дома блог страница 1864

Од Еурокомпозит yкpaдени зољи и opyжje, вработените се сомневаат дека вмешано е раководството на фабриката (Видео)

По бројните тешки кражби кои во изминативе неколку месеци се случуваат во единствениот македонски загубар, прилепски „Еурокомпозит“, деновиве од магацините на фабриката украдено било и оружје, помеѓу кое и една полна зоља, обвинуваат работниците. Тие се сомневаат дека во оваа тешка и опасна кражба вмешано било и раководството на Фабриката – oбјави “АЛФА ТВ”

„Се направи вакуум простор од околу еден месец, ја повлекоа Полицијата, се направија кражби и сега од вчера повторно наместија полиција. Ние се сомневаме дека раководството влегува и тие ги прават тие кражби, затоа што обиќни граѓани не знаат ни каде се тие магацини, ни како да се влезе до таму. Се работи за зграда во која што е влезено на први кат и на трети кат, таму каде што беше оружјето, во другите простории не е влезено“, – вели Роберт Богданоски, претседател на Синдикалната организација.

Останатите уште триесет и пет работници, кои веќе две години не одат на работа и немаат апсолутно никакви примања, тврдат дека во магацините од фабриката има уште доста оружје и муниција. Во „Пушкарницата“ велат, дека имало и пиштоли, и пушки, и муниција, како и околу 800 средства против околопни возила. Тие побарале, за соодветен надоместок, сами да си ја обезбедуваат фабриката, но на тоа не им било одговорено.

„Во тој вакуум период кога полицијата не’ вардеше, ги молевме цело време некој да се залага да обезбедува оти секој ден се прават кражби… молевме да појди некој, макар и ние да вардевме за да не се оштетува толку фабриката, не сакаа ни да слушнат за нас, ни да најдат некое решение, само колку да си поминат на редот ни викаат – има инвеститор, разгледува, а тој инвеститорот е којзнае колку време. Ние не се надеваме веќе дека некој и ќе ја купи, бидејќи главното што може да се пушти струја и основно за работа е сето искрадено“, објаснува Горан Велески,работник од „Еурокомпозит“.

Инаку, Алфа уште пред петнаесетина дена информираше за масовните кражби во оваа Фабрика, чија штета работниците ја проценуваат на околу 400.000 евра. Украдени се трите трафостаници, скапи делови од повеќето машини, како и големи количини на други репроматеријали, додека актуелната власт оптимистички и во континуитет им ветуваше влез на странски инвеститор и спас на оваа единствена Фабрика за наменско производство на оружје кај нас.

Каролина Дурло

Maкедонcка пpaвда: Beљановcки го ocyдиja за непочитyвање на Деловникот, а кој ќе го ocyди cyдиjaта Tpпков за непочитyвање на 3KП?!

Поранешниот претседател на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, екс-министрите Спире Ристовски и Миле Јанакиески, како и екс-директорот на УБК, Владимир Андоновски, се уште не ги имаат добиено првостепените пресуди за собраниските настани од 27 април 2017 година.

Според првичното обвинение, тие беа обвинети како организатори на настаните, а потоа тоа беше преиначено, па одговараа за „изготвување план со намера да го оневозможат мирното примопредавање на власта“, што исто така беше подведено под терористичко загрозување на уставниот поредок. Судијата Илија Трпков ги осуди Вељановски на 6,6, Ристовски и Јанакиески на 6,3 и Андоновски на 6 години затвор.

Пресудата беше донесена на 26 јули годинава.

Но, првостепено осудените се уште не ги имаат добиено пресудите, со што, практично, продолжува судската пракса за одлоговлекување и непочитување на законските одредби од Законот за кривична постапка. Судското образложение дека тие се работат не може да го покрие отвореното кршење на основните човекови права и слободи. Зашто, не само што станува збор за притворски предмет, туку многу поголемо е неговото политичко значење и димензија, дотолку повеќе што предметот повеќе од сигурно, ќе заврши пред Судот за човекови права и слободи во Стразбур.

Според законските одредби, односно според членот 407 од ЗКП, став 1, децидно стои:„Пресудата што е објавена МОРА писмено да се изготви во рок од 15 дена по објавувањето, а во сложени предмети по исклучок во рок од 60 дена, рокови кои НЕ МОЖАТ да бидат пречекорени“.

Рокот за доставување на првостепената пресуда истече на 24 септември, што значи дека Кривичниот суд веќе доцни две недели, со што се одлоговлекуваат и спречуваат правата во натамошната постапка на првично осудените. Ова особено во делот на одредените мерки домашен притвор.

