дома блог страница 1856

Стеваноски објави АУДИО Б О М Б И: Еве како функционери од СДСМ Прилеп вршат предизборни притисоци и се заканyваат

Независниот кандидат за градоначалник за општина Прилеп, адвокатот Жарко Стеваноски од граѓанската иницијатива “Че вреди”, денеска одржа прес конференција за медиуми каде ги обвини раководните луѓе во ОО СДСМ Прилеп за вршење притисок и упатување закани до неговите активисти и кандидати за советници.

Стеваноски објави и снимени разговори на кои може да се слушне како еден од неговите активисти, а поранешен член и претседател на месен комитет на СДСМ, разговара со функционер на Општинската организација на владеачката партија, кој пак му ветува социјална помош, легализација на куќа, работа и поништување на тужби, само да се откаже од поддршката за граѓанската иницијатива “Че вреди”.

Oбраќањето на Стеваноски пред медиумите во целост го пренесуваме во продолжение:

“На почетокот на 2015 година лидерот на СДСМ отпочна еден процес на обелоденување на недемократските механизми со кои се служеше тогашниот режим на ВМРО ДПМНЕ а кои пред домашната и меѓународната јавност го потврдија фактот дека ние сме всушност заробена држава, дека партијата била длабоко институционализирана во сите сегменти од општественото живеење и дека не може да се направи разлика помеѓу партијата и државата. Државата на сите релевантни странски истражувања се наоѓаше на дното на листите како држави во кои не се почитуваат човековите права и владеењето на правото.

Во една таква ситуација, граѓаните го препознаа моментот и преку активна вклученост на невладиниот сектор, граѓаните застанаа рамо до рамо со тогашната опозиција во рушење на режимот на Груевски и Мијалков кое нешто доведе до промена на власта во 2016 година.

Почитувани, кога ние излегувавме по улиците да протестираме против таквиот режим, тоа го правевме за да го сопреме недемократското владеење, систематското подривање на човековите вредности, за да ја сопреме злоупотребата на институциите од позиција на моќ, да ставиме крај на нечовечкото постапување и однесување. Се боревме за раздвојување на партијата од државата.

Во изминатиот период учесниците, поддржувачите и симпатизерите на граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ се систематски подложни на константни суптилни и директни закани од активисти и функционери од огранокот на СДСМ во Прилеп. Дел од советниците од независната советничка листа се повикувани од страна на носители на јавни функции во државни институции со цел да им се врши суптилен притисок за да се откажат или обесхрабрат во намерата да учествуваат во изборниот процес, дел од нив се посетувани по нивните домови и преку суптилни закани се опоменувани на последиците од таквите нивни одлуки. Голем дел од членството на СДСМ во Прилеп кое отворено дава поддршка на граѓанската иницијатива ЧЕ ВРЕДИ е повикувано во партијата, нуден им е поткуп и се убедувани преку најниските форми на клевети кон мене како кандидат за градоначалник во намерата да ги одвратат својот глас да го дадат за една ваква независна опција.

Јас не можев да останам глув и слеп на таквите недемократски партиски активности на огранокот на СДСМ во Прилеп, пред се поради тоа што со најголемиот дел од членството на СДСМ тука во Прилеп рамо до рамо заедно се боревме против такво недемократско владеење.

Ова што денес ќе го чуете а се спроведува како партиска активност во ОО на СДСМ во Прилеп го потврдува фактот дека режимот сеуште не е искоренет, дека партијата е државата и дека партиската машинерија е единствената можност за влез во политиката. Ќе чуете како партиските функционери од јавните установи и локалната самоуправа се ставаат во функција на партиската машинерија, како се кинат сметки за комуналии, како се нудат сезонски вработувања и најтрагично од се како се нарушува човечкото достоинство и правото на слободен избор.

Почитувани довчерашни соборци од СДСМ, ние за ова не се боревме. Ние не дозволивме своето достоинство да биде понижено од режимот на ВМРО ДПМНЕ ниту пак смееме да си дозволиме со него да си поигруваат некои локал партиски пиуни на СДСМ на кои единствена грижа им е како да ги сочуваат удобните директорски фотелји и бенефициите од локалната власт во следните 4 години. Денес ова на најголемиот дел од Вас Ви се случува лично, утре ќе им се случува на Вашите деца. Да не дозволиме нашите деца да израснат без достоинство, без свое јас и да бидат алатка во рацете на било кој локален партиски функционер.

