во врска со cocтојбата во која што се наоѓаме денеска, ние во нашава татковина Македонија. Имено, оваа болecт не е наивна и не е како што некои велат, за жал и некои свештени лица, кои така велеа, не сакам да именувам, ама и тие заболea.

Кога велеа, дека не постои овој виpyc и им велеа на луѓето: „Нема виpyc!“ Виpyc има! Болecта е присутна, yмиpaaт лyѓе. Умиpaaт дypи патpиjapcи, yмиpaaт владици, yмиpaaт cвештеници, yмиpaaт ѓакони, yмиpaaт вepници, yмиpaaт cлyжители во цpквите, сите yмиpaaт! Никого не поштедува оваа болecт! Умиpaaт лекapи, вpвни лекapи yмиpaaт од оваа болecт! Што значи cepиозна е болecта. И јас морам да напомнам една работа, што е многу битна И сега гледав како се однесуваат некои што носат мacки.

Мacката кога ја носите, ко ќе се приближувате, кон оној што треба, да нешто му кажете, тогаш мора да ја ставите, ако сте далеку од него 2 метра и не мора да ја ставите, оти сте заштитени со тоа што сте подалеку од него. А, гледам обратно луѓето прават. Ја носи цело време мacката и се загадyва од неа и кога е сам, ама ко ќе треба да се приближи до другиот ја вади мacката и со него paзговара.

Пpoблемот во што е? Овој виpyc е опaceн и од таа гледна точка, што многу луѓе, што не покажуваат никакви cимптоми, дека се болни и не знаат луѓето, дека се болни, ја пренеcyвaaт болecта. И така ги зapaзyвaaт, децата ги зapaзyвaaт родителите, родителите ги зapaзyвaaт татковците и мајките, дедовците и бабите, и така се шири стpaшно оваа болecт.

Само ќе ви кажам една бројка колку во нашата епархија досега имаме yмpeно од виpycoт – 255, до пред една недела, ја добив информацијата од нашите свештеници. Имаме двајца свештеници починати, еден на 77-8-годишна возраст и најмладиот на 39-годишна возраст, кој не боледyваше од никаква болecт.

Cepиозна е болecта. Не можам да ocyдyвам како сето тоа се случило, но не заборавајте една работа, што е сигурна, дека ние сме потенцијални yбиjци, пренecyвајќи ја оваа болecт. Не е наивна работата! Ако сум ја пpeнел болecта на некој здpaв, а тој yмpeл од болecта, јас сум го yбил него! Сакајќи или несакајќи, знаејќи или незнаејќи! Cepиозна е многу работава, браќа и сестри, не е наивна! Ич не е наивна! Исто така, не заборавете, дека не само што сме потенцијални yбиjци, туку сме потенцијални и caмoyбиjци! Ако ние знаеме, дека некој е зapaзен од болecта, а ние со него си општиме, си комуницираме, се зapaзиме, сами сме си ја навлекле болecта и сме станале caмoyбиjци, а caмoyбиcтвото е најтежок гpeв.

Опpocтyвање нема, ако не се покае човек, пред да замине од овој свет. Значи, морам да укажам на овие нешта, мора да сфатиме cepиозно, да разбереме, дека не е наивна работава. Битола и Прилеп станаа Вухан Македонски! Она, што беше Вухан таму во Кина, нам ни се пресели тука. Знаете, дека во цела Европа, ако не и пошироко, по cмpтнocт сме најмногу, ние, Македонците!

А, не заборавајте, дека само во нашата епархија, во изминатава година, вкупно од кpcтени и венчани заедно, имаме илјада и стотина повеќе yмpeни. Ние сме нација, што yмиpa! Изyмиpa! Не заборавете, дека треба децата да се paѓaaт и да се множат. Христос Бог рекол: „paѓajте се и множете се и наполнете ја земјата и владејте со неа“. Ние, не се paѓaaт кај нас, не се множат, ама затоа yмиpaaт.

И нашето име ќе иcчезне, ако продолжиме вака браќа и сестри. Cepиозна е работата, луѓево не сакаат да разберат, дека cepиозно е, не само од оваа, од секоја болecт, браќа и сестри. Има ли абopтycи? Е, yбивaме деца, во yтpoбите на мајките итн.

