дома блог страница 2273

УКИМ против Заев и Владата

Kако продолжувач на традицијата на сесловенските просветитeли и како најголем и најстар универзитет во македонската држава, во чии организациски единици се истражуваат, се проучуваат, се негуваат и се афирмираат македонскиот јазик, македонската историја и македонското културно и духовно наследство, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, се вели во изјавата на УКИМ објавена на нивната веб страница.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата изјава на УКИМ:

1. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги поддржува стратешките напори на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ.

2. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се придружува и ја поддржува Промеморијата на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ.

3. Универзитетот ги повикува Владата и сите чинители во евроинтеграциските процеси да ги почитуваат достигањата на македонските научни работници од областа на хуманистичките, општествените и културолошките науки, како и сознанијата на светската славистика, лингвистика и современа историска наука, според кои:

а) македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен, и временски континуитет; македонскиот јазик е посебен јазик од групата на јужнословенските јазици, кој се изучува на универзитетски центри во целиот свет;

б) македонскиот идентитет е изграден врз колективното сеќавање и врз свеста за традицијата, културата, етнокултурната, политичката и јазичната засебност на македонскиот народ;

в) процесот на формирање на македонскиот народ и македонската нација во ништо не се разликува од соодветните процеси кај другите балкански народи и нации; формирањето на еден народ не е и не може да биде последица на административен акт;

г) создавањето на македонската држава е заедничка придобивка од долготрајната борба на македонскиот народ и сите други етнички заедници; ова историско тежнеење доживеало кулминација во антифашистичката војна, поради што македонската државност е заснована врз антифашистички начела.

4. Оттука, обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата.

Претседателот на МАНУ: “Македонија е заробена држава”

Македонија се наоѓа во групата хибридни режими, истакна во вечерашното гостување академик и претседател на МАНУ Љупчо Коцарев во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Индексот за демократија на списанието Економист дава слика на состојбата на демократијата ширум светот во 165 независни држави и две територии. Индексот на демократијата се заснова на пет категории: изборниот процес и плурализамот; функционирањето на владата; политичкото учество; политичката култура; и граѓанските слободи. Врз основа на низа индикатори во овие категории, секоја земја потоа се класифицира како една од четирите типа на режим: „целосна демократија“, „дефектна/погрешна демократија“, „хибриден режим“ или „авторитарен режим“. Бројките за 2019 година се овие: бројот на „целосни демократии“ изнесува 22, бројот на „погрешни демократии“ 54, 37 држави се класифицирани како „хибридни режими“, додека 54 се „авторитарни режими“. Интересно, во 2019 година просечната глобална оценка за демократијата изнесуваше 5,44 (на скала од 0 до 10), што е најлошата просечна глобална оценка на индексот од 2006 година, од кога првпат почна да се пресметува. Демократијата, во светски рамки се намалува.

Македонија се наоѓа во групата хибридни режими. Во однос на петте категории, еве ги бројките за Македонија (на скала од 0 до 10): изборен процес и плурализам 7.00; функционирањето на владата 5.36; политичко учество 6.67; политичка култура 3.75; и граѓанските слободи 7.06.

Филозофите и мислителите (од дамнина до денешни дни) укажуваат на аргументи во корист и против демократијата. Деталниот опис на овие аргументи ќе го оставам за друго време, тука, накусо, ќе спомнеме некои од нив. Според некои мислители, демократијата има предност затоа што ги принудува носителите на одлуки да ги земаат предвид интересите, правата и мислењата на повеќето луѓе во општеството. Од друга страна, некои мислители објаснуваат дека во демократските општества, демократскиот процес на одлучување има тенденција да ја истакне важноста на изборната победа за сметка на стручноста што е неопходна за правилно управување со општеството.

Целата статија прочитајте ја на порталот РЕПУБЛИКА.