Апелирам и до најголемиот дел од членството на ВМРО ДПМНЕ. Да не подлегнувате под навидум меката партиска реторика на локалното раководство на огранокот, насочена кон задржување на Вашата доверба кон нив. Да не заборавите дека огранокот сеуште го водат луѓето кои од позиција на власт го применуваа истиот систем на покорност и сеење на страв кон Вас.

Убеден сум дека никој од нас не може да ја планира својата иднина и иднината на своите деца во ваков систем на вредности. Поради ваквиот систем младите ни бегаат од градот и државата. Знам дека не може да си дозволи да замине од државата па е приморан да се потчини на ваквите понижувачки партиски методи. Затоа Ве повикувам сите Вас повторно да застанете рамо до рамо со мене и конечно сите заедно да ставиме крај на ваквото владеење и да покажеме дека никој не е помоќен од гласот на народот. Да се избориме за достоинствена иднина на нашите деца.

Презентираните материјали веќе се доставени до претставниците на ОДИХР а истите ќе бидат доставени и до Државната изборна комисија, Државна комисија за спречување на корупцијата и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција на понатамошно постапување”.

Пpoнajдени три гpaнати на трибина од Градскиот стадион „Тумбе Кафе“ во Битола

На 13.10.2021 во СВР Битола било пpиjaвено дека на трибина на Градскиот стадион „Тумбе Кафе“ во Битола биле пpoнajдени apтилepиcки гpaнати.

Гpaнатите биле безбедно подигнати од пиpoтexничap од Дирекцијата за заштита и cпacyвање и било конcтатиpaно дека станува збор за две apтилepиcки гpaнати со калибap 75 мм и една apтилepиcка гpaната со калибap 105 мм од Првата светска вojна.

Tри старо-нови советници од СДСМ не “гугнале” ништо во четири години мандат?

Неофицијално освен процедурални забелешки немале ни една дискусија, а ги подигнале сите 48 паушали.

Според нашите сознанија кои ги добивме од Советот на општина Прилеп се работи за тројцата советници од СДСМ и нивната коалиција, и тоа: Ивона Кузмановиќ, Aлександар Китаноски од СДСМ и Јулијана Цековска од коалициониот партнер НСДП.

Како награда денес се повторно во првите 8 кандидати на листата за советници. Тоа е причината и за огромен револт кај сопартијците, бидејќи дел од нив добиле и партиско вработување. Со оглед дека советничкиот паушал изнесува 18.000 денари, тоа значи дека секој од нив инкасирал по околу 14.000 евра во изминатите 4 години.

(Видео) Бени до Шилегов: “Лично јас ве качив на бината… Можеби сте добар правник, но како градоначалник сте лош”

Во вчерашната дебата на телевизија Телма на која присуствуваа сите кандидати за градоначалници на Скопје се случи вистинска драма.

Актуелниот градоначалник Петре Шилегов беше осамен во своите ставови, а завршниот удар му го даде неговиот некогашен пријател, Бени Шаќири кој истакна дека не постои договор помеѓу кандидатите за заеднички да го критикуваат и ако има некој во просторијата со кој се договорал тоа е Петре Шилегов.

Шаќири ја истакна неговата разочараност од работата на Шилегов иако лично тој некогаш го поддржувал.

УХМР со најава за обилни дождови и снег до 15 сантиметри

Времето во земјава ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер.

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Максималната температура денес ќе достигне до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Јовчески и “ПрилепНаТочак” потпишаа меморандум: Прилеп ќе биде вело град (Фото)

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, оствари средба со претставници на иницијативата “ПрилепНаТочак”, млади луѓе кои 7 години вложуваат ентузијазам и енергија за подобрување на вело инфраструктурата и безбедноста на велосипедистите во Прилеп.

Дечките од иницијативата ПрилепНаТочак имаат подготвено целосен план и програма за развој на велосипедизмот и користењето на велосипедот, не само како алтернативно превозно средство, туку како секојдневна добра практика на луѓето.

– Денес, се сретнав со претставници на “Прилеп на точак”, неформална група граѓани кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство и се залагаат за подобар вело-град. Потпишавме меморандум за соработка, и го разгледавме нацрт планот за креирање и унапредување на условите за велосипедски сообраќај – напиша Јовчески на ФБ.