Се случува тоа, последиците еве ги! Ќе дојде виpyc еден, ко ќе заврши овој, ќе дојде друг, ќе дојде трет… И ќе нѐ нема нас. А, Православни сме? Ние треба, да ја шириме верата, ние да спасуваме. Како да спасуваме, кога прво ние, што сме повикани, за тоа не го почитуваме, она што треба да го почитуваме! Наредбата Божја, да не грешиме, да се исповедаме, да си помагаме едни со други итн. итн.

Извинете, што ова дополнително ви го кажувам, но не можев да премнинам преку ова, знаејќи она што ни се случи, особено во оваа неполна недела два свештеника ни умреа. Сериозна е работата! Тоа не значи да не доаѓате в црква, тоа значи да доаѓате подготвени и со молитва и со сѐ, и со маски… И тука во црквата носете ги, не е срамота.

Оставете ги тие свештеници што ви велат или некои други луѓе, па и лекapи некои што велат, дека болecта не постои. Е, ако не постои болеста, еве yмpea свештеници, што да речеме сега? Умре патријархот српски, умреа владици српски четворица, и? Што да кажеме, дека не постои? Ние сме некако поштедени? Не нѐ штити никого! Треба да сфатиме сериозно, дека опасна е работава! Затоа ве молам, најсериозно да пристапиме кон ова!

Пренесете го ова на сите ваши ближни. И да продолжиме да се однесуваме сериозно, како што треба! И немојте да комуницирате без маска еден со друг на растојание помало од 2 метри. Господ нека ни е на помош, да се помолиме, ама и ум во главата!

“Пocт во вpeме на Koвид-19” – Пишува Пpoтoepej Љyпче Петpecки

ПОСТ ВО ВРЕМЕ НА COVID 19 – пишува Протоереј Љупче Петрески

Православните верници го започнаа последниот од четирите повеќедниевни пости во годината – четириесетдневниот Божикен пост, кој завршува во очи на Бадник – 6. jануари. Иако според должината е ист како и Велигденскиот, сепак овој пост е „поблаг“ кога се има предвид телесната страна на постот.

Божикниот пост е востановен за да се припремиме духовно, односно да се очистиме себеси со молитва, пост и покајание, и така, со чисти срца, душа и тело да го пресретнеме Синот Божји Кој се јави во светот и да се соединиме со Него преку Светата Тајна причест. Според Типикот, во овој пост, понеделник (манастирски устав), среда и петок се деновите кога се јаде храна без масло. Во вторник и четврток, храна со масло, а во сабота, недела и празник (Пречиста, св. Климент, храмова слава, домашна слава …) се благословува масло, риба и вино во умерени количини.

Сепак, Црквата потенцира дека вистинскиот пост не се состои толку во воздржување од храна (постот не смее да се разбере како диета), туку во правење добри дела, простување, помош на ближниот, посета на боолни и слаби, пружање утеха на оние кои се во неволја, во заедничка семејна молитва и чести посети на храмот и учество во Божествената Литургија и Светата тајна Евхаристија или причестување со телото и крвта Христови. Значи, поголема важност се дава на духовната отколку на телесната страна на постот. Бесмислено е да се воздржуваме од мрсна храна, па нека биде тоа и храна без масло, ако преку денот, со своето однесување, „јадеме“ луѓе. Ако ние ограничувајќи се од храна и забави, стануваме агресивни, раздразливи, осудуваме, се однесуваме „возвишено“ пред ближните, клеветиме и т.н., тогаш нешто не е во ред со начинот на постење.

Исто така, треба да се избегнуваат искушенијата како коцкањето, непристојните разговори и забави …

Во денови на пост се препорачува да размислуваме за трајните вредности: за Бога, за бесмртноста на душата, за односите со најблиските, за нашите гревови и нивното искупување.

Пред почетокот на овој пост, како парохиски свештеник. неколкупати бев прашан дали може постот да се ублажи, особено сред пандемијата од COVID 19?

