дома блог страница 2272

Позитив на дeнот: 94-годишниот cветcки познат композитop ja изведyва “Moonlight Sonata” од Бeтoвeн (Bидео)

Филип Спрингер е американски композитор роден во 1926 година, а на светот му е познат по Божиќната композиција “Santa Baby”.

Во неговата музичка кариера која трае повеќе од 70 години, Спрингер има компонирано над 540 музички творби, вклучувајќи композиции за голем број познати изведувачи.

Тој се уште пишува по околу 35 песни секоја година, а веќе е во 94 година од животот.

Видеото каде тој ја изведува познатата “Moonlight Sonata” од Бетовен, стана вирално на социјалните мрежи.

Погледнете со каква емоција, иако во длабока старост, свири познатиот композитор:

Конечно: Ова е првата земја што ја одобри вakцината на Фајзер против кopoна виpyc

Велика Британија вчера стана првата држава во светот која ја одобри употребата на вakцина против кopoнавиpycoт од компанијата Фајзер.

“Владата денес ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вakцината од компаниите Фајзер и Бионтек”, соопштуваат од британската влада, пренесува Ројтерс.

Британскиот здравствен комитет ќе одлучи кои се приоритетните групи кои први ќе бидат вakцинирани, а тука спаѓаат луѓето од домовите за нега на стари и немоќни, здравствените работници и старите Британци кои патат од хpoнични болecти.

Британските власти соопштија дека итното одобрување за примената на вakцината од Фајзер е “историски момент” во бopбата против епидемиjaта.

“Online” јога со Фросина: Променете го стилот на живеење и посветете го вистинското внимание на вашето тело

Јогата е многу повеќе од позиции на телото. Практикувањето јога може да придонесе за подобро ментално и физичко здравје. Во своите рамки оваа дисциплина вклучува физичка и спиритуална пракса, па така делува на сите нивоа од нашето постоење.

Фросина Димоска од Прилеп за прв пат започнала да ја практикува јогата пред две години, а сега ова е нејзин начин на живот и професија. Освен што посветува време на “self development”, Фросина постојано ги едуцира своите следбеници на социјалните мрежи за тоа колку е важно да се посвети внимание на сопственото тело, но и кои се ефектите од вежбањето јога.

– Постојано сум активна и сакам да откривам нови работи , па така сосема спонтано започнав со јогата, а сега еве веќе интензивно вежбам две години.

– Јога започнав да вежбам на “Youtube” каде што и ден денес вежбам со истата инструкторка паралелно со онлајн часовите кои што ги посетувам редовно.

– Средбата беше буквално љубов на прв поглед веднаш знаев дека цел живот ќе вежбам јога. После секој тренинг се чувствувам како нова личност. Јогата ми го дава потребниот мир и спокој, а да не зборувам и за физичките придобивки од истата меѓу кои се флексибилност, сила баланс и слично.

Информациите и условите за да закажете “Online” час со Фросина можете да ги добиете на нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм.

Исто така можете да ја добиете и на e-mail: [email protected]

Стевананџија до Царовска: Професорите со калорифери од дома, по 40 yмиpaaт дневно, а тие тераат кампања

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека додека умиpaaт 40 луѓе дневно и професорите работат со калорифери од дома, власта и министерката за образование и наука тераат политичка кампања.

-Професорите одат на работа со КАЛОРИФЕРИ ОД ДОМА! По 40 луѓе умираат дневно. Тутунот 120 денари.
Набавка за сол од 7 милиони евра распиша Македонија пат.
А тие кампања тераат!
#лименкариМОЛК, стои во неговиот пост на Фејсбук.

(Видео) Нашиот преговарач со Бугарија: “Неспорно е дека бугарскиот народ е постар од македонскиот. Ние имаме заедничка историја, а комунизмот не одделил”

Екс премиерот на Македонија и официјален преговарач со Бугарија назначен од Владата на Зоран Заев продолжува да ги шири ckaндалозните тези на премиерот во Бугарските медиуми. Владо Бучковски во интервју за бугарска телевизија вели дека Македонците постојат од 44-та, а Бугарите дека се постар народ и нација од Македонците. Според него Македонците и Бугарите говорат ист јазик.

-Според мое мислење ако се тргне од Договорот со Бугарија, официјално ние прифаќаме дека сме имале заедничка историја. И тоа е непобитен факт, но тврдењето дека ние всушност сме еден народ во две држави во овој момент во Република Македонија ако се тера таа теза ќе направи повеќе штета отколку корист. Јас сум приврзаник на оние кои што не се мнозинството. Од 1944-та до 91-ва силната пропаганда која беше на дело ги оддалечи природните сојузници, Македонците и Бугарите. Неспорно е дека имаме заедничка историја, неспорно е дека бугарската нација, бугарскиот народ е создаден пред македонскиот. Неспорно е дека тоа е официјален став и на Бугарија, дека нема проблем со создавањето на македонската нација од 1944-та година, историчарите да излезат од рамките на она што беше историографија во времето на комунизмот.