Крушево осамна под снежна покривка: Прекрасна зимска идила (Видео)

Падот на температурите ги донесе првите снежни врнежи на повисоките места низ Македонија

Синоќа снег вееше на Попова Шапка, Нижеполе, а под снежна покривка утрово се разбуди и Крушево.

Ниските температури ќе се задржат и во текот на денешниот и утрешниот ден, а мало затоплување се очекува во сабота.

Во живо: Погледнете колку снег врне на Нижеполе

Падот на температурите вечерва донесе снежни врнежи на повисоките места

Снег моментално вее на Попова Шапка, но и на Нижеполе на Баба Планина. Се чини дека битолчани уште утре ќе можат да уживаат во чистиот воздух и снежната покривка.

Мицкocки: Пет години ги тpeтиpaaт земjoделците како poбови од чиja мака печалат додека тие jaдат со златни виљyшки

Како што е лошо во енергетиката, уште полошо е во земјоделието. Сте виделе ли среќен или задоволен земјоделец изминативе 52 месеци, петта година по ред. А, ветуваа и не остварија повисоки субвенции, поголеми откупни цени. Зоран Заев и Љупче Николовски ги третираат земјоделците како робови, од чија мака печалат. И мислат дека ако дојдат тука пред избори и повторно ги ветуваат истите работи кои не ги исполниле, дека така ќе ги измамат повторно напатените луѓе, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Пробиштип.

И додека земјоделците живеат во страв за својата и егзистенцијата на своите најмили, додаде Мицкоски, власта ужива во луксузот.

„Додека народот нема на трпезите, Заеви јадат со златни виљушки како што гледавме од фотографиите во јавноста. Додека земјоделците немаат пари за бензин за старите трактори и земјоделска механизација, Заев вози мотори неколку десетица илјади евра скапи и на митинзи доаѓа со ново патничко возило BMW вредно повеќе од стотина илјади евра, во Ресен велат еднакво е на 3 милиони килограми јаболки, бидејќи еден килограм се продава за 2 денари”, вели Мицкоски.

Тој укажа дека со ваквото однесување Заев им се смее во лице на граѓаните додека мака мачат како да го преживеат месецот.

„Но, тоа може да го корегирате на 17 октомври, масовно да излезете рано наутро и да гласате за број 7, за кандидатот Маријан Миленковски, за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а потоа нова влада и одговороност во првите 100 дена за криминалот, предавствата и за се што правеа изминативе 52 месеци”, рече Мицкоски.

Мицкоски вели „немаат ниту план, ниту програма”.

„Направиле флаери каде ги нудат истите ветувања пред 4 години и мислат дека народот пак ќе го прелажат. Анкетите и бројките покажуваа дека СДСМ ќе ги загуби овие избори. Тоа го знае и Заев, и тие малкумина околу него. Единственото нешто што им преостана е поткупот. Поткупот кој го прават со црни пари, крадени пари од народот, но и од државните пари со кои треба да располагаме сите ние. Пред некој ден објавивме видео снимка каде носат црни вреќи во Битола, вадат од брендираниот автомобил каде пишува најдоброто за вашата општина и го делат на граѓаните и тоа мислат ќе купи милост. Тоа се крадените пари на Заев”, рече Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Јоноски и Бозоски со нивната хуманост за 4 години ќе помогнат на 96 фамилии со по 18.000 денари

Кандидатите за советници од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Кире Јоноски и Диме Бозоски, пред десетина дена објавија дека се откажуваат од советничките паушали кои ќе им следуваат за работата во Советот на општина Прилеп, и дека средствата ќе ги донираат во хуманитарни цели.

Веста наиде на поддршка од огромен број прилепчани кои ја поздравија нивната одлука и побараа и други советници да се приклучат кон ваквата хумана иницијатива.

Советниците во Советот на општина Прилеп остваруваат надоместок од 18.000 денари, па ако се пресмета тоа за еден четиригодишен мандат, секој советник остварува 48 вакви надоместоци, или 864.000 денари.

Двајцата идни советници од ВМРО-ДПМНЕ со нивната хумана одлука ќе помогнат на 96 семејства кои ќе имаат потреба од ваква финансиска поддршка.

За жал досега никој од спротивниот табор на СДСМ не се одлучи за ваков потег, а добро би било хуманата мисија на Бозоски и Јоноски да ја следат и други од идните советници.