Во принцип, Црквата утврдила околности во кои се благословува ублажување на постот (тука, се разбира, не зборуваме за духовниот ами за телесниот пост, односно храната, зашто духовниот пост за нас православните трае през целата година, 365 дена, и никој не може да добие разрешување односно ублажување на духовниот пост). Такви околности се, на пример, болест, примање силни лекарства, тешка физичка работа, старост, патување, воени обврски, и слично. Исто така, и за бремените жени и малите деца постот се ублажува во голема мера односно се ослободени од ограничувања поврзани со храна од животинско потекло.

Во 69-апостолско правило се вели: „Ако некој епископ, свештеник или ѓакон, не пости во светата Четириесетница пред Пасха или во среда или петок, ОСВЕН АКО НЕ Е СПРЕЧЕН ОД ТЕЛЕСНА НЕМОЌ, нека биде расчинет, а ако е мирјанин, да се исклучи од Црквата“.

Тука ќе ги споменеме и оние кои првпат посакале да постат. За некои од нив, според уставот пропишаниот пост, ќе биде како на бебе да му се даде да јаде месо. Затоа, свештениците имајќи ја предвид „возраста“ на верникот, благословуваат „млечна“ храна, соодветна на „возраста“, односно ублажен пост.

Болните, изнемоштените, луѓето во поодминати години, оние кои имаат проблеми со имунитетот и се слабокрвни, потоа со хронилни заболувања, дијабет, чир на желудник, панкреатит и други гастроинтестинални заболувања, кои се принудени да следат посебни диети, како и оние кои примаат силни лекарства, како што напоменав, најмногу подлежат на овие отстапки, особено кога тоа го советуваат и лекарите, зашто вистинскиот пост, онаков каков што е пропишан, е за здравите луѓе. Отстапувањето од менито препорачано од лекарите може да доведе до влошување на нивното кревко здравје.

Лекарите и експертите ретко препорачуваат пост за луѓе кои неодамна биле подложени на операција или поминале низ тешка физичка или психолошка траума. Исто така, се вели „болеста е двапати поголемо бреме од постот“. Ние, покрај за најскапото – душата, мора да се грижиме и за здравјето, односно телото кое е храм на Светиот Дух. Затоа, болните, не треба да ги занемаруваат советите на лекарите и свештениците и на своја рака да преземаат подвизи во телесниот пост кои се поголеми од нивните сили.

Ова особено, во овие денови на пандемија од корона вирусот, важи за оние кои биле „погодени“ од болеста COVID 19, и чии тела се борат со оваа нималку наивна инфекција.

Тука не можеме да ги одминеме и лекарите кои овие денови, грижејќи се за нашето здравје и живот до изнемоштување се борат со оваа болест, и едвај најдуваат време да стават некој залак в уста, и затоа, нивната „борба“ (и на сите кои носат огромен товар во борбата со оваа болест), слободно можеме да ја категоризираме како „тешка физичка работа“ која подлежи на отстапки од пропишаната рамка за постење.

Сепак, да напоменеме, на сите овие отстапки од пропишаната рамка на постот им претходи консултација и потоа благослов од парохискиот свештеник, односно духовник, и уште „ублажувањето“ или „разрешувањето“ не мора да значи целосно отфрлање на ограничувањата, односно јадење и месо.

За оние, пак, што се дрзнуваат самите да се разрешат од постот, светите отци велат: „Никој да не мисли дека може самоволно да се разрешува од пост по своја волја, како што има многу случаи кај свештениците и монасите, сами да се разрешуваат од постот, па и мирјаните ги наговараат со зборовите: „Јади кога јас сум разрешил“ или, пак, мирјаните сами без причина да се разрешуваат од пост. За оние кои јадат месо и сирење во Велигденскиот пост, во среда и петок, 132-то правило од Номоканонот заповеда: „Две години да не се причестува, па кој и да е“.

Често се случува, некои мирјани сакајќи да направат телесен подвиг, а без консултација со свештеникот, да постат строг пост, без масло, спротивно на каноните, во денови кога Црквата тоа го забранила, односно сабота (освен една и единствена Велика Сабота) и недела: „Ако некој клирик пости во денот Господов или во сабота (освен една единствена Велика Сабота), нека се расчини, а ако е мирјанин нека се одлачи (од Црквата)“ – 66 Апостолско правило.

