дома блог страница 2276

Повторно пocкапyвање: Еве по кои цени ќе се вози оваа недела

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе сепродава за 62,5 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,5 денари за литар и изнесуваат по 53 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,020 денари з акилограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,501 денар.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 7,367 отсто кај бензините и за 8,449 кај дизелот, како и за 0,323 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

(Фото) Овој човек го преживеал невозможното: Со часови се држел за трупот од неговиот потонат брод

Американецот Стјуарт Би (62) бил пронајден на околу 140 километри од Кејп Канаверал, како се држи за трупот од својот брод, еден ден откако било пријавено неговото исчезнување.

Бил забележан од еден транспортен брод, далеку од брегот на Флорида, на отворено море.

Стјуарт ја напуштил марината во Кејп во петокот, но откако не се вратил наредниот ден, било пријавено неговото исчезнување. Крајбрежната стража потоа ја започнала потрагата.

“Спасувањето на животи е нашата работа. За среќа, се заврши добро”, вели капетанот Марк Влон и им се заблагодари на сите кои учествуваа во акцијата.

Xapи Локвенeц 10 дена откако беше назначен за диpeктop: “До 2025 ќе биде готова железницата до Бугapиja”

Хари Локвенец десет дена откако беше назначен за директор за Македонски железници – Инфраструктура вели дека претпријатието не трпи притисоци наметнати од бугарска страна за побрза изградба и поврзување и прогнозира дека тоа ќе биде остварливо до 2025.

Особено потребна е интензивна работа на фазите Крива Паланка – Бељаковце и Бељаковце – бугарска граница, а поранешниот пратеник од редовите на СДСМ вели дека нема зададени рокови од бугарска страна.

– Нема притисок, а за самите нас врвен приоритет е да се обезбеди поквалитетен транспорт и на луѓе и на материјални добра. Притисок нема, но има соработка. Со бугарската страна заеднички работиме на тунел за поврзување со формирана билатернална работна група на техничко ниво. Состаноците се сведени на минимум само поради Ковид-19, рече Локвенец во вестите на Сител.
Фирмата изведувач претходно се откажа од проектот, а новите тендери за трите фази ќе се објават следната година. МЖ Инфраструктура средствата ги има обезбедено, главно преку меѓународни кредитори.

На железничкото поврзување со Бугарија се работи 30 години.

Конкypc за ocyм нови државни cлyжбеници во општина Прилеп – вие скенирајте фискални и аплаудирајте

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 229/2020 за вработување на 8 државни службеници од група I, подгрупа I во Општина Прилеп за следните работни места

1. УПР0101В01000 Советник за планирање и спроведување на постапките за донесување на ДУП и ГУП, Одделение за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина (1) извршител(и)

2. УПР0101В01000 Советник за водење на постапки кои се однесуваат на управување, располагање, администрирање, евиденција на недвижен имот во сопственост на општината, Одделение за управување, располагање, администрирање, евиденција на недвижен имот во сопственост на општината, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина (1) извршител(и)

3. УПР0101В02000 Виш соработник за односи до јавност и информирање, Одделение за контакт со граѓаните, невладините организации, облиците на месна самоуправа, информирање, правна помош, предлози и претставки, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности (1) извршител(и)

4. УПР0101В02000 Виш соработник – Ревизор, Одделение за внатрешна ревизија (1) извршител(и)

5. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за внатрешна ревизија (1) извршител(и)

6. УПР0101Г01000 Самостоен референт – Комунален редар, Одделение за комунална, урбанистичка, градежна и сообраќајна инспекција, Сектор инспекторат (1) извршител(и)

7. УПР0101Г04000 Помлад референт за административни работи, прибирање и обработка на податоци, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања (1) извршител(и)

8. УПР0101В03000 Соработник за административно-техничка поддршка на Комисиите за јавни набавки како и органите кои администрираат со движниот имот во сопственост на општината, Одделение за јавни набавки и администрирање со движниот имот во сопственост на општината, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности (1) извршител(и)

Огласите подетално можете да ги погледнете ТУКА

Изгope плевна со тутун во прилепско

Увид извршен од увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 29.11.2020 околу 14.20 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во с.Чаниште, прилепско, настанал пожap во плевна, сопственост на С.С.(69) од Прилеп, при што биле опожapeни бали тутун, пишува во дневниот билтен на МВР.

Повpeдени лица нема, а пожapoт бил изгаснат од екипа на Пpoтивпожapна единица Прилеп. Увид извршен од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Eypoкомпозитци повторно на пpoтecт: Во новиот бyџет нема cтавка за исплата на зaocтанатите придонecи

Поранешните вработени на прилепски „Еурокомпозит“ денеска го блокираа патниот правец Прилеп-Плетвар на излезот од градот и протестираа, револтирани зашто официјално им било кажано дека за исплата на заостанатите придонеси нема предвидена ставка во буџетот за наредната година, иако за исплатата има законско решение, донесено од Парламентот пред една година.

Цветан Бунтески од одборот на поранешните вработени вели дека револтот кај работниците е голем, нивната голгота е долга, а нема крај.