Прилеп вечерва повтopно на пpoтecт: “Донесоа само пopaзи и неуспеси, Зоран Заев и СДСМ мора да си одат”

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (02.12.2020) во 15:00 часот да се прикличат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот. Протестот во Прилеп ќе започне од пред споменикот “Прилепски бранители” (хотел Липа).

-Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси.

Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.
Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Boзиш, возиш и oп…ШПИЦ! (Фото)

Кога дефектите би се решавале за еден ден, ова немаше да биде Прилеп и Македонија, туку Швајцарија на балканите…

Шалата настрана, внимавајте низ градов, особено навечер…

Apмиjaта упати отворено пиcмо до државниот врв: “Ни ја менувате иcтopиjaта, ни ги pacпpoдавате xepoите, има ли крај?”

Oтвореното писмо до државното раководство од припадниците на Армијата

Почитувани Претседател, Премиер, Министер за одбрана,

Ние, како припадници на АРМ, цениме дека ова писмо треба да почне со заклетвата:

„Се колнам дека ќе ги бранам слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувам обврските и должностите како бранител на мојата татковина Република Македонија и ќе се борам за нејзината слобода и чест!“

Заклетва која сите припадници на Армијата на Република Македонија, почнувајќи од осамостојувањето во 1991 година па се до денес, ја даваат кога ќе ја облечат униформата и ќе стапат на служба во АРМ.

Заклетва која, Ние, припадниците на АРМ, кога ја даваме се колнеме на Македонија, без разлика дали претседател е Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски или Стево Пендаровски. Без разлика дали премиер е Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски, Хари Костов, Никола Груевски, Емил Димитриев, Оливер Спасовски или Зоран Заев. Без разлика дали министер е Трајан Гоцевски, Владо Поповски, Благој Ханџиски, Никола Кљусев, Лазар Китановски, Љубен Пауновски, Владо Бучковски, Лазар Еленовски, Јован Манасијевски, Зоран Коњановски, Фатмир Бесими, Талат Џафери, Зоран Јолевски или Радмила Шекеринска.

Без разлика дали Вие сте од СДСМ, ВМРО, ДУИ, ЛДП, ДПА, или било која друга политичка партија. Без разлика дали Вие како Премиер, Претседател или Министер сте Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав,….. Без разлика дали сте православен, муслиман, католик, протестант,….. Без разлика на сите можни поделби по кои можеме да се делиме и да бидеме различни меѓу себе, Ние се колнеме на Македонија.

(нека ни простат сите оние кои ненамерно не се спомнати, меѓутоа целта на писмото не е да набројуваме.)

Вие, претседателите, премиерите, министрите, исто така давате свечени заклетви и изјави кога ќе стапите на функциите и должностите кои ги извршувате. И Вие, како и Ние, се колнете и изјавувате дека функциите ќе ги извршувате совесно и одговорно, ќе ги почитувате Уставот и законите, ќе ги штитите територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Република Македонија. Изјавувате дека ќе работите во интерес на граѓаните и за доброто на земјата. Кажувате дека ќе ја оправдате довербата која Ви ја дал НАРОДОТ.

Значи, да заклучиме до овде: и Ние и Вие, сите се колнеме дека ќе ги правиме истите работи за Македонија, секој од својата функција, должност, позиција, во склад со своите надлежности, своите можности…

Меѓутоа, во последно време Вие направивте чекори и постапки кои раѓаат сомнеж кај многумина од Нас. Ни го сменивте името на државата, ни ја зедовте Македонија од униформата и ни забранивте да ја носиме, не разоружувате од оружјето и орудијата кои имаат респективна огнена моќ, ни ги „трансформирате“ специјалните и тенковските единици, ни наметнувате да градиме капацитети само како лесна пешадија, ни ги приземјувате воздухопловите…

Но, најважно е дека ни ја менувате историјата (а не сакате да ги слушате историчарите), ни ги распродавате хероите кај соседите, се обидувате да го продадете јазикот, идентитетот,… Што ќе биде следно? Религијата, територијата,…? Има ли крај?

Сето ова не тера да се посомневаме дека Вие како да не ги почитувате заклетвите и изјавите кои свечено ги дадовте и потпишавте. Мислиме дека не ги извршувате Вашите обврски и должности за да ги заштитите интересите на Македонија и дека искрено работите во интерес на граѓаните и татковината. Црвот на сомнежот сé повеќе ги разјадува нашите убедувања дека Вашите намери за живот во мир и благосостојба на народот во Македонија се чесни и искрени. Вие не сте искрени и не ја говорите вистината.

Не ви го прифаќаме понижувањето со тоа дека бугарската фашистичка окупација била администрација, а нашата министерка Шекеринска дури и кажува дека треба да ја заборавиме историјата. НЕ!

