Веднаш почнуваме со ревизија на работата од претходниот Градоначалник

„Од овој момент ќе започне санирањето на актуелната ситуација на општина Тетово. Ќе ангажираме специјалисти, за да се спроведе целосна ревизија на општината. Граѓаните треба да знаат како работела нивната општина.’ – рече денес новоизбраниот градоначалник на Тетово Билал Касами, инаку и лидер на Движењето Беса, при примањето на оваа должност од нејзиниот досегашен вршител Теута Арифи.“ – информираше порталот на албански јазик „Тетова сот“ („Тетово денес“).

-Граѓаните на Тетово мора да знаат точно колкав долг има нивната општина и како е создаден. Транспарентноста почнува од тука. Кој злоупотребил јавни средства ќе одговара. Веднаш ќе почнеме да ја скенираме работата на јавните претпријатија и може да поставуваме нови раководни лица на овие претпријатија. Денеска сакам да ја потврдам заложбата што ја дадов во кампањата, дека членовите на администрацијата кои професионално си вршат работата не само што ќе ја имаат мојата целосна поддршка, туку ќе се заложам за нивно унапредување за да го добијат местото што го заслужуваат. Сите останатите кои никогаш не се појавиле на работните места и земале плати ќе ги повикувам сами да се повлечат и да се одјават од нивните работни места. Се надевам до крајот на неделата дека ќе имаме стодневен акциски план кој ќе го објавиме во јавноста. Од утре сме на терен и ќе реализираме ветено во кампањата, рече Касами.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.