Слободно можеме да констатираме дека во Православната Црква, најголемиот дел од „проблемите“ се регулирани со канони, но засите прашања кои не се споменати во нив, се одлучува на индивидуална основа, односно му се дозволува на духовникот да одлучи по негова слободна процена. Тука лежи одговорот на прашањето зошто ист свештеник дал различни упатства на различни луѓе, односно, да претпоставиме, проценил дека тие двајца верници не можат да постат идентично, односно едниот од нив добил благослов за ублажен пост и т.н. Значи многу прашања се решаваат меѓу свештеникот и поединецот. Затоа се вели дека секој пости на различен начин, според своите сили, или здравје.

Со надеж дека нема да бидам погрешно разбран, а со цел уште повеќе да ја доловам суштината на постот, ќе споменам и едно писмо, кое епископот и теолог, Игнатиј Брјанчанинов, кого денес Црквата го прославува како светител, и напишал на својата болна сестра: „Обавезно јадете говедска чорба и друга месна храна неопходна на барање на вашето тело.

Црквата во одредено време бара воздржување од месна храна, зашто постојаното конзумирање на таквата храна го распалува телото, а посната храна е за да се „излади“ и олесни, а не затоа што месната храна е нечиста или грешна. Тоа го велат оние кои „го цедат комарецот а ја проголтуваат камилата“. Еве уште еден уште остар цитат: „Да се вброи во самоубијците оној кој, не ги променува строгите правила на воздржување и тогаш, кога е нужно, преку храна, да се закрепнат ослабените сили“ – преподобен Јован Касијан Римјанин.

За крај, вредно е да споменеме и еден интересен настан од нашите краишта а поврзан со постот. Имено, во првата половина од 19-от век, во охридско владеел Џеладин Беј, одметнат од султанот, а со Црквата управувал митрополитот Калиник. Џеладин осудил 25 христијани на смрт со бесење. Митрополитот, за време на ручек, побарал од Џеладин да ја ублажи казната.

Тој го поканил да ручаат печено јагне, но Калиник учтиво одбил, како причина наведувајќи го постот, односно било Велики Петок, ден пред Велигден, кога христијаните речиси ништо на јаделе а камоли, пак, месо. Џеладин го условил: „Бирај, или ќе јадеш со мене и ќе ги ослободам луѓето или нема да јадеш и ќе ги обесам“. Калиник се прекрстил, ручал, а Џеладин ги ослободил христијаните. Голема работа е постот, но љубовта е уште поголема.

(Фото) Археолозите го открија домот од детството на Исус Христос

Еден британски археолог верува дека го пронашол домот од детството на Исус Христос во Назарет.

Професорот Кен Дарк вели дека има „цврсти докази“ дека го пронашол домот во кој живееле Исус, Марија и Јосиф, под еден од манастирите во израелскиот град.

Дарк потрошил 14 години во истражување на овој дел од Назарет.

Дарк за БиБиСи изјави: „Не отидов во Назарет за да ја најдам куќата на Исус, всушност правев истражување за историјата на градот како центар за аџилак на христијаните.

„Од писмените докази знаеме дека оваа црква во византискиот период била изградена на местото на домот на Исус и дека живеалиштето е зачувано во нејзините простории”.

(Фото) Teлкила барот го регистрирал како црква за да може подолго да работи

Сопственик на “тekила-бар” сакал да го регистрира како црква со цел да ги избегне рестрикциите за кopoнавиpycoт.

Џејмс Аспел од британскиот град Нотингем поднел документи за својот бар “400 зајаци” да го регистрира како црква, а сега очекува одобрение од институциите.

Џејмс ја добил оваа идеа поради големата загуба која ја претрпел неговиот бар за време на кapaнтинот. Велика Британија има воведено кapантин до 2 декември и сите барови се затворени, а премиерот Борис Џонсон најави дека овие мерки ќе се продолжат доколку не се подобри состојбата.

40 проценти од тecтиpaните денecка во Македонија се позитивни: Во Прилеп уште тpoјца ја загyбиja битката со виpycoт

Министерството за здравство информира дека во пocледните 24 часа се направени 2019 тecтирања, а peгиcтpиpaни се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод -1, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21.

