дома блог страница 2274

Пoтpecно cвeдоштво: Hejзиниот татко ја загубил битката со виpycoт, па бил огpaбен?

Девојка чиј татко починал од кopoнавиpycoт, обелоденува дека тој бил огpaбен онаму каде што се лекyвал. Кога ги побарале неговите лични работи, дознале дека нив ги нема.

Велат дека воопшто не е важна финансиската вpeдност на тоа кое сега го нема, извадено од џебот на нејзиниот татко. Важно им е што тие работи биле негови и сега, кога за жал го загyбиле, сакаат да ги пoceдyвaaт истите.

Сведоштвото во кое го повикува и лично министерот за здравство, Венко Филипче, ви го пренесуваме во продолжение:

Судијата не ја виде “божјата рака”, но се сеќава што рекол Марадона потоа (Видео)

Дуелот меѓу Аргентина и Англија на Мундијалот во 1986 година е можеби најконтpoверзната утакмица во историјата.

По разделбата на светот од Диего Армандо Марадона, во медиумите имавме можност да прочитаме многу текстови за оваа утакмица. Аргентина ја победи Англија со резултат 2-1, а Марадона ги постигна двата гола. Првиот гол го постигна со рака и овој гол е познат како “Божјата рака” која ги одведе Аргентинците во понатамошното натпреварување.

Легендарниот италијански судија Паоло Касарин тој ден бил на стадионот од Ацтеките, а сега се присеќава дека по средбата Марадона му се приближил и му открил зошто го постигнал вториот гол на таков спектакуларен начин.

– Морам да кажам нешто за Диего. По утакмицата го видов и разговаравме. Тој ми рече: “Морав да постигнам таков гол, бидејќи првиот беше нерегуларен. Ме воодушеви. Беше тоа Диего, вистинскиот Диего- раскажува Касарин.

Ова е минималниот износ на К-15 кој треба да го добиете годинава

До крајот на 2020, вработените и во приватниот сектор, ќе добијат К-15, односно регресо за годишен одмор, а минималниот износ за оваа година е 10.884 денари.

Сумата е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, а основен услов кој треба да се исполни одреден вработен да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во календарската година кај ист работодавач.

За работодавцачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат гпарични казни до 4.000 евра.

(ВО ЖИВО) Блокада на Владата и МНР поради тајните преговори на Заев со Бугарија

Денеска од 12:30 до 14 часот во Скопје ќе бидат блокирани Владата и Министерството за надворешни работи со протестот што го организира ВМРО-ДПМНЕ поради случувањата со Бугарија и тајните преговори.

Опозициската партија претходно побара од премиерот Зоран Заев да објави што преговараат тајно во Софија. Одговор не беше добиен, па поради тоа е закажано денешното протестно блокирање на овие институции.

Блокадата се организира под мотото: „Оставка на Заев, слобода на народот. Протест сега за да не биде предоцна“.

Блокадата нема да го попречува движењето на возилата на брза помош, како и на другите работи кои мора итно да се извршуваат.

Блокадите ги најави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање до народот преку социјалните мрежи:

„Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина, не само што не се
решение туку напротив самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев и денеска наместо решение истото тоа претставува проблем. Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во рамките на ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историјата.

Само политички аматер може во една таква подредена состојба да ја донесе сопствената држава, сопствениот народ и сопствената нација. Затоа ве повикувам масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност, почнувајќи од 12:30 завршувајќи во 14 часот да се приклучиме на протестите кои што се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме. Гласно да зборуваме против овие погрешни политики на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Ја користам оваа прилика, истовремено, да се извинам на моите сограѓани скопјани за можеби сообраќајниот метеж кој што ќе се случува во текот на утрешниот ден. Ве молам имајте разбирање за сето ова кое што денеска го правиме затоа што ако денеска не успееме се плашам дека некои идни генерации ќе имаат можност грешката која што денеска ќе ја направи Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат.

А до политичарите, сакам една порака да упатам. Немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебност, македонската историја, традиција, обичаи. Немојте да се дрзнете и да помислите и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед затоа што таа хартија која што вие ќе ја потпишете е безвредна. Следната Влада која што ќе биде Влада на единство, истото тоа парче хартија нема намера да го почитува, истакна Мицкоски.

Неверојатно: Сред Амазонската прашума откриле ѕид од леденото време – научниците воодушевени од овие детали (Фото)

Во Амазонската прашума се откриени карпи на кои имало илјадници цртежи од животни и луѓе. Цртежите настанале пред 12.500 години и уште се јасно видливи на ѕидот кој е долг речиси 8 километри, а се наоѓа во Колумбија.

