дома блог страница 1857

Починaa yште 20 лица, меѓу нив на возpacт од 46, 48, 49… години: Повторно pacт и на бpojoт на новозapaзени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Куманово – 36, Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – 9, Крива Паланка – 6, Тетово, Свети Николе и Виница – по 5, Гевгелија – 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Гостивар, Кичево и Струга – по 2, Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 починати лица од Кочани (66г, 63г), по едно починато лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Направени се 3.567 тестови преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Авицена-183, Биотек-181, Систина-90, лабораторија Лаор-201, Синлаб-35, Ремедика-32, Плодност–23, Генеа-5, Никоб лаб-354, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-51, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.581.

Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.

Изложбата на семејството Вујисиќ во петок во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

На 15 октомври 2021 /петок/ од 13.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба од Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Марко Вујисиќ. Станува збор за заедничка изложба на семејството Вујисиќ, поддржана од Министерството за култура.

Проф. Др. Срѓан Марковиќ за творештвото од Мирко Вујисиќ

Вујисиќ создава визуелен исказ врз чувствител, суптилен колорит во кој се среќаваат и вплотуваат спротивностите помеѓу автоматскиот принцип на бележење на импулсите и воспоставување на рамниште со длабоки лавиринти во сопственото битие. ..осмисленоста на тој поетски контекст може да се одреди кон потребата да се надмине френезијата на неавтентичното и визуелно го дефинира сопственото промислување на светот и своето место во него… Кај Мирко Вујисиќ се препознава ретката особина која подразбира долго одржување на емотиен напон така што идејата не губи на снага низ процесот на реализација. Воспоставува комуникација од чудесниот свет на внатрешните простори мирејќи ги со префинетите цртачки структури и металната предлошка кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата подсвест.

Податоци за Вујисиќ

Мирко Вујисиќ е роден во 1957. Училиште за применета уметност завршил во Скопје на одделот графика 1977. На Педагошка академија дипломирал 1979. Во 1984 дипломирал во првата генерација на ФЛУ во Скопје на одделот за графика. Во 1998 магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Во 1984 ја добил Наградата на ФЛУ за најдобар покажан успех во текот на студирањето по матичниот стручно-уметнички предмет, графика. Во 1985 ја добил Наградата за најдобар студент на генерацијата на Универзитетот„Св, Кирил и Методиј„ во Скопје. Во 1989 ја добил Повелбата за покажан најдобар успех во студирањето меѓу двата јубилеја 1949-1989, а по повод 40- годишнината од основање на Универзитетот. Изложува: графика, цртеж, слика, калиграфија. Предава како Ред. Проф. на ФЛУ во Скопје. Предава цртање, графика и графички техники. Во својата педагошка активност се посветува и со подготовка, пишување на рецензии и предговори, промовирање на изложби и афирмирање на млади уметници преку едукативни ликовни работилници во земјата и странство. Во период 2002 – 2007 со класи на студенти под свое менторство го посетува Центарот за визуелни истражувања во Белград каде студентите во повќенеделно работење во специјално опремени атељеа и високо стручна коодирнација од демонстратори, ја изучуваат графичката техника литографија и фотолитографија. Резултатите од тие работни посети резултираа со организирање на значајни две групни изложби во Галеријата на Флу во Белград и во Галеријата на Флу во Нови Сад.

Има реализирано 23 самостојни изложби во земјата и странство со графики цртежи и слики. Учествувал на преку 80 групни изложби на графика и цртеж во земјата и странство, во Москва, Канагава Јапонија,Темпи- Аризона, Ричмонд-Вирџинија, Гејнзборо, Мериленд во САД, Австралија, Белград,Подгорица, Софија, Варна, Сарајево, Цетиње.. Добил повеќе домашни и интернационални признанија и награди за својата педагошка, творечка и изложбена активност.
Податоци за Лидија Вујисиќ

Изложените дела од Лидија Вујииќ се изработени во цртачката техника во пастел. Тематски го заокружува концептот од циклусот насловен како ,, НИЕ ВО ОГЛЕДАЛА,, каде што се представени галерија на ликови од професионалните дејности од сфера на културата : Музика, Актерство и Ликовни уметности

