(Фото) Археолозите го открија домот од детството на Исус Христос

Еден британски археолог верува дека го пронашол домот од детството на Исус Христос во Назарет.

Професорот Кен Дарк вели дека има „цврсти докази“ дека го пронашол домот во кој живееле Исус, Марија и Јосиф, под еден од манастирите во израелскиот град.

Дарк потрошил 14 години во истражување на овој дел од Назарет.

Дарк за БиБиСи изјави: „Не отидов во Назарет за да ја најдам куќата на Исус, всушност правев истражување за историјата на градот како центар за аџилак на христијаните.

„Од писмените докази знаеме дека оваа црква во византискиот период била изградена на местото на домот на Исус и дека живеалиштето е зачувано во нејзините простории”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.