Сето ова е типичо за македонската правда. Но, да биде иронијата на судбината поголема, Трајко Вељановски, на пример, беше осуден за непочитување на членот 78, став 2, од собранискиот деловник. Оттука и прашањето кој ќе го осуди судијата Илија Трпков за непочитуавње на Законот за кривична постапка? А, собранискиот деловник, правно гледано, е барем за неколку нивоа пониско од ЗКП.

Извор: “Pressingtv”

На кого да му се верува прашање е сега, на Меркел или на Заев (Фото)

Наслови од медиумите..

Прашање е сега на кого да му се верува, на Заев или на Меркел?

Професорот Кирјаковски за гестикулацијата на премиерот: Нема поголем срам од тоа да гласаш за Заев

Според професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски, не постои поголем срам од тој да се гласа за премиер со срамно гестикулирање на предизборен митинг.

-Кожа да ти се наежи кога ќе си помислиш дека има дури и луѓе со академски титули кои гласаат за пиперкава. Не само тоа, уште ги нарекуваше таквите „и шуто и рогато”. Нема поголем срам од тоа да гласаш за Заев или било што поврзано со него, напиша професорот Кирјаковски на Твитер.

Двајца прилепчани фатени пpи кyпопpoдажба на дpoга

На 06.10.2021 околу 16.45 часот на ул.„Спиро Црне“, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода И.К.(49) и Н.З.(44), двајцата од Прилеп, затоа што биле затекнати при кyпопpoдажба на дpoга – информриаат од МВР.

-Подоцна, при пpeтpec во домот на И.К., извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени бела гpyтчecта матepиja, бела пpaшкacта материja, дигитална вага и предмети со остатоци од бела пpaшкacта матepиja.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница и по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – се вели во соопштението од МВР.

Борче Јовчески со утринска искрена порака до своите прилепчани

Почитувани мои прилепчани, веќе навлегуваме во последните денови од оваа кампања. Остварив средба со неколку илјади сограѓани од сите целни групи… и еден е заклучокот: ПОБЕДУВАМЕ! – напиша кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески на ФБ.

-ПОБЕДУВАМЕ и тоа убедливо… пораките од стопанствениците, наставниците, социјалните, здравствени, културните работници, спортистите и НЕВРАБОТЕНИТЕ (а, излажани последните четири години) е : ДОСТА НÈ ЛАЖЕВТЕ!

Дури се случувало во една фамилија последниве неколку 10 дена да се ветуваат и по пет вработувања. ( Заборавајќи дека во нив има и малолетни).

Можеби тоа го прават во паника, знаејќи ги резултатите од анкетите и од нивните посети по Вашите домови… ?!
За разлика од нив, моето ветување кон сите беше едноставно:

Прилеп ќе биде повторно одлично место за живеење, во кое стопанството ќе се развива нормално без притисоци, ДУП-овите ќе се носат без ,,притисок” од некои профитери, а мојата канцеларија нема да е само од тесен круг на луѓе, туку од сите ВАС!

Мојата победа ќе е и Ваша победа. Продолжуваме до 17ти, а од 18ти од 10 часот почнуваме со работа – напиша Јовчески.

Со 8,3% рејтинг, советничката листа на ЛДП и ДОМ за Прилеп е трета политичка сила на изборите

Со 8,3% рејтинг според последните анкети, кандидатската листа за советници на движењето “Одлучно за промени” на ЛДП и ДОМ, е со сигурност трета политичка сила во Прилеп на овие локални избори.

Листата е предводена од Јане Станкоски ја сочинуваат луѓе истакнати во областа во која работат и почитувани во средината во која живеат.

Дека движењето ужива добра доверба кај прилепчани, доказ е и минатонеделниот митинг во центарот на градот, каде овие две партии го наполнија плоштадот “Александрија”.

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски, истакна дека движењето “Одлучно за промени” веќе има еден советник, а ќе успеат да освојат и втор и трет советник.

Овие две партии предложија и кандидат за градоначалник и настапуваат одделно од владеачката СДСМ на овие избори.

За кандидат за градоначалник ЛДП и ДОМ го предложија стопанственикот Славе Петрески, кој пак ужива доверба од 4,8% од граѓаните.

Joвчески: Бесплатен градски превоз за сите средношколци и пензионери со минимална пензија, по 6.000 денари за секое новороденче (Видео)

Со гордост сакам да ви претставам дел од носечките проекти во полето на социјалната заштита, затоа што свесни сме сите, колку малку се направи на ова поле во изминативе години за време на владеењето на СДСМ. Покрај изградбата и доизградбата на нови детски градинки, како и планираните адаптации на постоечки објекти, чиј вкупен капацитет ќе биде 500 деца, ние ќе се погрижиме за сите категории на граѓани, а не само за најмладите, истакна на последната прес-конференција кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Јовчески:

-Почитувани сограѓани, со гордост сакам да ви претставам дел од носечките проекти во полето на социјалната заштита, затоа што свесни сме сите, колку малку се направи на ова поле во изминативе години за време на владеењето на СДСМ.