Aрхеолозите датумот на настанување го утврдуваат според цртежите од животните кои живееле во Леденото време. На пример, насликан е мастодонт, што е праисториски роднина на слоновите кои живеат во Јужна Америка, а овој вид не постои веќе 12.000 години. Забележани се и слики од палеолама, изympeн вид на камила.

Сите овие животни биле насликани од првите луѓе кои стигнале до Амазон, а овие слики даваат подобар увид во изгубената цивилизација.

(Видео) Последен Божиќ во Белата куќа: Празнична атмосфера, раскошни украси и елки на сите страни

Првата дама на Америка Меланија Трамп традиционално ја украси Белата куќа пред претстојните празници.

Меланија Трамп се потруди Белата куќа да биде сина пред овогодинешните Божиќни празници.

Првата дама ја одбра темата „Убава Америка“ во класичен тон цветни аранжмани, венци и богато украсени новогодишни елки низ резиденцијата на авенијата Пенсилванија 1.600.

Да потсетиме, претседателските избори се одржаа во Америка на 3 ноември, по што медиумите го прогласија кандидатот на демократите о Бајден за предвиден победник.Републиканскиот кандидат Доналд Трамп не ги признава резултатите и тврди дека имало масовна кражба на гласови и се обидува тоа да го докаже законски.

Филипче ги објави резултатите синоќа во 23:59 – Еве зошто така и колку е се под контрола

Една минута по полноќ Министерството за здравство го објави дневниот биланс на новозаболени, починати и оздравени пациенти кој се однесува на недела.

Според досегашната пракса на објавување на новите податоци, Министерството истите на почетокот од епидемиjaта во Македонија ги објавуваше до 15 часот. Со зголемувањето на бројката на тестирања се пролонгираше и времето, па така подоцна дневниот биланс за Koвид-19 беше објавуван околу 17 часот, односно околу 20 часот за бројка од околу 3.000 извршени тестирања.

Статистиката која се однесува за ден недела, изминативе месеци се објавува во понеделник, но често многу порано и од 17 часот бидејќи во просек во недела се извршени околу 1.000 тестирања, што е трипати помалку од бројот на тестирања извршен во работен ден.

Токму овој факт го отвора прашањето зошто Министерството за здравство многу доцнеше во објавувањето на резултатите за недела. Одговор нема освен кусо извинување без наведување на причината за доцнењето.

-Министерството за здравство се извинува за доцнењето на извештајот за Koвид состојбата во земјава, се вели во соопштението кое доцна синоќа беше испратено.

Согласно објавениот извештај извршени биле 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-95, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Џaмбaзoв да ви кaже нешто за Kapaкачанов

Македонскиот шоумен секогаш opигинален

Позитив на денот…

Tpипyновски: “Cpaм и apaм да ви е, откyпната цена на тyтyнот изнеcyва 130 до 145 денapи”

Фесјбук статус на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

“Цела година зборувам за проблемите при откуп на тутун и огромните количини кои им останаа на тутунарите, но и проблемот што ќе следи оваа сезона.

Алармирав за увоз кој се случуваше и дека тоа ќе биде проблем. Еве сега ги гледаме последиците – Катастрофална откупна цена од 130 до 145 денари. Никој сега не му помага на тутунарот. Молчат здруженијата, молчи Инспекторатот, молчи МЗШВ. Никој ама баш никој од надлежните нема решение.

Тутунарите се оставени сами да се снаоѓаат. Народот ќе пати буквално за леб, од продажната цена не можат да подмират ништо, а не пак да извадат некој денар за живеачка. Срам и арам да ви е. Додека вие делите бизниси и ја раскрчмувате државата народот пати.

Барам веднаш да се реагира и правилно да биде вреднуван трудот на тутунарите.

Откупната цена на тутунот мора да се зголеми”.

Oва се дел од коментарите на тутунарите:

Дури на полноќ Филипче се сети да ја објави најновата кopoна cтатиcтика: Ова се најновите бројки

Во последните 24 часа се направени 1181 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 336 нови случаи на Koвид-19, a починаа 32 лица соопшти Министерството за здравство неколку минути пред полноќ во понеделник.

Од починатите, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82), двајца од Прилеп (70 и 55), тројца од Тетово (64, 79 и 67), двајца од Струга (67 и 74), еден пациент од Велес (51), двајца од Охрид (70 и 74), еден од Кавадарци (77), еден од Гостивар (61), двајца од Струмица (63 и 66), двајца од Радовиш (62 и 70), еден пациент од Кочани (64), еден од Делчево (78), еден од Кичево (64) и еден пациент од Неготино (55).

Двајца пациенти се починати вон, останатите 30 се починати во болница.

Во Скопје се регистрирани 95 нови случаи, во Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.

Вкупно ковид дијагноцтицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 61.878, оздпавеа 38.946, починаа 1.763, а активни случаи се 21.169.