Лидија Вујисиќ родена 1957 во Скопје. Средно уметничко училиште, отсек – графички дизајн завршила во Ниш 1976. Дипломирала на ФЛУ Скопје на графичкиот оддел 1985. год. Од 1986 до 1990 предава графички техники во Училиште за дизајн и ликовна уметност во Скопје. Од 2000-та година работи како професор по графички дизајн, а потоа графички техники до 2020год. во Училиште за дизајн и ликовна уметност ,,Лазар Личеноски,, – Скопје. Член е на ДЛУМ од 1986год. Од 1982. Учествува на многубројни графички изложби во земјава и странство. Освен на редовните ДЛУМ-ови изложби изложува на меѓународни изложби на графика, меѓу кои: Графичко биенале во Белград, Триенале во Битола, Триенале во Софија, Биенале во Варна, Интер-график во Берлин Канагава- Јапонија, десетина пати Nismes ( Viroinval) – Белгија, Бијенале во Букурешт, во Истамбул, Солун. Учествува и на изложби со македонски автори во Париз, Малме, Торонто, Њујорк Њукастел како и на повеќе Југословенски изложби во Загреб, Београд, Цетиње, Сарајево, Ниш и др. Во период од 1986 до 2016 има добиено десет награди за графики на годишни изложби меѓу кои Годишна награда на Длум, Потоа награда за графика за Биенале на млади во МСУ 1989, откупна награда на Нуб Климент Охридски, Откупна награда од ,,Уметничка национална галерија,,откупна награда на МСУ 1992, Награда за графика ,, Димче Николов,, 2000 откупна награда ба Нуб ,,Климент Охридски, наградата ,, Златна четка,, од Длум за минијатура 2016. Добитник е на стипендија за едномесечен студијски престој во Париз 1990год.

Што се’ содржи една конзeрва со туна и колку е кopиcна за здpaвjeто

Сардините се полни со важни хранливи материи, што ги става на прво место кога станува збор за исхраната, вели д -р Џош Екс.

Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се едни од најмоќните чувари на здравјето.

Ако се консумираат редовно, тие можат да придонесат за подобрување на целиот организам, а ова се придобивките:

Една порција сардина од околу 75 грама содржи приближно:

191 калории, 22,7 грама протеин, 10,5 грама маснотии, 8,2 микрограми витамин Б12, 48,5 микрограми селен, 250 единици витамин Д., 451 милиграми фосфор, 351 милиграми калциум, 4,8 милиграми ниацин, 2,7 милиграми железо, 365 милиграми калиум, 35,9 милиграми магнезиум, 0,2 милиграми бакар, 1,9 милиграми витамин Е., 0,2 милиграми витамин Б6, 1,2 милиграми цинк

Тие се богати со Омега 3 масни киселини; Го зачувува здравјето на коските; Го зачувува здравјето на тироидната жлезда; Тој му обезбедува на телото доволна количина на витамин Б12; Го намалува апетитот; Го контролира нивото на шеќер во крвта; Го подобрува изгледот на кожата

Проеска е изборот на Крушево, Норово, Алданци, Пресил, Борино… Сите сплотени за подобро утре (Фото)

Kaндидатката за градоначалник на Крушево од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Проеска, се чини дека успева да ги обедини сите граѓани и жители на населените места.

Проеска деновиве оствари средби со жителите од населените места Норово, Алданци, Пресил, Борино, Бучин… а атмосферата според жителите е секаде иста, се бараат промени за подобар живот и подобро утре.

Крушевчани и жителите од сите населени места, од сите етникуми пренесуваат еден куп нерешени проблеми кои им го отежнуваат секојдневниот живот.

Проеска ветува дека во нејзината програма има проекти без исклучок за сите и ветува дека ќе донесе многу работа и нова иднина за општина Крушево.

Вучиќ: “И јас изгубив трпение. Доколку продолжат вака, Србија нема да има друг избор”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на разговорот со Србите во Рашка во еден момент повика за внимание и побара да не го прекинуваат со аплаузи.

“Нема премногу да зборувам за минатото. Нема ниту за тоа колку бевме во 1961 година, ниту за лошите решенија во 1999-та, ниту за молчењето во 2004 гоидна, како и 2008 година кога Косово прогласи независност. Завршив со тоа…. И јас го изгубив трпението. Се поставува прашањето што останува на нас да направиме. Што и да ве замолам, нема да ме послушате. Имав доволно храброст да одбијам влез на Косово во Обединетите нации. Денес се плашам дека во Приштина имаме некој кој е ирационален, а имаме и некои злонамерници во меѓународната заедница, секако, тоа не се сите, но тие сакаа да не вовлечат во судир.

Сакам да го задржиме мирот. Исто така ќе ви речам, не аплаудирајте ми. Јас и претходно реков, нема да дозволам ybивaњe на нашиот народ овде, а затоа и сега дојдов. Ја разбирам вашата одлука, иако сакав да реагирате порационално, не сум глупав за да не можам да го видам вашиот одговор. Секако, тука има и емоции. Но што и да се случи, Србија ќе биде со вас. Тоа не го кажувам про-форма. Оние кои ме познаваат, знаат што значи тоа”, речи Вучиќ.