– Дефинитивно, ни рекоа, дека во новиот буџет нема ставка за нас, ниту за исплатата на придонесите. Нема ниту од најавите дека ќе се продава фирмата за да бидеме исплатени. Оваа наша голгота нема крај. Ни преостанува еднаш до двапати неделно да протестираме, а за среда да протестираме пред Владата, вели Бунтески.

Пеце Велјаноски од Одборот смета дека има шанса, со заложба на пратениците дури не е донесен буџетот за 2021 година, да се заземат со некој амандман за да им се исплатат догодина придонесите. Станува збор за околу 2,8 милиони евра за 320 работници за заостанати придонеси за 6,5 години.

– Законско решение имаме од пред една година што го донесе Парламентот. Апелирам до прилепските и до другите пратеници да се заложат за нас, да се предложи некој амандман за да има можност догодина да ни се платат придонесите, оти, дефинитивно ставка за тоа не е предвидена. Инаку, нам ни преостанува, во почетокот на јануари да ја тужиме државата за неспроведување закон. Правните аргументи се на наша страна, изјави Велјаноски.

Работниците од „Еурокомпозит“ најавуваат и други протести.

Али Axмети cтана почeceн доктop на Teтовcкиот yнивepзитет

Државниот универзитет на Тетово му додели признание почесен „Доктор Хонорис Кауса“ на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави Наставно-научниот совет на правниот факултет.

„Согласно член 184 од Законот за високо образование на Република Северна Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. Д-р Вулнет Амети за доделување на титулата Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети“ гласи во соопштението.

(Видео) Нов домашен миленик: Волк влегол во купатилото и заспал во кадата

Волк влегол во семејна куќа во општина Дечани, Косово, пред неколку дена.

Волкот влегол низ влезната врата, а потоа преку скалите се качил на вториот спрат без да биде забележан.

Потоа се сместил во купатилото, каде според зборовите на семејството, неколку часа спиел во кадата.

– Знам дека во Европа ќе го избркаа со пyшka или со инјекција, но јас ги отстранувам на природен начин, вели локалниот “крал на волците”.

Животното било ослободено во планината.

“Полицajката со пajaкот” после 18 години ја напушти работата: “МВР е xaoc, го водат лигyши и кpиминалци”

Полициската службеничка Јасмина Ангелеска која во јавноста стана позната по инцидентот кој го имаше со висок функционер на ДУИ, кога со пајак возило се обидуваше да го отстрани неговиот автомобил, денеска на социјалните мрежи објави дека си заминува од полициjaта.

“Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу ја сакав и ја носев 18 години. Ајде да ја решиме дилемата, мојот стаж во МВР заврши.

Јас повеќе не се пронаоѓав таму. Ми нанесоа неправди, зошто така се чуствуваа дека треба старешини во МВР (очигледно на некого не сум му се насмеала ?) а не зошто јас придонесов со моето работење.

Тие старешини за мене ќе останат партиски послушници кои се на позициите пред се за личен интерес а и за пред луѓе, комшии, пријатели,да си ги излечат комплексите кои им се на високо ниво. Да не навлегувам околу Нив, ќе треба мн да се пишува, има Господ за Нив, нема да ги заборави, што кројат туѓи судбини само за покажување на моќ, а не се свесни колку се немоќни, мизерни, неспособни, неписмени, неподобни.

Со години покажуваат сила врз работниците и професионалците на штета на МВР а како што пишав хранејќи си го гладното, мизерно его, а во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови. За жал, и тие некои што сакавме да работиме не ни дозволија, секоја наша постапка законска и секој успех беше дали ќе ми се одрази во кариерата или во најмала рака дали ќе ме пратат на дисциплинска каде повеќе од виш инспектор не седнал таму, зошто другите не грешат,”писмени се”? А и тие на таа дисциплинска се началници и старешини, судот на МВР. Кога ќе видиш, истиот те тужи, истиот ти суди.

Тој систем повеќе неможам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте.Не е голема работа дека јас сум си заминала, се ќе биде исто и без мене, се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму, ама друго ме плаши, самото незадоволство од сите вработени во министерството кои вложуваат ,постапуваат, работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството, недовербата на граѓаните од полицијата.

Дојде ред да си заминеш од онаму каде се ти е познато, каде се твоите намили,каде си стварал,каде си се родил за да одиш некаде само затоа што трудот и работата се гледа и цени. На сите колеги им посакувам успешна кариера и многу од нив ќе ми недостасуваат. Господ да е секогаш и секаде со вас и да ве штити, па се гледаме во подобри времиња.

Знам голем е текстот ама ова е во кратки црти,можам уште мн да пишувам”.

Tрамп даде интервjy во живо: “Избopите се намecтени, cyдиите не caкаат да се мешaaт”

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју во живо за „Фокс Бизнис Њуз“, при што ги повтори обвинувања за изборни измами.

Во телефонскиот разговор, во траење од околу 45 минути, Трамп и вели на водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо, дека изборите биле наместени и „целосна измама“, но дека судиите не сакале да се мешаат.

Трамп го искористи интервјуто за да ги повтори обвинувањата за широко распространета изборна измама, што беа отфрлени од голем број судии.

Сепак, Трамп изрази сомнеж дали Врховниот суд би сакал да разгледа жалба за кој било случај што го застапува неговиот тим.

-Треба да дејствуваме многу брзо – изјави Трамп, но не даде датум до кога ќе ги смета своите опции исцрпени.