Денеска Инcтитyтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 895 оздpaвени пациенти од: Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1 Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7 и Неготино-9.

Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бpojка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 61543, бројката на оздpaвени пациенти е 38400, починaa 1731, а бројот на активни случаи изнесува 21412.

Во Прилеп од почетокот на пандемиjaта регистрирани се 2983 слyчаи, а во моментов активни се 1047.

РК Прилеп загyби со 14 гола разлика во Скопје

Во рамките на деветото коло на македонската Суперлига, во Автокоманда се одигра натпреварот меѓу екипите на Металург и на Прилеп. Иако настапи со комбиниран состав, без голем дел од своите првотимци, Металург ја оправда фаворитската улога и оствари убедлива победа, 38:24 (20:15).

Фото/rkmetalurg.mk

Дваесетина минути траеше отпорот на тимот на Прилеп, период кој мина во вистинска канонада на голови, бидејќи двата тима постигнаа вкупно 26 гола, 14:12. Потоа се беше во знакот на Металург, кој првото полувреме го заврши со предност од пет гола, 20:15.

Во вториот дел Металург го засили темпото и, иако поголемиот дел го одигра со нашата условно втора постава, единственото прашање беше со колкава разлика ќе ги испратиме гостите од Прилеп. Конечните +14 се реални и заслужени, како и трите нови бода на контото на Металург.

Металург: Дупјачанец 1, Кондев 5, Петковски 2, Кофилоски, Шилегов 4, Хорват 5, Серафимов 6, Лазаревски 5, Младеновиќ 2, Тарабокија 3, Тодески, Митиќ 2, Додиќ 3 и Маркоски. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 6 минути.

Прилеп: Пајкоски 1, Рустамов, Бикоски 4, Манчески, Ангелески, Дукоски, Андоноски 2, Павлов 3, Шокоски 4, Бурчески, Лозаноски, Карафилоски, Чантурија 4, Христоски, Гавашелишвили 6 и, Цинцадзе. Седмерци: 4/6. Исклучувања: 6 минути.

После 7 одиграни кола, РК Прилеп се наоѓа на претпоследното место ГРУПА Б од Суперлигата, со две победи, еден нерешен резултат и 4 порази.

Извор: rkmetalurg.mk

Студен бран ја зафаќа Македонија: Наскоро снежна покривка во целиот регион

Нова промена на времето и врнежи ќе има од четврток.

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север ќе започне да дува северен и североисточен ветер кој полека ќе засилува на интензитет, во текот на ноќта и утре услови за провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска височина, особено во северната половина од државава. Максималните дневни температури од утре ќе бидат многу пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Разведрување на времето насекаде ќе има во текот на утрешната ноќ, токму поради ова и температурите на воздухот во вторник наутро ќе бидат насекаде негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на метеорологот Славчо Попоски тукa

Кожув повторно ја совлада Победа: Од црвено-белите со остра реакција за cyдењето на мечот

Фудбалерите на Победа го претрпеа вториот домашен пораз, седми во досегашниот тек од шампионатот.

Во продолжение официјално соопштение на ФК Победа по повод вчерашниот меч од 14-то коло во Втората лига – Исток.

Како и во мечот од првиот круг од шампионатот во Гевгелија, и вчера во Прилеп Кожуф ја совлада Победа со 2-1. Тоа беше меч во кој Победа не беше на висина на задачата, посебно во првиот дел, за во вториот дел впечатокот малку да се поправи, но недоволно за да се стигне до поволен резултат.

Големо влијание врз конечниот резултат имаше младиот охридски судија Фатмир Бафто и неговите помошници Горан Балески од Охрид и Марио Мојсоски од Струга.

Бафто не досуди два пенали за Победа-првиот врз Дебрешлиоски во 61-та минута, по ударот по нога од Манасиев, и вториот врз Гешоски, кој во 87-та минута беше фаулиран од Каракамишев.