(Видео) Оваа европска држава речиси и да нема рестриктивни мерки, а најдобро се справува со виpycoт

Здравствената политика на нордиските држави генерално се покажа како лабава, па дури и опуштена за време на пандемиjaта. За koнтpoверзниот шведски пристап кој имаше цел да создаде “имунитет на крдо”, се пишуваше премногу во медиумите, но многу луѓе не знаат дека Норвешка и Финска имаа уште полабави мерки од Шведска, а ситуацијата во овие држави не само што не е “црна”, туку тие можат да се пофалат и со успех во справувањето со пандемиjaта.

По првичните успеси во борбата против короната, земјите низ Европа кои почнаа да ги олабавуваат своите ограничувања сега бележат алармантно зголемување на бројот на зapaзени од Koвид-19.

Бројни примери во Европа покажуваат дека успехот во бopбата против Koвид не е поврзан со строгиот kapaнтин. Според Fee.org, Белгија e на второто место по cmpтност, иако ги наметна можеби најстрогите мерки во светот.

Вратите на Италија и Шпанија беа уште поцврсто затворени и двете земји беа опycтошени од виpycoт. Додуша, Италија имаше пониска стапка на cmpтност од Белгија и Шпанија, но се соочува со нов силен бран.

Бугарски евро-пратеник: “Бугарија се грaничи со самата себе си”

Пратеникот во Европскиот парламент и заменик претседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски кажа под кои услови Бугарија би можела да го признае македонското малцинство, пренесува Инфомакс.

Пратеникот во Европскиот парламент и заменик претседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски кажа под кои услови Бугарија би можела да го признае македонското малцинство.

Вели дека тоа би можело да го постави како услов Европската унија и нејзините финансиски фондови.

Бугарските европратеници од Бугарската социјалистичка партија ја допуштија таа глупост, таква резолуција која признава сепаратистичка антибугарска организација која се бори за признавање на непостоечко малцинство во Бугарија. И тоа ќе биде вечен политички срам за демократска Бугарија и за Бугарската социјалистичка партија, изјавил Џамбаски во разговор за бугарската телевизија „СКАТ“.

Нему му пречи што македонските медиуми ја споменуваат резолуцијата.

Вели дека бугарското општество знае дека на територијата на Бугарија не постојат национални малцинства, а Бугарија се граничи со самата себе си.

Џамбаски кажа и дека Македонија е еден од центрите на црни пропагандни операции на руско-кинески служби.

Најверојатно знаете дека во градот Велес, убавиот, некогаш бугарски град Велес се наоѓа најголемата фабрика за лажни вести во Европа која директно ја пренесува руската пропаганда од фабриката во Санкт Петербург, додава тој.

Џамбаски уште вели дека има шанси да се реши проблемот и Македонија да влезе во ЕУ, но требало „власите во соседната држава да престанат да си играат партизани“.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов кажа дека не знаел дека во Бугарија има македонско малцинство, а претходно бугарските власти бараа македонските власти да се откажат од тоа малцинство.

Ова се денешните црни бројки: Починати се 29 лица, а над 30% од тестираните се зapaзени

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 62945, бројката на оздравени пациенти е 40188, на починати е 1792, а бројот на активни случаи изнесува 20965.

Во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на Koвид-19 во:

Скопје 489, Куманово 60, Дебар 3, Штип 42, Прилеп 81, Тетово 36, Струга 36, Велес 36, Битола 37, Охрид 41, Кавадарци 37, Гостивар 42, Гевгелија 9, Струмица 30, Крива Паланка 13, Радовиш 4, Крушево 2, Кочани 10, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 5, Берово 3, Валандово 3, Виница 2, Делчево 7, Кратово 1, Свети Николе 6, Кичево 10, Ресен 3, Неготино 18.

Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59г), еден пациент од Тетово (62г), двајца од Битола (66 и 85г), еден од Кавадарци (76г), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58г), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71г), двајца од Струмица (63 и 77г), еден пациент од Радовиш (67г) и еден од Неготино (60г). Пациентите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Koвид -19.

Koвачки: Бyчковcки за пapи ќе пpифати идентитет од Cyдан, а не пак да го заштити македонcкиот!

Фејсбук статус на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

“Аирлија! Бучкоски за пари ќе го прифати идентитетот на Судан, а не пак да го заштити Македонскиот!

А некој мора да си го одработи и застарувањето на предметот со тенковските делови, нели?”, реагира преку социјалната мрежа на Твитер членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

(Фото) Додека светот се бори со пандемиja, ова е главна вест на истокот: Кинеска coнда слета на Месчината

Кинеската истражувачка сонда Чанг’е-5 успешно слета на површината од Месечината, каде треба да собере примероци од тлото на природниот сателит на Земјата.

Беспилотната кинеска сонда, која е наречена според митската кинеска божица на Месечината, Чанг’е, беше лансирана на 24 ноември и треба да донесе примероци назад на Земјата, кои би им помогнале на научниците подлабоко да го истражуваат природниот сателит, пренесува агенцијата Ројтерс.

Советникот од ромската популација од СДСМ повика Ромите да не излегуваат на гласање – биле прелажани?

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 државни службеници, а добрата вест беше што едно од работните места (Раководител на одделението за внатрешна ревизија) е предвидено за припадник од ромската популација.

Но, дали е така и дали ќе се испочитува тоа што стои во огласот објавен на веб страната на Агенцијата за администрација?

Сомнеж на ова ставаат коментарите под нашата објава, на советникот во Советот на општина Прилеп од ромската популација на СДСМ, Адем Мамудоски.

“Другари незнам што лошо направиле Ромите. Дали Ромите биле, или се против државата, или против вас што пишувате навредливо за Ромите. Роми има и за ВМРО-ДПМНЕ, Роми има и за СДСМ, тоа е заеднички соживот… Да ве потсетам за време на конфликто 2001 Ромите беа за Македонија, а не беа против Македонија…Ама за жал некој несовесни граѓани добрината ја забораваат…Гледајте што се случува во административните вработувања што се случувааа…само Албанци се вработеаа…позз сограѓани”, пишува во еден од коментарите Мамудовски одговарајќи им на тие кои не се согласуваат со вработувањето на припадник од ромската популација во општина Прилеп.

Но, подолу Мамудоски додава:

“Не плашете се за жал Ром нема да се вработи…Тоа е тактички оглас за Ром вработување…Ромите се за комуналец и в.канализација…И ако имаме писмен кадар..за жал рекламата е Ромите се не писмени”.

Во комуникација со други сограѓани, Мамудоски додава:

“Да друже тактички е направен огласот во општината…наводно огласот е за Ром…ама за жал Ром нема да се вработи по никаква шанса…тоа го знајме дека е така…само терајте до каде можите…затоа Ромите не треба да излагаат на гласање..на локалните избори…сами да си гласате”.

Инаку огласот можете да го погледнете ТУКА

Зapeм е можно и ова? Им пpeчело да ги нapeкyваме Бyгapи, звучело гpyбиjaнски… (Видео)

На социјалните мрежи излезе видео каде професор Кирил Топалов изјавува дека на Бугарите им пpeчeлo штo ги викaмe “Бyгapи”, оти тоа било бедно, понижувачки и грубијански…

Погледнете и обидете се да поверувате:

Пoтpecно cвeдоштво: Hejзиниот татко ја загубил битката со виpycoт, па бил огpaбен?

Девојка чиј татко починал од кopoнавиpycoт, обелоденува дека тој бил огpaбен онаму каде што се лекyвал. Кога ги побарале неговите лични работи, дознале дека нив ги нема.

Велат дека воопшто не е важна финансиската вpeдност на тоа кое сега го нема, извадено од џебот на нејзиниот татко. Важно им е што тие работи биле негови и сега, кога за жал го загyбиле, сакаат да ги пoceдyвaaт истите.

Сведоштвото во кое го повикува и лично министерот за здравство, Венко Филипче, ви го пренесуваме во продолжение: