Прилепски директор се “залепил” за фотелјата

По оставката од етички и морални причини на директорот на “Водовод”, стануваат се погласни шпекулациите за чудниот однос на еден друг директор, кој што иако доаѓа од иста партија како и Јанески, сепак како да не делат исти принципи.

Но, прилепчани тоа не ги чуди, бидејќи “залепениот” директор пред некоја година беше најголем противник на непотизмот, но од кога му тргна со директорските функции, стана најголем поборник и практикант на непотизмот.

Сигурно погаѓате дека се работи за Сашо Велески, актуелен директор на ЈКП”Комуналец”, кој е можеби и директен виновник за нечистотијата во градот последниов период.

Да потсетиме дека Велески претходно беше дел од бордот на директори во “Телеком”, каде што сега е госпоѓата Дардишта, која била спремна белите патики да ги замени со војничките чизми, а никој од СДСМ не најде за сходно да ја осуди таа изјава, а не пак да помислат денес на Влада да ја разрешат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.