дома блог страница 1845

Честит 23. октомври, денот кога Македонците ја започнале бopбата за своја дpжава

На овој голем ден за нас Македонците, во чест на сите оние кои ја натопиле оваа земја со својата крв, за слобода, своја и за идните поколенија, денес се сеќаваме на сите херои и ги величиме нивните имиња. Од овој ден Македонецот почнал да ја исправа својата глава над острата душманска сабја и организирано да се спротивставува. Ова е денот кога напатениот, измачен и угнетен народ, започнал да ја реализира својата идеја, својата кауза.

Положбата на Македонците и пред тој конгрес не била во ништо подобра, но овој момент од историјата значел продолжување на агонијата, нови агресии, илјадници загубени животи.

Со други зборови Македонскиот народ бил културно, духовно, политички, национално и просветно обесправен.

Ваквата неподнослива состојба, како и пропангандите на соседните народи за асимилација, се причините за формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО).

На 23 октомври 1893 година во Солун, шестмина револуционерни интелектуалци : Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, со цел по пат на вооружена борба да се издвојува автономија за Македонија ја формираат организацијата и го започнуваат нејзиното ширење.

Усвоен бил Устав на организацијата, Централен Комитет ( претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев ), како и мрежа на организации низ поголемите центри на Македонија. Особено организацијата добила на тежина кога кон неа се приклучиле Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев и други револуционери кои ја делеле истата цел.
Цели на организацијата биле следните:

1. Организацијата да е тајна и револуционерна,

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија со нејзините природни и географски граници,

3. Во неа да членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност,

4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономна Македонија и

5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.

Започнала да се реализира паролата “Слобода или смрт за Македонија”. Сите надежи и сите погледи понатаму се вперени кон организацијата и нејзиното дејствување.

Конечно народот Македонски имал свој заштитник, луѓе кои ќе ја спроведуваат правдата на дело и ќе ги шират идеалите за слобода и самостојност.

Следувале Ресенското советување во летото 1894г. кога се формирани трите окрузи Скопски, Солунски и Битолски, па првиот Солунски конгрес во јануари 1896г. кога организацијата била преименувана во (ТМОРО) или Тајна македонско-одринска револуционерна организација.

По овој конгрес забрзано се обучувале и вооружувале чети. Со вооружените сили раководел Гоце Делчев кој го формирал и Четничкиот институт.

На Солунскиот конгрес во 1903 година, во отсуство на Делчев, влијателните луѓе на организацијата Груев и Сандански го наметнале своето мислење за кревање на Илинденското востание на втори август 1903 година.

Токму после овој настан на површина испливале внатрешните превирања, надворешните влијанија, предавствата и меѓусебните пресметки, како и борбата за превласт.

Тоа ја ослабнало организацијата до ниво што голем дел од лидерите биле убиени, а мекедонското ткиво било разединето.

На Рилскиот конгрес во 1905г. организацијата одново претрпува промени, името било заменето со (ВМОРО) или Внатрешна македонска одринска револуционерна организација.

Со вакво име организацијата постоела до 1908 и почетокот на Младотурската револуција кога и дошло до конечен расцеп и нејзин престанок.

Не смеат а да не се споменат значајните битки кој ги водела организацијата со Турците, би ги издвоиле битките кај: Могила, Готен, Трсје, Слива, Ножот, Маргара, Баница, Мечкин Камен, Арменско и мн. други.

Како пандан на претходната организација, кон крајот на 1919 година е формирана и (ВМРО) – Внатрешната македонска револуционерна организација, со Централен комитет (Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев).

И во овој период мисијата била иста автономија или независна Македонија, односно создавање на самостојна држава за Македонците.

Потсетувајќи се на овие денови од Македонската историја во секој еден од нас треба да се развива чувство на гордост, чувство на херојство.

Да вградиме такво чувство и кај идните генерации, за да ја пренесуваат вистината за македонското страдање, но и за македонското бунтовничко спротивставување против угнетувачите тогаш и сега.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ !

Миле Талевски поднecoл ocтавка?

По 6 дена молк од изборниот дебакл и катастрофалниот резултат на 17. октомври сите беа зачудени каде е пратеникот и претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Страшно негативни реакции за неговото однесување по третиот последователен пораз. Најтврдокорните социјалдемократи му префрлаат зошто постапил како дилетант и не им се заблагодарил барем нив за освоените катастрофални 14.000 и нешто гласови.

Погрешната кадровска политика и “приватната” советничка листа доведоа до тоа СДСМ да освои 10 советници од кои половината со втор мандат.

Неофицијално синоќа во присуство на мал број сопартијци што останале околу него од лични интереси, ја депонирал оставката и признал дека тој е веќе пензиониран политичар?

Штаргоски: “Под итно патрола и видео надзор кај езерото, казни за сите дрвокрадци”

Еден од најпознатите новинари од Прилеп, Дарко Штаргоски, со апел до надлежните институции за заштита на шумите околу Прилеп.

-Фотографијава е од 17 часот денеска. Секој ден не престанува масовното уништување на шумите во прилепско. Дневно со нелегало исечени дрва покрај касарните поминуваат и по 30 лади.

Сите државни институции, а пред се полицијата се прават слепи на нештово со децении. Дрвце не остана во прилепско, се за пусти гласови и пари.

Новата локална самоуправа мора да стави крај на овој криминал. Доста е калкулирање со одржувањето на мирот во куќа и пазарлукот за гласови или за незнам што на сметка на нашите шуми.

