-11 степени се претворија во пекол во финишот: Канада го победи Мексико, а на крајот изби вистинска вojна (Видео)

Канада и Мексико вчера одиграа супер интересен натпревар во рамките од осмото коло од квалификациите за Светското првенство за Северна и Средна Америка.

Канаѓаните славеа со 2:1 со головите на Кајл Ларин во 45+2 и 52-та минута и сега се наоѓаат на првото место од табелата.

Канада после долги години има силна фудбалска репрезентација, па Мексико и САД не се повеќе толку опуштени во КОНКАКАФ зоната.

Канада досега има четири победи и четири нерешени исходи и речиси е сигурно дека ќе се пласира на Светското првенство во Катар, но нивниот апетит порасна синоќа по победата над Мексико, па сега сакаат да бидат и први во групата.

Натпреварот се играше во канадскиот град Едмонтон по замрзнат терен и температура од -11 степени Целзиусови.

Се чини дека тоа не беше проблем за Канаѓаните, а Мексиканците успеаа да се “загреат” дури во 90-та минута, кога прецизно стрелаше еден од нивните најдобри поединци Ерера.

Во судиското продолжение од 5 минути Мексико тргна силно напред, но голманот на Црвена Ѕвезда, Борјан, успеа да скроти неколку удари кон неговиот гол.

Веднаш потоа настапи нервозата на Мексиканците, па настана турканица и гужва на теренот. Немирите продолжија и по означувањето крај на натпреварот кога канадските фудбалери и нивниот стручен тим тргнаа да се пресметуваат со Мексиканците.

Погледнете ги последните мигови од овој натпревар во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.