На будалите не им пишува на чело дека се будали, ќе направат вакво нешто па ќе ги процениш…
Локација: Улица “Петта прилепска бригада”
Со македонска песна и оро синоќа во црквата Св. Јован во прилепско Бонче се славеше празникот Св. Јован Златоуст.
Како и секоја година и оваа црквата беше преполна со луѓе, а на оро играа сите, од најмало до најстаро.
За забавата се погрижи неповторливиот Спасен Силјаноски, кој направи прекрасно празнично расположение.
Во продолжение дел од атмосферата:
Витаминка повторно е дел од најголемото саемско случување, Ануга 2021, што се одржува во Келн, Германија. Компанијата изложи голем дел од својот асортиман, во групата кондиторски производи, посебно производите што се наменети за странските пазари.
Ануга е водечки светски саем за индустријата за храна и пијалаци, со уникатен концепт што за учесниците овозможува максимално деловно влијание. Претставува платформа за привлекување на сите релевантни страни од трговијата, производството и угостителството.
„Во овие неколку дена додека се одржува, Ануга претставува центар за производителите, трговците и угостителите. Никаде на друго место не се среќава глобалната прехранбена индустрија во овој обем и е најважното место коешто нуди најдобри можности за поврзување низ целиот свет. Со присуството на врвни одлучувачи, Ануга е тренд барометар за глобалната прехранбена индустрија и затоа да се биде дел од ова случување значи многу, затоа што врз искуствата, знаењата и контактите стекнати тука, се гради целата развојна стратегија на компанија, а уште повеќе е значајно за нас по минатогодишното отсуство”, вели Љупчо Велески, директор на Извоз во Витаминка.
Освен кондиторскиот сектор, Ануга претставува саем на 10 различни концепти на храна, вклучувајќи леб и печива, разладена и свежа храна, кулинарски концепти, млечни производи, пијалаци, замрзната храна, топли пијалаци, месо и органски производи.
Се одржува на површина од 284 000 м2, со приближно 8000 изложувачи од стотина земји од целиот свет. Саемската манифестација ја посетуваат во процес по 170 000 посетители од над 200 земји.
Ексклузивно! До нашата редакција пристигна стрип за ветувањата на Горан Сугарески за Прилеп во неговата 20-годишна политичка кариера.
Стрипот носи име “Гоки Стругаре и неговите (НЕ) остварени ветувања”.
Еден несекојдневен начин на сатира кој многу недостастува во нашата политика култура.
Локалните избори се закажани за 17. октомври, а ова е одлично освежување во македонскиот политички етер и би било добро кога и други автори се послужат со истиот начин на хумор и сатира.
Горан Сугарески е 20-годишен функционер на СДСМ, а на овие избори трча за градоначалник на Прилеп.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп преку видео изјава потенцира дека Горан Сугарески тогаш кога имаше можност да направи нешто за Прилеп, тој му ја направил најголема штета на градот.
-Горан Сугарески е продолженија на приказната Илија Јованоски, значи прочитана приказна. Прочитана приказна заради тоа што и едниот и другиот како и раководството на партијата од која што потекнуваат се синоним за не работа, истакна Ане Лашкоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Kaндидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, доживува дебакл од дуќанџиите во прилепската Стара чаршија и занаетчискиот еснаф.
Изворите велат дека сопствениците на дуќаните и занаетчиите му се лути на Сугарески и СДСМ поради неисполнетото ветување за реконструкција на чаршијата, но и поради никаквата поддршка за дуќанџиите од страна на Владата за време на пандемијата од коронавирусот.
Во октомври 2018 година Министерот за економија Крешник Бектеши потпиша договори со општините Чаир, Центар, Битола и Охрид за имплементација на проектот „Ревитализација на излозите старата чаршија“.
Целта на проектот според министерот тогаш беше уредување на излозите во старите чаршии низ државата, со цел враќање на автентичниот изглед на чаршиите, а воедно и нивно разубавување и привлекување на што поголем број на посетители и туристи.
Прилепската Стара чаршија не влезе во овој проект, а не се реализираше ниту ветувањето на актуелниот градоначалник за нејзина реконструкција.
Сугарески навидум го оправдува ова нереализирано ветување, со изговор дека дел од овие проекти биле скапи и корона кризата си го напраела своето.
Голем број дуќанџии откако започна пандемијата со коронавирусот ставија клуч, а дуќаните се издаваат под кирија.
Сугарески деновиве одржал средба со Извршниот одбор на Регионалната занаетчиска комора каде одново ветил реконструкција на чаршијата.
Неодолива мешавина од кокос и стопено чоколадо ќе ги освои сите гурмани, а освен што ќе се изеде со голема брзина, потребни ви се само 20 минути за овој десерт
СОСТОЈКИ:
200 мл јогурт, 2 дл млеко, 200 мл масло, 200 гр кокос, 1 ванилин шеќер, 200 гр шеќер, 200 гр брашно, 1 лажичка прашок за пециво, 100 гр чоколадо за готвење
Глазура:
100 гр чоколадо за готвење
3 лажички масло
ПОДГОТОВКА:
Ставете го млекото во голема чинија, додадете шеќер и оставете да отстои. Во меѓувреме, во друг сад измешајте ги сите други состојки: јогурт, масло, кокос, ванилин шеќер, брашно и прашок за пециво.
Централната манифестација по повод 80 години од Денот на народното востание 11-ти Октомври, и oваа година ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто” во Прилеп.
Одбележувањето на празникот започнува на 10. октомври со почеток 18 часот, со обраќање на градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, по што ќе следат обраќањето на претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945, Д-р. Никола Стојановски, како и на премиерот, Зоран Заев.
Пред присутните вечерта ќе настапи воениот оркестар на Армијата, а традиционално во 19 часот ќе биде изведен импровизиран напад на градот.
На денот на големиот празник – 11 ти октомври, понеделник, во претпладневните часови, делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, а ќе биде посетена Алејата на народните херои каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот „Жена борец“.
На Могилата на непобедените, според агендата за чествување на празникот ќе се обратат: претседателот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Прилеп, Круме Соколовски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот Стево Пендаровски.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба и Прилеп добиваат најголема доверба од граѓаните во овие општини. Кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, за градоначалник во Тетово, има највисок рејтинг во градот. Ова го покажа анкетата на АКСИОС.
Институтот „АКСИОС“ во периодот од 24.09 до 28.09.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје.
Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.
Бобан Стефковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е во висока предност пред противкандидатот од СДСМ. Според анкетата, за него би гласале 26,8% од граѓаните, а за Георгиевски од СДСМ довербата би ја дале 20,3%.
Борче Јовчевски е кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп. За него се изјасниле дека ќе гласаат 25,4% од граѓаните. За Сугарески од СДСМ би гласале 20,7% од прилепчани.
На 08.10.2021 во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода В.С.(37) од Прилеп, затоа што на 07.10.2021 се обидел да извpши кpaжба во кyќата на Д.Т.(35) на ул.,,Пенко Здравкоски“ во Прилеп, по што и физички го нападнал.
По целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.