дома блог страница 1844

Турскиот претседател избpка 10 амбacaдopи, меѓу нив францускиот, германскиот и американскиот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го спроведе она што го најави пред неколку дена – му нареди на Министерството за надворешни работи да ги прогласи амбасадорите на 10 земји за персона нон грата, вклучително и на САД, бидејќи повикаа на ослободување на активистот за човекови права Осман Кавала.

На црната листа се наоѓаат амбасадорите на: Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД. Претходно тие ги повикаа турските власти да го ослободат Кавала, а тамошното МНР прво ги предупреди дека се должни да ја почитуваат Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Дадов наредба до министерот за надворешни работи веднаш да примени мерки, по што тие 10 амбасадори ќе бидат прогласени за непожелни лица“, рече турскиот претседател.

Осман Кавала е познат турски активист за човекови права, основач на културната фондација „Anadolu Kültür AŞ“, која поддржува, меѓу другото, проекти за етничките и верските малцинства. Во февруари 2020 година, турскиот суд го ослободи Кавала од обвиненијата за вмешаност во обид за соборување на владата за време на протестите во истанбулскиот парк Гези во 2013 година, но истиот ден, обвинителството во Истанбул издаде нова потерница. Против Кавала се покренати нови обвиненија, овој пат за учество во обидот за државен удар во Турција во јули 2016 година.

Цветковски: Градоначалникот на Лозово во сабота се вози со службеното возило и агитира по населените места (Видео)

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Лозово, Бошко Цветковски, преку видео изјава укажа на злоупотреба на службеното возило од општината во партиски цели.

-Ацо Велкоски во сабота излегува со службеното возило и агитира во сите населени места, вели Цветкоски во изјавата.

СДСМ се пофали во изборна победа во првиот круг во општина Лозово, но резултатите по пребројувањето на сите гласови донесоа втор круг во оваа општина.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат пресврт во вториот круг и победа на 31 октомври.

ДИК ги објави конечните резултати од првиот круг

Во вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини. Во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се повтори гласањето, бидејќи не е исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Државната изборна комисија во рок од 15 дена ќе ја извести Владата, за таа потоа да го извести Собранието, кое треба да распише нови избори за овие две општини.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, како дел од известувањето за конечност на резултати од гласањето за избори на членови на совет на општините на град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје одржани на 17 октомври овој месец.

На локалните избори што се одржаа на 17 октомври 2021, градоначалници беа избрани во вкупно 32 општини, а конечните резултати за советите во Општините и Градот Скопје, од ДИК најавија дека ќе ги објават во текот на денот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Даштевски посочи дека очекува да се надминат проблемите со апартите за отпечаток од прст, што ги имаше во првиот круг.

– Тоа што е до квалитетот не можеме да гарантираме. Во смисла што имаме и друга постапка, замена за тоа во избирачкиот список каде што не може да се утврди квалитетот. Меѓутоа, уште не сме се договориле за акцискиот план, како тоа ќе го правиме во понеделеник, како да го организираме тоа. Обуките почнуваат од понеделник и ќе биде неспоредливо поефикасно од првиот круг, посочи тој.

Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ, а правото на глас во своите домови ќе можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од изборите.

Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.

Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

Победа го презеде лидерското место, нов триумф попладнево во Прилеп

Во рамките од осмото коло од Втората лига-Исток, Победа на градскиот стадион “Гоце Делчев” ја дочека екипата на Детонит Јуниор и забележа нов триумф.

Радовишани си заминаа од Прилеп со еден гол во мрежата, доволно за триумф на црвено-белите кои сега се лидери на табелата и грабат кон Прва лига.

Ова е четврт триумф во низа за прилепчани, а шестти овосезонски. Во досегашниот тек од сезоната Победа забележа и еден пораз и еден нерешен резултат.

Наредниот натпревар победашите го играат на гостински терен против Беласица.

Заев со поддршка за Мерко и Дехари – Затоа СДСМ пропаѓа? (Видео)

СДСМ ја потврди поддршката за кандидатите на ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата. Но, премиерот Зоран Заев рече дека во општините каде што има трка меѓу ДУИ и Движењето БЕСА, како во Тетово и Желино, ќе остават гласачите сами да одлучат кого да поддржат.

