дома блог страница 1855

Тетрис пред избори во “Точила” (Фото)

Деновите бројани, па и времето не им одеше во прилог и затоа епилогот е ваков…

Еве како се трошат народни пари со цел што побрзо да се “направи” нешто во пресрет на изборите во недела:

Фотографиите се од прилепската населба “Точила” каде жителите од зградите 4 години молат за уредување на просторот околу зградите.

Во СДСМ Прилеп се кинеле тужби за неплатена вода и ѓубре и се вработувале “маткачи” – шофери на лифт?

Независниот кандидат за градоначалник за општина Прилеп, адвокатот Жарко Стеваноски од граѓанската иницијатива “Че вреди”, одржа прес конференција за медиуми каде ги обвини раководните луѓе во ОО СДСМ Прилеп за вршење притисок и упатување закани до неговите активисти и кандидати за советници.

Стеваноски објави и снимени разговори на кои може да се слушне како еден од неговите активисти, а поранешен претседател на месен комитет на СДСМ, разговара со функционер на Општинската организација на владеачката партија, кој пак му ветува социјална помош, легализација на куќа, работа и поништување на тужби, само да се откаже од поддршката за граѓанската иницијатива “Че вреди”.

На снимките се слуша како некој од функционерите во ОО СДСМ Прилеп на нивниот разочаран член му ветува работа во Тутунскиот Комбинат, каде би го управувал лифтот, односно како што вели тој, ќе стегал по едно дугме.

Ако нуделе работно место управувач на лифт, што ли друго им се нудело на останатите разочарани членови и активисти?

Автобyc ce пpeвpте кај фабpиката “Кpoмбepг и Шyбepт” кај Битола: Повpeдени 5 лица

Утрово околу 6:30 часот на излезот од индустриската зона „Жабени“ се превртел автобус кој превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“-Битола. Повредени се пет лица, сите полесно. Тие се амбулантски третирани и не се хоспитализирани.

– Сообраќајната незгода веднаш беше пријавена во СВР-Битола и наши полициски службеници извршија увид. Во автобусот се превезувале лица вработени во фабриката и се движеле кон Битола. Во сообраќајната незгода повредени се возачот и четири патници. Сите се вон животна опасност, изјави за МИА Сања Стаматова, портпаролна СВР-Битола.

Од ЈЗУ Клиничка болница-Битола соопштија дека пет повредени лица се амбулантски третирани, тие се со полесни повреди и не се хоспитализирани.

Пpeтpec во домот на битолчанец: Пpoнajдена дpoгa и opyжje

На 14.10.2021 полициcки cлyжбеници од полициcка станица Битола го лишиле од cлобода К.Н.(67) од Битола.

При пpeтpec на дом и други простории на ул.„Илинденска“ во Битола, биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна, таблетки, две ловни пyшки, пиштол и кypшyми.

По докyментиpaње на cлyчajoт, по насока на Јавен обвинител, пpoтив него ќе биде поднeceн поднecoк пopaди ocновано coмнение за „неовлacтено пpoизводство и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанции и пpeкypcopи“ по член 215 и за „недозволено изработување, држење и тpгyвање со opyжje или pacпpcкyвачки матepии“, по член 396 од Kpивичниот законик – информираат од МВР.

Заборавија каде се гребеа асфалт: Сугарески со рибарски чизми треба да шета по оваа улица (Видео)

На месец дена пред локалните избори во Прилеп, локалните власти раскопаа еден куп улици, па веројатно заборавија каде се имаат гребено асфалт со цел да добијат глас повеќе за својата опција.

Бидејќи времето до изборниот молк е кратко (не дека многу им менува) да ги потсетиме дека го заборавија кракот на улицата “Јоска Јорданоски” отспротива на старата општинска зграда, каде жителите буквално се дават во кал.

“Мојот учител до четврто одделение ме научи на вистинските вредности и од мали нозе ми го покажа вистинскиот пат”

Прекрасен ден, ден каде носталгијата ме обзеде, разговарајќи со Блаже Кочоски, мојот учител од прво до четврто одделение – напиша на ФБ кандидатот за градоначалнк за Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески.

-Тој е еден од најзначајните личности во мојот живот, уште од мали нозе покажувајќи ми го вистинскиот пат.

Не само што ме научи да пишувам и да бројам, туку ме научи и на вистинските вредности кои и ден денешен ги пренесувам на младите, продолжувајќи ја неговата мисија на еден поинаков начин.