Под итно поставување 24 часовна патрола кај езерото, видео надзор и пред се казни! За сите од еден до последен! – напиша Штаргоски на ФБ.

Ваквите апели на прилепчани зачестија во изминатиот период на социјалните мрежи, но дрвокрадството и понатаму останува рак рана во нашето општество.

Најдоцна до среда Јовчески ќе го преземе градоначалничкото место

Со оглед на тоа дека ниту една политичка партија не поднесе приговори за изборите во Прилеп, Д-р Борче Јовчески, на кого прилепчани му ја доверија довербата уште во првиот изборен круг, од идната недела го презема раководењето со општина Прилеп.

Според нашите информации Јовчески функцијата градоначалник од се уште актуелниот Илија Јованоски, ќе ја преземе во среда, од кога ќе стартува неговиот 4-годишен мандат.

Во Советот на општина Прилеп ќе членуваат 15 советници од ВМРО-ДПМНЕ, 10 од СДСМ и 2 од Левица.

Шилегов со липање: Не влегов во политиката за да зapaботам пapи, се’ што што сум стекнал во животот е од плата (Видео)

Во синоќешното гостување во емисијата “Само интервју” на “Канал 5” телевизија, се уште актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, истакна дека во политиката не влегол за да заработи пари и дека се’ што стекнал досега е од плата.

-Не сме сите исти. Разбрана е пораката од страна на СДСМ, луѓето се поважни од политиката, да продолжиме Скопје да го движиме напред кон модерна Европска престолнина – истакна меѓудругото Шилегов.

Нови 15 слyчаи со кopoнавиpyc во Прилеп, ова е моменталната состојба

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се четири починати лица од кои две од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани сe 271 оздравен пациент од: Скопје – 120, Куманово – 22, Велес – 15, Крива Паланка- 14, Битола – 12, Штип и Тетово – по 11, Кичево – 10, Кочани и Прилеп – по 8, Кавадарци и Кратово – по 7, Струмица – 6, Гевгелија – 5, Неготино и Свети Николе – по 3, Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод – по 1.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавени лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.

Направени се 3.209 тестови преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-64,
ЦЈЗ Тетово–54, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-115, Биотек-136, Систина-67, лабораторија Лаор-162, Синлаб-19, Ремедика-13, Плодност–22, Генеа-35, Никоб лаб-386, ВФВ Медикал-32, Ели Медика-54, Ројал Медика –8, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.366.

Досега во земјата се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199 057, бројот на оздравени пациенти е 185 931, на починати е 7 019, а на активни случаи изнесува 6 107.

Според епидемиолошки анализи во моментов во Прилеп активни случаи со кopoнавиpyc се 243.

Пак пораснале платите, сега просечната изнесувала 28.642 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен во август годонава изнесувала 28 642 денари и е за 4% повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 %) и Други услужни дејности (12.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5 %), Уметност, забава и рекреација (3.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 %).

Просечната бруто-плата во август 2021 година, пак, изнесувала 42 776 денари.

Каде е Миле Талевски, вечниот гyбитник?

Изминаа пет дена од првиот изборен круг во кој Прилеп избра градоначалник.

Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 7.500 гласови го порази Горан Сугарески од СДСМ и уште од понеделник ќе го преземе раководењето со општина Прилеп.

И додека Сугарески уште наредниот ден се заблагодари на своите гласачи и му честиташе на Јовчески за победата, петти ден од изборниот пораз го нема пратеникот и претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски.

Талевски досега немаше доблест и политичка култура да честита за изборната победа, a заборави и на своите поддржувачи и не се заблагодари за нивната поддршка и активизам.

Речиси во сите општини каде се избра градоначалник во првиот круг, поразените му честитаа на победниците, некои дури и испија заедничко кафе.

За Талевски се чини тоа не е проблем, за него нема зима. Пратеничката плата си тече, а честитките и вниманието кон своите ќе почека до наредните, веројатно вонредни парламентарни избори.

За потсетување, Миле Талевски е избран за претседател на ОО СДСМ Прилеп веднаш после локалните избори во 2017 година.

Како прв човек на општинската организација во Прилеп, Талевски загуби на претседателските и парламентарните избори.

Со поразот во неделата, Талевски постигна хет-трик во изборни порази, па неслучајно членството јавно на социјалните мрежи бара негова итна оставка.

Maкедончиште! Димитар Ѓоргиев е нов светски шампион во кик-бокс!

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик.

Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3-0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славепе и против Никола Николов од Бугарија.

За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.

СИТЕ БОРБИ НА ДИМИТАР ЃОРГИЕВ НА СП 2021 ВО ИТАЛИЈА:

ДИСЦИПЛИНА ЛОУ КИК (до 81 кг.) Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0; Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0

ПОЛУФИНАЛЕ: Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0

ФИНАЛЕ: Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ) 3-0

Веќе стана тренд: Поранешниот претседател на Победа донираше 100 влезници за утрешниот натпревар

Веќе стана тренд, нашинци од дијаспората донираат влезници за натпреварите на Победа

Претходно тоа го сторија прилепчани кои живеат во Австралија, а денеска 100 влезници за натпреварот помеѓу Победа и Детонит Јуниор, кој се игра утре со почеток од 14ч во Прилеп, донираше поранешниот претседател на клубот, Гоце Ингилизов.

Влезниците се во гостилницата “Кај Кекеле”, и секој кој не може да си дозволи да купи билет може да си подигне.