Запрашан зошто ќе го поддржи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за кого неодамна рече дека една од неговите најголеми грешки била токму поддршката за Мерко во 2017 година, Заев сега рече дека актуелниот градоначалник на Струга, се сменил.

Од друга страна и од ДУИ велат дека остануваат во соработка со СДСМ, но ги бараат гласовите и на сите останати граѓани. Албанската опозиција пак, продолжува со внатрепартиските консултации за можна соработка со БЕСА во Тетово, но и во некои други општини каде што се во втор круг со кандидати на ДУИ. Алијансата неколку пати ја потенцираше поддршката за кандидатот на БЕСА во Тетово, но првин треба да се испеглаат разликите што постојат со Алтернатива. Детали во моментов не даваат.

Кандидат за градоначалник на СДСМ јавно во емисија потенцира дека не е член на СДСМ (Видео)

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков од Кочани сподели видео на кое кандидатот на СДСМ за градоначалник во општината, Николчо Илијев се оградува од членство во партијата која ја поддржа неговата кандидатура.

Илијев кој важи за близок на премиерот Заев и неговото семејство сега е во трка за свој втор мандат, но во дебатата на МРТ јавно истакна дека не е член на ниту една политичка партија а во вториот круг влегува со многу мала предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

3aeв се стави во улога на вojвода: Како што тие гледаа кон иднината, така и ние ја водиме државата во НАТО и кон ЕУ

Како припадници на денешните генерации, со гордост се сеќаваме на македонските револуционери и на прогресивната интелигенција, собрани околу Македонската револуционерна организација, која ја понесе борбата за вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност, објави Заев.

Нашата борба, додава премиерот секогаш била само да се биде свој на своето – стремеж за држава на сите и за сите. Храброста и одлучноста на сите на кои денес им оддаваме почит имаше своја прва кулминација со Илинденското востание со што беше поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност, а нивната саможртва одекна надалеку меѓу народите во слободољубивиот свет.

– Континуитетот на македонската револуционерна борба не стивна и растеше сѐ до АСНОМ 1944 година, кога беше создадена македонската држава. Денес, во годината кога одбележуваме 80 години од народното востание и 30 години од независноста, со цивилизациското наследство кое ни го остави македонската револуционерна борба, ги отфрламе политиките на поделбите и водени од желба за подобар живот и благосостојба, ги повикуваме сите чесни и добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, да се обединиме околу создавањето на едно прогресивно и праведно општество за сите, напиша Заев.

Како што борбата на македонските револуционери секогаш беше свртена кон иднината, додава тој во својата објава, така и денес ја водиме нашата суверена држава во сегашност и иднина во силен сојуз со демократскиот и прогресивен свет потврден со членството во НАТО и со одлучни чекори за членство во Европската Унија.

-Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!, истакна Заев.

(Видео) Ечело УЧК, УЧК… на прославата во долненско Дебреште – Револт кај другите народи

Од осум кандидати за градоначалници во вториот круг во општина Долнени силите ќе ги одмерат Урим Ибески од ДУИ и Аднан Џафероски од СДСМ.

Кандидатот на ДУИ освои најмногу гласови во првиот изборен круг, а најголема поддршка нивниот кандидат доби во населените места Црнилиште, Дебреште и Житоше.

Во неделата вечерта се славело насекаде, а во Дебреште кое е едно од најголемите населени места во општина Долнени се извикувало “УЧК, УЧК…”.

Видео снимките од прославата во Дебреште предизвика револт кај останатите етникуми во оваа мултиетничка општина во Пелагонија.

Јовчески се поклони пред македонските великани и упати честитка за големиот државен празник

Новоизбраниот градоначалник на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески положи свежо цвеќе и се поклони пред македонските великани по повод државниот празник 23. октомври, Денот на основањето на Македонската револуционерна организација.

-Ви го честитам 23ти Октомври, денот на револуционерната борба, денот кога во 1893та година во Солун беше основана Македонската револуционерна организација (МРО).

Со положување на цвеќе им оддаваме почит на нашите борци за слобода и независност и го одбележуваме достоинствено овој празник, како што доликува. Овој празник е симбол на долговековната борба и непокорот на Македоснкиот народ за слобода и независност.

