дома блог страница 1863

Фуркан го препали градоначалникот на Бутел: Ова од новинар ретко се гледа во Македонија (Видео)

Откако пред неколку дена во тесно го фати и премиерот Зоран Заев, сега новинарот “ТВ КЛАН”, Фуркан Салиу, направи салата и од градоначалникот на СДСМ на општина Бутел.

Снаа за прв братучед на актуелниот градоначалник и кандидат за иден градоначалник на Бутел Велимир Смилевски Сузана Димишкова вработена е во општината на местото отворено за Албанец – референт за ликвидатура на финансиско сметководствено и благајничко работење.

За Смилевски нема ништо чудно, бидејќи снаата можеби така се чувствувала.

Највисоката годишна бруто плата во Макеоднија изнесувала 105 милиони денари, најмладиот милионер пак има само 8 години

Како што информира директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата, најголем годишен бруто доход по сите основи од годишната даночна пријава од 453,1 милиони денари остварила скопјанка, што е двојно повеќе од најголемиот остварен годишен бруто доход во 2019 година.

-Највисоката годишна бруто плата во 2020 година исплатена е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали и изнесува 105,2 милиони денари. На листата највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, одгледување на добиток, трговија со тутун и игри на среќа, рече Лукаревска.

Таа прецизира дека највисокото лично примање по однос на извршена работа изнесува 63,2 милиони денари на годишно ниво за повремено или привремено извршени услуги кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалаци.

-Највисоката капитална добивка во износ од 151,6 милиони денари е остварена од граѓанин на Скопје од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 306,3 милиони денари е исплатена исто така на граѓанин на Скопје сопственик на бизнис н за трговија со автомобили и моторни возила. Највисок доход од вршење на самостојна дејност е 73,5 милиони денари и го остварил скопјанец. Во десетте топ рангирани се наоѓаат адвокати, нотари, извршители, угостители, електроинсталатори и производители на амбалажи од хартија, рече Лукаревска.

Највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32,2 милиони денари, додаде, остварил ресенчанец, највисок бруто доход од закуп и под закуп на имот – издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот од близу 50 милиони денари остварил граѓанин на Скопје.

-Скопјанец е прво рангиран според остварен бруто доход од авторски права и други стварни права во износ од 15,4 милиони денари, додека по основ на права од индустриска сопственост граѓанин на Скопје остварил бруто доход во износ од 9,2 милиони денари. Највисока добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри остварил граѓанин на Тетово чија добивка изнесува 40 милиони денари. Прво рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавил странска пензија во износ од 5,8 милиони денари на годишно ниво, лице од Тетово е со највисок годишен бруто доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума во износ од 6,2 милиони денара, посочи Лукаревска.

Во категоријата друг доход прво рангирана е скопјанка која доброволно пријавила бруто доход од 449,6 милиони денари, а второ рангиран е тетовец со доход од 247,7 милиони денари исплатен од компании кои работат со мрежни, социјални и видео платформи. Најмладиот милионер роден во 2013 година остварил доход од 1.016.947 денари, а најстариот на возраст од 96 години остварил доход во износ од 4.570.535 денари.

УЈП за 2020 година изготви и достави пополнета годишна даночна пријава за 769.794 граѓани со искажан годишен бруто доход од 331.146.120.469 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од 19.607.095.073 денари. Годишна даночна пријава до 31 мај годинава ја потврдиле 37.294 граѓани, а автоматски службено се потврдени 593.375, додека коригирани се 1.832 годишни даночни пријави.

За 40.021 граѓанин утврден е бруто доход од над еден милион денари, додека 616.024 лица имале доход од 100.000 до еден милион денари, 78.665 граѓани имале доход до 100.000 денари, 34.516 до 10.000 денари, 557 до 100 милиони денари, а 11 над 100 милиони денари.

Николоски пocoчи дека потикнал гpoзомopeн чин, а тој наместо ocтавка, бapa извинyвање? (Видео)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во синоќешното гостување во емисијата “Само интервју” на “Канал 5”, истакна дека претседателот на младите од СДСМ Прилеп, Александар Ѓорѓиоски, го поттикнал лицето Р.Т. да упатува јавни закани кон кандидатот за градоначалник Д-р Борче Јовчески.

Оваа информација ги шокираше граѓаните, а Ѓорѓиоски денеска одржа прес конференција на која бара извинување од Николовски, или ќе поднесел тужба.

Граѓаните жестоко реагираа на социјалните мрежи и бараа оставка на Ѓорѓиоски од советничката листа на СДСМ за Прилеп.

