Шилегов на бегање потпишал договор за новогодишно украсување на Скопје во вредност од 243.000 евра?

Градот Скопје годинава склучи договор за украсување на градот за новогодишните празници.

Украсувањето на градот ќе чини околу 243 илјади евра.

Договорот го потпиша поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа плус“, која беше единствената компанија што доставила понуда на јавниот повик објавен во септември.

„Украсувањето опфаќа поставување на дрвото на плоштадот Македонија, како и украсување на неколку различни локации. Декорирањето и украсувањето за време на новогодишните празници треба да биде на високо естетско ниво, во духот на модерното живеење, со современо и привлечно дизајн, со уметнички ефекти.Украсувањето мора да биде завршено до 20 ноември“, велат за ТВ 21 од бирото за јавни набавки.

Она што е скандалозно е што Шилегов на само еден месец пред истекот на својот мандат потпишал договор за осветлување на градот вреден четврт милион евра во време кога Македонија и светот се наоѓаат во тешка енергетска криза.

Прашањето за воведување на енеретска кризна состојба, според најавите, ќе се најде на владина седница денеска. Во донесената владина уредба се предвидуваат рестрикции во кроистењето на струјата, но, не и за домаќинствата.

Ограничувања со воведувањето енергетска криза

-Исклучување на сите светлечки реклами,

-Осветлението на улиците, плоштадите и другите објекти се намалува до минимален сигурносен обем на осветлување,

-Осветлението на излозите се ограничува до минимален сигурносен обем на осветлување и/или

-Забрана за употреба на електрична енергија за додатно загревање на деловни и службени простории.

Ваквата уредба значи дека и да биде поставено новогодишното улично осветлување тоа никогаш нема да биде вклучено…

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.