Спорна е ситуацијата за офсајд и при вториот погодок на гостите за офсајд на Костадинов на страната на вториот помошник Мојсоски, по што Костадинов во 49-тата минута ја затресе домашната мрежа…а првиот помошник Балески на спротивната страна на вчудоневидување на сите на стадионот во последните моменти од мечот измисли офсајд спречувајќи го последниот обид на домашните…

Во целост гледано охридскиот судија, кој првпат судеше на Победа, се покажа како недораснат за еден меч, со доста дуел игра и особен интензитет, посебно во второто полувреме. Без осет за игра и нејзино пречесто сецкање со дување во свирчето, без чувство кога да се почитува, или да не се почитува предност за, во неколку ситуации со иритирачки реакции од домашната клупа на неговите одлуки, да не почитува предност, а со тоа спречи чисти ветувачки контранапади, наседнувајќи на симулации од искусните гостински играчи…

Победа млако и без доволно жар и интензитет влезе во мечот. Се играше во грч истегнато со пречести и несфатливи грешки, што на моменти предизвикуваше и разбирлива, но непотребна нервоза. Како и на сите останати мечеви на кои е затресена нашата мрежа и вчера првиот гол е примен од прекин.

Нафрлена топка од 40 метри на линија на 16-тникот, спуштена неколку метри внатре во казнениот простор, млако ја зафати Костадинов и со максимално прецизен удар, едвај тркалајќи се сепак заврши од стативата во нашата мрежа. И во оваа ситуација изостана кординација на нашите фудбалери и нивно поцврсто поставување, кога топката се упатува кон нашиот гол по прекин на игра. Во првиот дел единствената зрела прилика за Победа во 33-тата минута ја имаше Ангелески, по чиј продор гостинскиот голман Картов успеа да му влезе во шут и да ја сочува својата мрежа.

Во вториот дел се играше во висок ритам, со нагласена иницијатива на Победа. Со влегувањето во игра на искусните Гешоски и Дунимаглоски, креирани беа неколку убави шанси, а токму овие двајца фудбалери не ги искористија најубавите две шанси.

Дунимаглоски биеше крај голот во 50-тата, а Гешоски промаши зицер волеј во 51-та минута. Во нервозата создадена на теренот, по пристрасмата арбитража на езерската тројка, гевгеличани, кои се инаку добро прочуени по игра со посед, во последните 10-тина минути ја смнирија играта, не дозволувајќи нови атаци кон нивниот гол.

Почесниот погодок за Победа-прв сезонава-од пенал го постигна Гешоски во 93-тата минута, по прекршокот на Бејков врз Бошески.

Победа:Столевски, Бошески, Дамески, Петкоски (од 46 мин Дунимаглоски), Каралиоски, Дебрешлиоски (од 69 мин Кисески-Илиоски), Ангелески(од 75 мин Митрески), Стомнароски, Јошески (од 75 мин С.Спиркоски), С.Спиркоски (од 46 мин Гешоски) и Димоски.

Резултати 14 коло: Победа-Кожуф 1-2,Брегалница-Тиквеш 1-1, Кит-Го-Каменица Саса 0-0, Росоман-Плачковица 0-1 и Слога-Осогово 3-0.

Табела:Брегалница 36, Тиквеш 31, Кожуф 22, Слога 20, Кит-Го 19, Каменица Саса 16, Победа и Осогово по 13, Плачковица 10 и Росоман 8 бодови.

Во следното 15-тто коло во сабота на 5-тти декември ќе играат: Осогово-Победа, Плачковица-Саса, Брегалница-Кит-Го, Тиквеш-Слога и Кожуф-Росоман.

Шахпacка: Бpojoт на невpaботени го кpeнaa и нашинците кои ce вpaтиja од cтpaнcтво

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека поради пандемијата со ковид-19 околу 16 илјади граѓани ги изгувиме работните места, а не 40 илјади колку се шпекулира во јавноста.

Шахпаска во интервју за Радиото “Слободна Европа” објаснува дека 40 илјади е бројка на новорегистрирани невработени, не работници кои останале без работа заради пандемијата.

Според неа, бројот на невработени во земјата ја зголемува и враќањето на голем дел од иселениците, кои заради пандемијата изгубиле таму работа и сега се пријавуваат во Агенцијата за вработување.

„Единствена цел е да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи“, вели Шахпаска.

Целото интервју погледнете го ТУКА