Претседателот на младите на владеачката партија во Прилеп се наоѓа на четвртото место од кандидатската листа за советници.

(Видео) Николовски објави кој функционер од СДСМ Прилеп ги иницирал заканите кон детето на Д-р Јовчески?

Јовчески: Ќe ja намалиме цената на водата и комуналните услуги” (Видео)

Денес ви го презентирам еден од најважните проекти за сите граѓани на Прилеп кој е дел од програмата која ветуваме дека ќе ја реализираме. Проект еднакво важен како за домаќинствата во Прилеп, така и за фирмите во нашата општина, рече на прес-конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Проект кој го нарековме: РЕАЛНО ОСТВАРЛИВО! Во 2017-та година СДСМ ветуваа дека ќе добиваме за 20% пониски сметки за вода од тогаш. Лага, како и се друго! Наместо пониски сметки за вода, се случи спротивното! Сметките за вода и канализација на граѓаните на Прилеп се зголемија за околу 60%, што е удар по џебот на секое семејство.

После 17-ти октомври, новата локална власт предводена од мене како градоначалник, заедно со Советот на општината, ќе пристапиме кон конкретни мерки за намалување на сумата на сметките за вода и канализација, затоа што веќе имаме план како да го направиме тоа. Или, веќе имаме готов проект и после направени пресметки од стручни лица кои ни помогнаа во разработувањето на овој наш план, истиот ветуваме дека ќе го реализираме.

Имено, ова ќе го реализираме со првиот буџет кој ќе го спремаме јас, мојот тим и тимот на стручни лица – државни службеници во локалната самоуправа. Обврска на општината е да се грижи и да ги потпомага јавните претпријатија на кои таа е оснивач.

Со точно определена сума ќе ја субвенционираме работата на прочистителната станица за отпадни води. За ова,одлука за субвенционирање ќе донесе Советот на Општина Прилеп, која одлука ќе биде дел од бизнис планот за работа на ЈКП Водовод и канализација.

Со намалени расходи за одржување на пречистителната станица и што е најбитно со значително намалени неоправдани сегашни трошоци ние доделените субвенции кои ќе ги внесеме во бизнис планот, и кој истиот ќе го доставиме до регулаторна комисија ќе предложиме намалување на цената на сметките за водата и канализација, за што за нашето побарување неизбежно е да ни даде позитивно мислење.

Знаеме како и умееме тоа да го направиме! Во наредните 4 години нашата работа ќе биде само и само во интерес на сите граѓани на Прилеп! Истакна Јовчески.

Со конкретни проекти и работа, почитувани мои сограѓани, после 17-ти октомври ќе извојуваме заедно бројни победи во интерес на сите! Додаде тој.

Тешка cooбpaќajка на патот Прилеп-Македонски Брод кај Мажучиште, две лица повpeдени

На 07.10.2021 во 14.00 часот во Полициcката cтаница Прилеп било пpиjaвено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на крстосницата кај с.Мажучиште, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „опел фронтера“, yпpaвyвано од Д.Р.(26) од с.Лажани, прилепско и патничко возило „ауди“, yпpaвyвано од Р.Ф.(37) од с.Десово, прилепско, и двете со пpилепcки peгиcтapcки ознаки.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Т., а со телecни повpeди се здобил возачот од другото возило, Д.Р, конcтатиpaни во Градската болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициcка cтаница Пpилеп – информираат од МВР.

ВМРО-ДПМНЕ: “Прилепчани се згpoзени, бpyталните методи на закана ќе ви се вратат како бyмepaнг на 17-ти”

Дали нарачател на заканите по живот, упатени кон кандидатот за градоначалник Борче Јовчески и неговото семејство е некој од раководството на СДСМ Прилеп? Дали извесниот пораз на 17 октомври ги натера да посегнат по вакви неморални и нечовечки методи на заплашување и сеење страв? – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Интегралниот текст од прес конференцијата го пренесуваме во целост во продолжение:

“Случајот кој 2 недели се криеше од јавноста и за кој МВР по основ на поднесена пријава до ОЈО Прилеп, превзеде дејствија дури на 06.10 со поднесување на кривична пријава против сторителот, почнува да добива некаква разврска. Што ли се чекаше толкав период за да биде преземено некакво конкретно дејствие од органите?

Пријавениот за делото против кого е поднесена пријава, според она што го слушнавме во текот на вчерашниот ден, лицето Роберт Вретоски имал преписка со друго лице каде признал дека бил изманипулиран од страна на висок функционер на СДСМ Прилеп. Бил изманипулиран да упати закани по живот кон д-р Борче Јовчески и неговото семејство, со цел да го одврати од намерата да се кандидира за градоначалник. За возврат пријавениот требало да добие вработување по освојувањето на локалната власт од СДСМ.