Ме научи на тоа колку се важни семејството и пријателите, дека работните обврски се стекнуваат од мали нозе и се негуваат до крајот на животот. Ме научи да ги почитувам постарите и да учам од нивната мудрост. Тој е човек кој служи како пример за многу мои школски другари, со кои до денес сме во контакт.

Да ги почитуваме и сакаме нашите учители, наставници и професори, затоа што нивната жртва да не спремат за животот кој следува понатаму е огромна – напиша Јовчески.

Јовчески се заблагодари на бизнис секторот и им го вети ова

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со Фејсбук статус се обрати до бизнис секторот.

Во прилог ви го пренесуваме целиот текст:

“Обраќање кон бизнис секторот, работниците и сите придружни дејности двигатели на локалната прилепска економија:
За мене Вие сте најзначајниот сегмент од кој што зависи развојот на градот херој и заложбата младите да останат да живеат,работат и инвестираат во Македонија.

Почитувани се видов со многу народ од сите профили, слушнав се и сешто, имав средба и со вработените локална самоуправа, се со цел да имам повеќе информации за ова обраќање кон Вaс.

Се видов со многу од Вас и во многу случаи забелешките се повторуваа, така што на тој начин го дијагностицирав и основниот Ваш проблем. Ќе прашате зошто баш Вие сте ми толку битни и одговорот е едноставен. Ако сте успешни Вие тогаш останува на мојата умешност и можноста заедно да бидеме успешни.

Добив информација дека Прилеп е за жал општина со НАЈМАЛ број издадени одобренија за градба. Наша задача е од 18ти тоа да се промени!
Возрасен сум и сериозен па затоа можам и МОРАМ да Ви ветам дека:
Ќе се вратат неколку урбанисти кои знаат како може да се направи тоа бидејќи си го сакаат Прилеп. Повеќе одобренија за вас, повеќе пари за општината и се разбира нови вработувања, ќе биде моето мото водилка за развој на локалната економија и урбанизам.

Од декември ќе профункционира и економскиот совет и 3 членови од тој совет ке бидат секогаш гости на комисијата за урбанизам.
Вeтувам максимална транспарентност во целата работа на новата општинска власт”, напиша Др. Јовечски.

21-годишна девojка од Прилеп пpиjaвила: Пријател од мajка и’ влегол во станот и ја нaпaднaл

На 13.10.2021 во ОВР Прилеп, лицето со иницијали В.С.(21) од Прилеп пријавила дека во нејзиниот стан во Прилеп била физички нап адната од лицето со иницијали Д.П. од Прилеп, пријател на нејзината мајка.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Mикpocaм од Пpилеп на чекop пpeд cите во cветот: Пyштена во yпотpeба нajголемата автоматска линија за резepвоари за гac и водopoд

Производната линија на македонските инженери од компанијата „Микросам“ се истакна како прва на листата на светски иновативни достигнувања. Оваа линија, моментално најголема во светот, вклучува бројни машини изработени од Микросам како 4 машини за намотување на карбонски и стаклени влакна, 2 автоматизирани печки, неколку роботи за управување и транспорт, како и станици за манипулација на резервоарите. Целата линија е автоматизирана, контролирана и интегрирана со софтвер од Микросам.

„Микросам“ веќе 30 години е светски позната компанија за производство на машини за современи композити т.н. материјали на иднината. Досега успешно пушти во употреба неколку автоматски линии кои произведуваат преку 1 милион композитни резервоари годишно за природен гас, плински и водородни боци. Моментално, „Микросам“ изработува вакви линии за неколку купувачи низ светот и поседува врвна технологија за изработка на резервоари за складирање на компресиран водород.

Придобивките на композитните резервоари се тоа што се поефикасни, не можат да експлодираат и се доста полесни за разлика од класичните произведени од метал. Имаат широка примена од домаќинства, автомобили, автобуси, до големи транспортни цели како еден виртуелен гасовод. Тоа прави да се доста атрактивни во автомобилската индустрија затоа што ја намалуваат тежината на возилото и потрошувачката на гориво. Резервоарите во возилата на Тојота и Ауди се произведени токму од машините на „Микросам“.

Глобалниот фокус овие денови најмногу е намалување на зависноста од фосилните горива како јаглен, нафта и гас. За разлика од нив, потенцијалот на водород за производство на електрична енергија која ги движи возилата и камионите, наместо голема батерија, има се поголема перспектива. Иднината на транспортната индустрија токму се базира на оваа водородна енергија како поефикасно, поеколошко и енергетски побезбедно решение.