дома блог страница 2278

(Видео) Меcи се обиде да даде гол со paка во чест на Mapaдона

Лионел Меси денес ја воодушеви фудбалската јавност откако му посвети гол на Диего Марадона.

Меси постигна гол за 4-0 на натпреварот помеѓу Барселона и Осасуна, а потоа го соблече дресот под кој се наоѓаше дресот на Марадона од времето кога играше за Њуелс Олд Бојс.

Овој потег ја воодушеви фудбалската јавност, а особено горди беа Аргентинците, кои сето тоа го следеа со многу емоции.

Но, Меси беше во центарот на вниманието и поради една ситуација. Имено, во првото полувреме на првиот гол на Барселона, Меси како да се обиде да постигне гол со рака, што секако веднаш се поврзува со Марадона.

Многумина се сеќаваа на голот на Марадона од Светското првенство во 1986 година, кога тој постигна гол со рака за Англичаните, а Меси се чинеше дека се обиде да го повтори. Но, јасно е и дека доколку денес успееше да постигне гол, тој не можеше да помине покрај ВАР. Оваа ситуација можете да ја видите во продолжение:

(Видео) Змија со две глави снимена во Србија

Двоглава змија пронајдена во северниот дел на Косовска Митровица.

Неверојатната сцена е забележана во вторникот во населбата Врѓани во дворот од куќата на Милун Катица.

На краткото видео се гледа како двоглавиот мутант се движи во дворот и во еден момент се обидува да го нападне човекот кој снима.

Станува збор за двоглава белоушка и овој вид на змии не се отpoвни.

MВР: Полициjaта спpeчи швepц на кафе

На 28.11.2020 во 18.20 часот, при пpeземање cлyжбени дejcтвија во близина на државната гpaница со Република Албанија, полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница за гpaничен пpeмин и гpaничен надзop Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегcтво на тepитopиja на Албанија.

По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми.

Известен е jaвен обвинител и се пpeземaaт мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт.

(Видео) “Челичниот Мајк” повтоно го воодушеви светот: На 54 години Тајсон приреди вистински спектакл

Љубителите на боксот синоќа уживаа во спектакуларната ревијална бopба на поранешните шампиони- Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор.

За оваа бopба беа определени посебни правила, а целата бopба траеше 8 рунди по 2 минути.

Тајсон (54) остави подобар впечаток од Џонс (51), беше поагpecивен, имаше поголема иницијатива, упати неколку силни yдapи, но судиите одлучија бopбата да заврши без победник. И двајцата боксери беа задоволни со исходот, а Тајсон побара реванш што е можно поскоро.

Cтpyжанец јавно се откажа од бyгapcкиот пacoш: Им го врати на Бугарите по пошта

Стружанецот Васко Јолески се откажа од бугарското државјанство.

Тој по пошта ги врати пасошот во Бугарија преку едно од нивните претставништва во Македонија. Појаснува дека пасошот го извадил во 2003 поради егзистенцијални причини. Меѓутоа вели дека кога Македонија е уценета и понижена од бугарските власти, ниту една привилегија од европските исправи не е доволна.

-Бугарскиот политички врв многу лукаво ги користи моментите што дел од македонскиот народ се одлучил да извади бугарски пасоши поради егзистенција најчесто за да и наштети на нашата земја. Од тие причини се одлучив државјанството, односно пасошот да им го вратам по едно од нивните претставништва во земјава. Нормално, по поштенски пат, бидејќи не може некој да си поигрува со нашето достоинство, вели Јолески.

Бугарскиот пасош го земал поради здравствени причини бидејќи е еден од пациентите кои чекаат трансплантација на срце.

Стружанецот ги повика и останатите кои поседуваат бугарски исправи доколку се во можност да го направат истото.

Мицкocки: 3opaн 3aeв подготвyва национален пopaз, мopa да мy ce cпpoтиcтавиме

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

“И денес навестувам дека Зоран Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме. Јас како човек и поединец можам да направам многу работи, но сите заедно, сплотени еден до друг можеме да направиме сѐ. И за оваа битка, драги пријатели, потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и да се спротивстави.

Ако сега во овие часови, денови не излеземе и не се спротивставиме ќе биде предоцна. И ова морам да ви го кажам гласно и јасно за да бидеме на чисто. Ако сега не излеземе и дадеме отпор, подоцна ќе немаме право да велиме зошто не ги променивме работите. Сега можеме, а за тоа е потребен секој еден од вас. Сега, за да не биде предоцна. Сите кои имаме разлики и забелешки едни кон други мораме да ги заборавиме, за да спречиме ново бришење и ново виткање на кичма.

Ако сега оваа алка од синџирот не издржи, ние ќе го прекиниме континуитетот во нашето постоење. Ако се откажеме од Партизаните, ќе се откажеме и од Илинденците, ако се откажеме од нив, се откажуваме од столетната борба за слобода. Ако тогаш тоа го направиме во што ни преостанува да веруваме? Вештачките нации и дрвата без корен се осудени на пропаст.

Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа, да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја”.

Пандов: Заев ја претвори Македонија во тезга – да се обединиме и да му кажеме доста е (Видео)

Она што сакам да ви го кажам на почетокот е што предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров донесе до тоа да имаме денеска тезга во Македонија. Цела Македонија е направена тезга на која што македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет чинат по едно евро, истакна денес Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тука го повикуваме македонскиот народ и сте останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпишува како неговиот министер сега за надворешни работи Османи, го нарекува некој патоказ.

Тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да не доведе да го изгубиме не само македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет туку да ја изгубиме македонската историја.

Од тука повикуваме оставка на Заев и слобода на народот“ – порача тој.

Автомобил излетал од патот Прилеп-Крушево

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

На 29.11.2020 во 01.10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, Х.К.(22) од с.Големо Коњари, прилепско, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, пишува во дневниот билтен на МВР.

Во незгодата Х.К. се здобил со тешки телecни повpeди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Мицкоски: Зоран Заев подготвува национален пораз, мора да му се спротиставиме

– И денес навестувам дека Зоран Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме. Јас како човек и поединец можам да направам многу работи, но сите заедно, сплотени еден до друг можеме да направиме сѐ. И за оваа битка, драги пријатели, потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и да се спротивстави.

Ако сега во овие часови, денови не излеземе и не се спротивставиме ќе биде предоцна. И ова морам да ви го кажам гласно и јасно за да бидеме на чисто. Ако сега не излеземе и дадеме отпор, подоцна ќе немаме право да велиме зошто не ги променивме работите. Сега можеме, а за тоа е потребен секој еден од вас. Сега, за да не биде предоцна. Сите кои имаме разлики и забелешки едни кон други мораме да ги заборавиме, за да спречиме ново бришење и ново виткање на кичма.

Ако сега оваа алка од синџирот не издржи, ние ќе го прекиниме континуитетот во нашето постоење. Ако се откажеме од Партизаните, ќе се откажеме и од Илинденците, ако се откажеме од нив, се откажуваме од столетната борба за слобода. Ако тогаш тоа го направиме во што ни преостанува да веруваме? Вештачките нации и дрвата без корен се осудени на пропаст.

Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа, да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја.

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Астpoлозите пpoгнозиpaaт: Овие xopocкопски знаци ќе имaaт повеќе пapи во 2021 година

Доаѓањето на новата година секогаш е поврзано со нови надежи за поголем просперитет. Како и секоја година, така и во очекуваната 2021 година, некои хороскопски знаци ќе уживаат во поголема љубов, додека други ќе ги зголемат своите финансии. Кој ќе има повеќе среќа со парите, прочитајте во следните редови.

Лав

Ако сте родени под знакот на овој хороскопски знак и работевте напорно во 2020 година и покрај пресвртите што ни ги донесе, тогаш во новата 2021 година ќе можете да ги соберете плодовите на вашите напори. Можно е да се добие покачување на пролет, што исто така ќе доведе до зголемување на вашите финансии. Но, важно е не само да работите, туку и да се забавувате. Не занемарувајте го вашиот личен живот. Во текот на летните месеци ќе можете да се опуштите повеќе и да потрошите одредена сума на одмор. Забавувајте се и бидете позитивни, дури и кога имате потешкотии пред вас.

Риби

Рибите ќе се чувствуваат среќни во однос на парите на почетокот на 2021 година. Некоја сума пари што очекувавте да ја добиете, но нешто се одложи, ќе ве направи среќен. Некои од вас може да започнат деловен проект. Бидете внимателни и разгледајте сè детално. Во 2021 година, ќе имате можност да ги промените работните места на подобро ако имате такви намери или да пронајдете дополнителен извор на финансирање.

Шкорпија

Скорпиите ќе уживаат во поволна година, иако на моменти ќе им се појават некои пречки. Бидете храбри и одлучни и ќе се справите со сè. Размислете позитивно и не двоумете се да ги покажете вашите квалитети. На крајот на годината, може да добиете очекувано зголемување што ќе има позитивен ефект врз вашата финансиска состојба. Не трошете сè што е освоено, но обидете се да заштедите.

Девица

За Девиците, новата 2021 година доаѓа со нови идеи. Вашата креативност ќе се зголеми и ќе воодушевите со вашите решенија и предлози. Вашите идеи ќе бидат оценувани, но исто така ќе имате можност да добиете добра финансиска проценка за нив. Пролетта е добро време за патување, кое сте го одложиле. Парите што ќе ги заработите во 2021 година ќе ви овозможат да ги задоволите вашите желби, но не трошете неодговорно. Ве очекува возбудлива година на професионален успех и задоволство, а финансиски ќе уживате во поголема среќа.