Тоа така не може! Ние во АРМ за наш ден го имаме 18 Август, свет ден кога во Втората Светска Војна 1943 година е формиран македонскиот антифашистички баталјон “Мирче Ацев”. Министерке, тоа не може да ни го негирате, не можете да ни ги негирате традициите од војната во која Македонците се бореле против бугарскиот фашистички окупатор.

Затоа, Ве молиме, за доброто на сите: Уште еднаш размислете пред да ги донесете крајните одлуки и да преземете чекори кои може се штетни за македонските национални интереси. Размислете дали вреди да тргнеме по патот од кој нема враќање?
Вие сте политичари, ние сме војници! Вие доаѓате и си одите, ние остануваме! Со нас останува и НАРОДОТ! Немојте да нé тестирате до каде ни е прагот на толеранција!

Едноставно е, разберете нé! Ние не можеме да да молчиме додека Вие ја предавате и продавате Македонија! Стоп за распродажбата ВЕДНАШ!

П.С. Не нé барајте преку службите, доволно нé има, од сите чинови, должности и од сите единици.

Со почит,

Ние, припадниците на АРМ…, се вели во отвореното писмо до државното раководство од припадниците на Армијата

УКИМ против Заев и Владата

Kако продолжувач на традицијата на сесловенските просветитeли и како најголем и најстар универзитет во македонската држава, во чии организациски единици се истражуваат, се проучуваат, се негуваат и се афирмираат македонскиот јазик, македонската историја и македонското културно и духовно наследство, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, се вели во изјавата на УКИМ објавена на нивната веб страница.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата изјава на УКИМ:

1. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги поддржува стратешките напори на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ.

2. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се придружува и ја поддржува Промеморијата на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ.

3. Универзитетот ги повикува Владата и сите чинители во евроинтеграциските процеси да ги почитуваат достигањата на македонските научни работници од областа на хуманистичките, општествените и културолошките науки, како и сознанијата на светската славистика, лингвистика и современа историска наука, според кои:

а) македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен, и временски континуитет; македонскиот јазик е посебен јазик од групата на јужнословенските јазици, кој се изучува на универзитетски центри во целиот свет;

б) македонскиот идентитет е изграден врз колективното сеќавање и врз свеста за традицијата, културата, етнокултурната, политичката и јазичната засебност на македонскиот народ;

в) процесот на формирање на македонскиот народ и македонската нација во ништо не се разликува од соодветните процеси кај другите балкански народи и нации; формирањето на еден народ не е и не може да биде последица на административен акт;

г) создавањето на македонската држава е заедничка придобивка од долготрајната борба на македонскиот народ и сите други етнички заедници; ова историско тежнеење доживеало кулминација во антифашистичката војна, поради што македонската државност е заснована врз антифашистички начела.

4. Оттука, обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата.

Претседателот на МАНУ: “Македонија е заробена држава”

Македонија се наоѓа во групата хибридни режими, истакна во вечерашното гостување академик и претседател на МАНУ Љупчо Коцарев во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Индексот за демократија на списанието Економист дава слика на состојбата на демократијата ширум светот во 165 независни држави и две територии. Индексот на демократијата се заснова на пет категории: изборниот процес и плурализамот; функционирањето на владата; политичкото учество; политичката култура; и граѓанските слободи. Врз основа на низа индикатори во овие категории, секоја земја потоа се класифицира како една од четирите типа на режим: „целосна демократија“, „дефектна/погрешна демократија“, „хибриден режим“ или „авторитарен режим“. Бројките за 2019 година се овие: бројот на „целосни демократии“ изнесува 22, бројот на „погрешни демократии“ 54, 37 држави се класифицирани како „хибридни режими“, додека 54 се „авторитарни режими“. Интересно, во 2019 година просечната глобална оценка за демократијата изнесуваше 5,44 (на скала од 0 до 10), што е најлошата просечна глобална оценка на индексот од 2006 година, од кога првпат почна да се пресметува. Демократијата, во светски рамки се намалува.

Македонија се наоѓа во групата хибридни режими. Во однос на петте категории, еве ги бројките за Македонија (на скала од 0 до 10): изборен процес и плурализам 7.00; функционирањето на владата 5.36; политичко учество 6.67; политичка култура 3.75; и граѓанските слободи 7.06.

Филозофите и мислителите (од дамнина до денешни дни) укажуваат на аргументи во корист и против демократијата. Деталниот опис на овие аргументи ќе го оставам за друго време, тука, накусо, ќе спомнеме некои од нив. Според некои мислители, демократијата има предност затоа што ги принудува носителите на одлуки да ги земаат предвид интересите, правата и мислењата на повеќето луѓе во општеството. Од друга страна, некои мислители објаснуваат дека во демократските општества, демократскиот процес на одлучување има тенденција да ја истакне важноста на изборната победа за сметка на стручноста што е неопходна за правилно управување со општеството.

Целата статија прочитајте ја на порталот РЕПУБЛИКА.