(Видео) Ситуацијата во Кocoво е тензична: Се пyka од двете страни – Митровица како фронт

По денешниот упад на косовската полиција и припадниците на Росy во Северна Митровица беа фрлени солзавец и шok boмби, по што српската полиција отвори оган на демонстантите, a во моментов Митровица изгледа како фронт.

Во северниот дел на Косовска Митровица во тек е акција на косовската полиција, а граѓаните се собраа и ја блокираа улицата Кнез Милош, објави „Косово онлајн“, пренесува „Б92“.

„Косово онлајн“ објави дека косовската полиција влегла во една од аптеките во градот за да ги провери царинските документи.

По ова, луѓето се собрале, изразувајќи незадоволство од споменатата акција, а ситуацијата ескалирала кога косовската полиција почнала да фрла шок бомби и солзавец, а Србите фрлале со камења.

Според некои наводи на очевидци, во тек е заплена на српска стока.

Според порталот „Косев“, незадоволни Срби одговориле со камења, по што косовската полиција фрлила солзавец. Причинета е материјална штета на неколку автомобили паркирани во близина.

Тpи во едно: На своето 100-то иcкачyвање на Солyнcка Глава, Владимиp Joванocки од Прилеп славеше poденден и ја запpocи свojaта девojка (Фото)

Еден од најголемите вљубеници во природата од Прилеп, Владимир Јованоски по стотти пат се искачи на врвот Солунска Глава (2.540 м).

Првото искачување го имал пред точно десет години на 09.10.2011, за неговиот 23. роденден, а тогаш до денес убавината на планината и раскошната природа на Јакупица си го направиле своето, па Владимир десет години подоцна се искачи на Солунска Глава по стотти пат.

– После десетина искачувања дојде до идеа да се бројат бројките на самите искачувања. После 10 години од искачувањата, на истиот датум од првото искачување, решив да го направам и моето стотто искачување, а потик ми даде човекот и кралот на Солунска Глава Буран, со кој се договоривме на моето 100че тој да се искачи по 1200-ти пат до врвот, вели Владимир.

За да биди уште позначаен неговиот јубилеј, Владимир се реши да направи три во едно на неговото стотто искачување.

Славење на 33. роденден, стотка до врв и на крај шлагот на тортата, тој ја запроси својата девојка за жена.

Честитки од нас и желби за долг и среќен живот со неговата избраничка. Му посакуваме на нашиот Владимир да го стигне Буран и да се искачи и тој на Солунска Глава 1200 пати.

Проеска: Крушево ќе добие нова жичapa, градски плажи на езерото и скејт парк (Видео)

Одобрувањето на целокупната туристичка понуда за нашиот град претставува уште еден предуслов за развој на туризмот, како еден од главните чинители за локалниот економски развој на самата општина. Токму за тоа со измена и дополнување на ГУП за град Крушево ќе се предвиди формирање на туристичка развојна зона и ќе се направи доизградба на инфраструктурата во викенд зоната кај езерото, како и изградба на фекалната и атмосферска канализација и пречистителна станица за отпадни води, истакна Билјана Проеска, кандидат за градоначалник на општина Крушево од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со цел подобрување на условите за параглајдерството и одржувањето на меѓународните натпревари ќе изградиме нов функционален објект на Мечкин Камен, како и жичара која ќе го поврзува полетувалиштето Мечкин Камен со слетувалиштето Стопанство.

За да Крушево прерасне во препознатлива туристичка дестинација преку целата година, ние ќе ја зголемиме понудата со активности во сите четири сезони, „4 сезони Крушево“.

Токму затоа ќе изградиме градски плажи на Крушевското езеро, ќе го уредиме просторот околу езерото и ќе понудиме нови адреналински содржини.

За најмладите ќе изградиме скејт парк, како и трим патека до крстот на Вршник, рекреативна пешачка и велосипедска патека Крушево – Слива – Езеро.

На нашите сограѓани им должиме. Гарантираме за подобрување условите за живот во нашиот град, додава Проеска.

Teшко на СДСМ во Прилеп: ЛДП и ДОМ газат на тepeн (Фото)

Се чини дека тешко му се пишува на СДСМ во Прилеп…

Нивните коалициони партнери ЛДП и ДОМ со новото политичко движење “Oдлучно за промени” силно го имаат нагазено теренот во Прилеп.

Вчера носителот на советничката листа, Јане Станкоски, со претставници од движењето, донираа спортска опрема во населените места Мажучиште и Големо Коњари.

Голем број граѓани застануваат зад “Oдлучно за промени”, а тоа се гледа и од фотографиите на нивните активности на терен.

Пpoменливо облачно со повpeмен дожд, од yтpe обилни вpнежи

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во четврток ќе има пообилни врнежи, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.