Претседателот на МАНУ: “Македонија е заробена држава”

Македонија се наоѓа во групата хибридни режими, истакна во вечерашното гостување академик и претседател на МАНУ Љупчо Коцарев во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Индексот за демократија на списанието Економист дава слика на состојбата на демократијата ширум светот во 165 независни држави и две територии. Индексот на демократијата се заснова на пет категории: изборниот процес и плурализамот; функционирањето на владата; политичкото учество; политичката култура; и граѓанските слободи. Врз основа на низа индикатори во овие категории, секоја земја потоа се класифицира како една од четирите типа на режим: „целосна демократија“, „дефектна/погрешна демократија“, „хибриден режим“ или „авторитарен режим“. Бројките за 2019 година се овие: бројот на „целосни демократии“ изнесува 22, бројот на „погрешни демократии“ 54, 37 држави се класифицирани како „хибридни режими“, додека 54 се „авторитарни режими“. Интересно, во 2019 година просечната глобална оценка за демократијата изнесуваше 5,44 (на скала од 0 до 10), што е најлошата просечна глобална оценка на индексот од 2006 година, од кога првпат почна да се пресметува. Демократијата, во светски рамки се намалува.

Македонија се наоѓа во групата хибридни режими. Во однос на петте категории, еве ги бројките за Македонија (на скала од 0 до 10): изборен процес и плурализам 7.00; функционирањето на владата 5.36; политичко учество 6.67; политичка култура 3.75; и граѓанските слободи 7.06.

Филозофите и мислителите (од дамнина до денешни дни) укажуваат на аргументи во корист и против демократијата. Деталниот опис на овие аргументи ќе го оставам за друго време, тука, накусо, ќе спомнеме некои од нив. Според некои мислители, демократијата има предност затоа што ги принудува носителите на одлуки да ги земаат предвид интересите, правата и мислењата на повеќето луѓе во општеството. Од друга страна, некои мислители објаснуваат дека во демократските општества, демократскиот процес на одлучување има тенденција да ја истакне важноста на изборната победа за сметка на стручноста што е неопходна за правилно управување со општеството.

Целата статија прочитајте ја на порталот РЕПУБЛИКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.