На овој ден шестмината Македонски дејци беа обединети од една визија, а тоа е вековниот сон за слободна Македонија.
23ти октомври, 1893 година е ден без кој не ќе се случеа трите Илиндениод 1903та, 1944та и 1991 година. Честит празник!
– напиша Јовчески.

Честит 23. октомври, денот кога Македонците ја започнале бopбата за своја дpжава

На овој голем ден за нас Македонците, во чест на сите оние кои ја натопиле оваа земја со својата крв, за слобода, своја и за идните поколенија, денес се сеќаваме на сите херои и ги величиме нивните имиња. Од овој ден Македонецот почнал да ја исправа својата глава над острата душманска сабја и организирано да се спротивставува. Ова е денот кога напатениот, измачен и угнетен народ, започнал да ја реализира својата идеја, својата кауза.

Положбата на Македонците и пред тој конгрес не била во ништо подобра, но овој момент од историјата значел продолжување на агонијата, нови агресии, илјадници загубени животи.

Со други зборови Македонскиот народ бил културно, духовно, политички, национално и просветно обесправен.

Ваквата неподнослива состојба, како и пропангандите на соседните народи за асимилација, се причините за формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО).

На 23 октомври 1893 година во Солун, шестмина револуционерни интелектуалци : Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, со цел по пат на вооружена борба да се издвојува автономија за Македонија ја формираат организацијата и го започнуваат нејзиното ширење.

Усвоен бил Устав на организацијата, Централен Комитет ( претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев ), како и мрежа на организации низ поголемите центри на Македонија. Особено организацијата добила на тежина кога кон неа се приклучиле Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев и други револуционери кои ја делеле истата цел.
Цели на организацијата биле следните:

1. Организацијата да е тајна и револуционерна,

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија со нејзините природни и географски граници,

3. Во неа да членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност,

4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономна Македонија и

5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.

Започнала да се реализира паролата “Слобода или смрт за Македонија”. Сите надежи и сите погледи понатаму се вперени кон организацијата и нејзиното дејствување.

Конечно народот Македонски имал свој заштитник, луѓе кои ќе ја спроведуваат правдата на дело и ќе ги шират идеалите за слобода и самостојност.

Следувале Ресенското советување во летото 1894г. кога се формирани трите окрузи Скопски, Солунски и Битолски, па првиот Солунски конгрес во јануари 1896г. кога организацијата била преименувана во (ТМОРО) или Тајна македонско-одринска револуционерна организација.

По овој конгрес забрзано се обучувале и вооружувале чети. Со вооружените сили раководел Гоце Делчев кој го формирал и Четничкиот институт.

На Солунскиот конгрес во 1903 година, во отсуство на Делчев, влијателните луѓе на организацијата Груев и Сандански го наметнале своето мислење за кревање на Илинденското востание на втори август 1903 година.

Токму после овој настан на површина испливале внатрешните превирања, надворешните влијанија, предавствата и меѓусебните пресметки, како и борбата за превласт.

Тоа ја ослабнало организацијата до ниво што голем дел од лидерите биле убиени, а мекедонското ткиво било разединето.

На Рилскиот конгрес во 1905г. организацијата одново претрпува промени, името било заменето со (ВМОРО) или Внатрешна македонска одринска револуционерна организација.

Со вакво име организацијата постоела до 1908 и почетокот на Младотурската револуција кога и дошло до конечен расцеп и нејзин престанок.

Не смеат а да не се споменат значајните битки кој ги водела организацијата со Турците, би ги издвоиле битките кај: Могила, Готен, Трсје, Слива, Ножот, Маргара, Баница, Мечкин Камен, Арменско и мн. други.

Како пандан на претходната организација, кон крајот на 1919 година е формирана и (ВМРО) – Внатрешната македонска револуционерна организација, со Централен комитет (Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев).

И во овој период мисијата била иста автономија или независна Македонија, односно создавање на самостојна држава за Македонците.

Потсетувајќи се на овие денови од Македонската историја во секој еден од нас треба да се развива чувство на гордост, чувство на херојство.

Да вградиме такво чувство и кај идните генерации, за да ја пренесуваат вистината за македонското страдање, но и за македонското бунтовничко спротивставување против угнетувачите тогаш и сега.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ !