Poм ќе биде внатpeшен peвизop во општина Пpилеп: Одличен потег на локалната

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 државни службеници, од кои едно работно место е резервирано за припадник на ромската популација. Ова е одличен потег кон интеграција на нашите сограѓани и ретко добар потег кога општина Прилеп е во прашање.

Работното место е Раководител на одделението за внатрешна ревизија. За заинтересираните кои сакаат да аплицираат, ова се условите:

Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски или Правни науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување

Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Дополнителни услови: најмалку 3 (три) години работно искуство во областа на внатрешна или надворешна ревизија

Паричен нето износ на плата: 29.670,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Ром(ка) 1.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.