Министерството за образование ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образовени ги објави резултатите од конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2021/2022 година

Резултатите од различните групи на стипендии може да ги погледнете на следниот ЛИНК

-Студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник 30.11.2021 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Добитниците на стипендија кои нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија.

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена – пишува на веб страната од МОН.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.