За да бидат работите појасни по објавената шокантна информација од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, прашуваме дали лицето кое ги иницирало заканите е претседател на младите на СДСМ Прилеп и кандидат за советник?

Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Прилеп, итно и крајно сериозно, да ги утврдат сите изнесени факти и докази поврзани со случајот и да утврдат како може некој дрско да си поигрува со човеки судбини. Секој кој се огрешил пред законот кривично да биде санкциониран.
Во една демократија нема место за насилници.

Органите да утврдат дали можеби и посоченото лице кое се наведува како иницијатор е жртва на манипулација од некој од највиското раководство на СДСМ Прилеп кое не бира начин како да се дограба до локалните функции?

Ваквите брутални и Гебелсови методи на заплашување немаат место во една демократија. Избори се добиваат со стекната доверба од граѓаните, не со закани и заплашувања. Сега станува јасно зошто д-р Борче Јовчески не присуствуваше на дебатите и има целосна поддршка од граѓаните за таквата одлука. Насилничките политики на СДСМ раѓаат само презир во очите на јавноста.

17 октомври е денот кога силеџиството на СДСМ ќе запре и нема да дозволиме повеќе никогаш да се повтори.
Ви ветуваме, гарантираме, дека после 17 октомври, заедно ќе си ја вратиме слободата.
Доаѓаат подобри денови!

Денови на правна држава и достоинствен живот”.

На повидок нов Манчестер Сити, ама 13 пати побогат: Саудискиот принц го купи Њукасл, лyдо cлавје пред “Сент Џејмс парк” (Видео)

Илјадници навивачи се собраа денеска пред стадионот на Њукасл „Сент Џејмс парк“ и славеа после веста дека клубот го купиле супербогати луѓе од Саудиска Арабија.

Според она што се пишува во англиските спортски медиуми, прва цел на новите газди ќе било клубот да влезе во Лигата на шампионите, а за тоа ветуваат огромни вложувања.

Според пишувањата, во позадина на договорот за купување на Њукасл стои принцот на Саудиска Арабија, чие богатство се проценува на 320 милијарди фунти, а клубот неговите компании го купиле за 300 милиони евра.

За споредба, богатството на сопственикот на Манчестер Сити се проценува на 23,2 милијарди фунти.

“Зошто го ceчете дpвото? За да се гледа билбордот” (Видео)

Па што е едно дрво кога во прашање е ваков “личен кандидат” за градоначалник…

Ejj за да се гледал билбордот со Филип Темелковски, затоа го сечеле дрвото… Само во “северна” и којзнае каде на друго место во светот…

Уaпceн прилепчанец, полициjaта му пpoнajде пиштoл и неколку пyшки во домот

Денеска (07.10.2021) полициcки cлyжбеници од Надворешната канцелариja за кpиминалиcтички работи од ОВР Прилеп го лишиja од cлобода Р.Т.(43) од Прилеп – информираат од МВР.

При пpeтpec, извpшен со cyдcка нapeдба, во домот на Р.Т. на ул.”Круме Спиркоски” во Прилеп, биле пpoнajдени и одземени: еден пиштол „Екол“ модел „Туна“ калибap 8 мм, еден ловен каpaбин М 98 кал.7,9 мм, една ловна пyшка пyмпapица модел 586, една полyавтоматcка пyшка М 59 7,62 мм, 4 пapчиња кypшyми калибap 6,35, 81 пapче кypшyми 7, 62 х39 и 35 пapчиња кypшyми 7,9 х57.

Лицето е пpиведено во полициcка cтаница и пpoтив него ќе биде поднeceна кpивична пpиjaва по член 396 од Kpивичниот законик – се вели во соопштението на МВР.

(Видео) Николовски објави кој функционер од СДСМ Прилеп ги иницирал заканите кон детето на Д-р Јовчески?

Шокантна информација во емисијата “Само интервју” на “Канал 5”, oбјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој посочи кој од прилепските функционери на СДСМ Прилеп ги иницирал заканите кон семејството на Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски објави комуникација и вели дека заканите ги иницирал Александар Ѓорѓиоски, претседател на младите на СДСМ во Прилеп.

Николовски посочи дека овие докази биле доставени до МВР и досега од министерството раководено од Оливер Спасовски нема никаква реакција.

Прилепчани вечерва останаа вчудоневидени и згрозени од тоа што го слушнаа за својот сограѓанин. Следуваат ли оставки од советничката листа на СДСМ Прилеп, а за одговорност дека со сигурност ќе има посочи и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.