Покрај изградбата и доизградбата на нови детски градинки, како и планираните адаптации на постоечки објекти, чиј вкупен капацитет ќе биде 500 деца, ние ќе се погрижиме за сите категории на граѓани, а не само за најмладите.

За постарите сограѓани, планирани се:

• Поддршка за изградба на нови приватни старски домови;

• Изработка на техничка документација за реконструкција и проширување на старскиот дом „Киро Крстески – Платник“, како и реконструкција на истиот и опремување во соработка со Министерство за труд и социјала;

• Давање бесплатни услуги на стари, изнемоштени и болни лица. Вклучени ќе бидат волонтери кои ќе се грижат за околу 100 стари и изнемоштени лица кои воопшто немаат кој да се грижи за нив. Целта на волонтерите е да ги посетуваат овие лица 3 пати неделно, да им купуваат намирници, лекови, да им плаќаат сметки, да поразговараат со нив. Овој проект ќе го реализира Домот за стари лица „Киро Крстески– Платник“ Прилеп, а ќе биде поддржан и финансиран од Општина Прилеп;

Во нашата програма предвидовме и проекти за:

• Овозможување на подобри услови за работа и функционирање во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“, како и зголемување на кадарот на стручни вработени кои работат со тие деца;

• Обезбедување на униформа од страна на општината на децата од социјално загрозени семејства;

• Субвенционирање на помагала на лица со хендикеп и посебни потреби;

• Обезбедување на услови за движење на лицата со хендикеп во јавните институции кои се во надлежност на локалната самоупра-ва;

• Бесплатен градски превоз за сите средношколци и пензионери со минимална пензија;

• Доделување на еднократна парична помош во висина од 6.000 ден. на секое семејство за новородено дете во општината.

Почитувани, во наредните 4 години ќе направам се за да ги спроведеме сите инклузивни потези кои ќе овозможат Прилеп да биде достапен град за сите граѓани со попреченост.

1.Општината ќе организира обуки за секој што сака (не принудно) да научи елементарно ниво на македонски знаковен јазик.

2. Веб страната на општина Прилеп во моментов се уште не е достапен за глуви, слепи и други лица. Ќе ги прилагодиме информациите за општината,нејзините активности во аудио формат за слепи, знаковен за глуви.

3. Сите поголеми манифестации ќе бидат достапни за лица со попреченост.

4. Ќе се погрижам за младинците со попреченост кои живеат во Прилеп и околината да бидат активни чинители во општествениот живот.

Повеќе сме од сигурни дека на поголем дел од граѓаните, се што погоре е наведено им е и повеќе од неопходно. Затоа, јас и мојот тим, ќе се погрижиме, да помогнеме секаде онаму каде што е потребно.

Граѓаните на Прилеп заслужуваат Оптшината да се грижи за нив!, заклучи Јовчески.

И ова го има кај нас: Haвивач намерно yдpи играч со топка по главата, снимката заврши на “Сеоски фудбал” (Видео)

Натпревар од “најелитното фудбалско друштво” – Првата македонска фудбалска лига

Играа Скопје против Академија Пандев, натпревар од деветтото коло кој заврши со резултат 0:0.

Иако мечот не беше атрактивен и не донесе некоја посебна акција и промена на табелата, овој навивач се потруди да го направи натпреварот популарен и да стигне до очите на целиот Балкан и пошироко…

Куновска за cpaмниот гecт на 3аев: Сум пробувала да објаснам колку е прост, но тој најдобро се објасни себе си

Поранешната пратеничката од СДСМ, Софија Куновска, на ФБ ја прокоментира последната срамна гестикулација на премиерот Зоран Заев.

-Честопати сум сакала да објаснам на оние кои не го познаваат колку е прост, но никогаш не ми успеало на начин на кој самиот најдобро се објасни себеси – напиша Куновска.

На еден од коментарите под нејзиниот статус кој гласи:

-Простотилакот на најјако…ама… тоа е ништо,во однос на бруталната најдолна криминална математика која всушност таа и само таа се врти во неговата глава и сега потсвесно ја призна на јавна сцена. Покажувањето “ЕВЕ ВИ ГО НА“ се однесуваше на тоа дека,квадратите и еврата пак он ќе ги врти и распределува и нема шанса некој да се доближи до нив. И сепак треба сериозно да се запрашаме, како воопшто дозволивме ваков лик да дојде на вакво место… Срамот е на нас сите!!!

Куновска одговара:

-Не само тоа. Неговиот срам станува и срам на СДСМ, а тие пустите аплаудираат на простотилакот и зад него и во публика пред него.