Aнѓушев: Цената на cтpyjaта ќе pacте, дpжавата да се подготвyва да им помогне на нajpaнливите категopии

Цената на струјата на светските берзи расте и ќе расте, а по нова година ќе има нова цена на струјата, државата треба да се подготвува да им помогне на најранливите категории – рече во “Студио 10” на ТВ 24 стопанственикот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев.

„Ние како држава ќе ја делиме ценовната судбина на Европа. Политичка одлука е колку ќе се заштити, но може да се заштити до таму да не се уништи Електростопанство на Северна Македонија. Дури ЕСМ да дава електрична енергија и по нула денари, само увозната компонента, кога ќе се направи просек, таа повторно би била повисока од сегашната“, изјави Анѓушев за ТВ 24 во емисијата Студио 10.

„Не треба да сте многу голем визионер, до Нова година до кога цените се заштитени, се заштитени, потоа ќе ја делиме судбината на целиот свет и тука ние не можеме да бидеме исклучок од тоа“, изјави Анѓушев.
Во однос на влијанието кое ќе го имаат идните повисоки цен на струјата врз граѓаните, тој вели дека државата има други механизми, односно постојат пакети за енергетска сиромаштија.

„За тие што се најранливи категории граѓани, потребно е да се зголеми износот во буџетот за на тие луѓе да им се плаќаат сметките на струја. Во светот така се справуваат со овој проблем“, изјави Анѓушев за ТВ 24.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.