дома блог страница 1843

Фатен на дело: Прилепчанец yапceн пpи кpaжба во “БМВ”

На 23.10.2021 во 21.30 часот на ул.,,Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки – информираат од МВР.

Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението од МВР.

Човекот кој ќе палеше цркви држеше говор на граѓанскиот собир на СДСМ и даде поддршка за Шилегов (Видео)

Социјалдемократскиот сојуз синоќа во салата Борис Трајковски планираа да оддржат голем граѓански собир. Но, судејќи по достапните фотографии, на СДСМ му се случи катастрофален дебакл додека свое обраќање имаше претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој не успеа да собере ниту 1000 луѓе на тој како што велат тие „голем обединувачки граѓански собир“.

На истиот граѓански собир на СДСМ, говор држеше и Мирко Попов, кој повика на обединување и даде целосна негова поддршка за Петре Шилегов како градоначалник на Скопје.

Истиот Мирко Попов во емисија еден на еден јавно,пред камери кажа вака:
„Доколку ја имам апсолутната власт ќе ги запалам сите цркви под мото никогаш да не се повтори“

Во продолжение може да ја слушнете неговата скандалозна изјава од 07:40 минута.

Исто така, истиот Мирко Попов, на својот Твитер профил пишуваше објави и статуси каде што директно ги навредуваше Албанците.

Борче шири победничка атмосфера и во Битола (Фото)

Новоизбраниот градоначалник на општина Прилеп во посета на Битола, каде оствари средба со кандидатот за градоначалник Тони Коњаноски и голем број битолчани по Широк сокак.

-Го искористив викендот и убавото време да прошетам по Широк сокак во Битола. Се сретнав со Тони Коњановски и остваривме средби со граѓаните – напиша Јовчески на ФБ.

Јовчески веќе во првиот круг победи со околу 7.500 гласови разлика, а Коњановски имаше предност од 1.500 гласа над својот противкандидат од СДСМ, Христо Кондовски.

На 31. октомври во Битола ќе има втор круг од локалните избори, а Коњановски влегува како фаворит.

Во Струга е Мерко, во Скопје е Мирко (Видео)

Хајлајт од синоќешниот собир на СДСМ во Скопје, на кој немаше ниту 1000 членови и симпатизери е настапот на Мирко Попов, кој порача дека тој е хард кор Скопјанец, а за него Скопје е дијагноза.

За него Скопје било дијагноза, а така било и за голем број скопјани…

Koвачки: Гpyпациja од полицajци на 3aeв и Cпacoвcки oд Прилеп договapaле малтpeтиpaње на гpaѓани (Видео)

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната прес-конференција истакна дека според Извештајот на Стејт Департментот на САД, Македонија под водство на Зоран Заев е хибриден режим.

-Еве и зошто. Скандалот кој денес ќе го откриеме содржи информации кои потврдуваат зошто имаме режим. Информациите ни се доставени од загрижени полицајци вработени во МВР кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група. За што станува збор: Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз. Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители, истакна Ковачки на денешната прес-конференција.

Како што рече тој, за изборите било договарано, следење, малтретирање и шиканирање на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачки посочи дека во групата членувале и командирот на ОВР Прилеп – Дарко Цуцулоски, заменикот командир – Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп – Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е личен шофер на советникот на министерот Спасовски – Оливер Лукароски, кој според конверзацијата во групата е главниот налогодавец.

-Злосторничката групација составена од полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на секој кој не го поддржувал СДСМ: „Земете му ја колата и убијте го“, гласи една од координираните наредби во групата.

Во друг дел од брифинзите кои си ги даваат помеѓу себе, Дарко Цуцулоски, командирот на ОВР Прилеп пишува – цитирам:

„Онај од комуналец замина пешки на кутии“, на што Кире Китаноски шоферот на Оливер Лукарески дава насока – „На технички, земете му ја колата“. Додека Александар Крајоски од БПС Прилеп додава – „Крфта да му ја е…“. На тоа Кире Китаноски, шоферот на Оливер Лукароски уште еднаш дава насока – „Земете му ја колата, убијте го, напрајте нешто“, рече Ковачки.

Според него од овие пораки јасно се гледа наредба за шиканирање, малтретирање, одземање на возило за политички причини, и наредба за нанесување на физички повреди и убиство.

Нагласи дека во групата се давани насоки и се договарани и други физички пресметки, како и закани по животот на прилепчани.

-Откако Давор Пашкоски од БПС Прилеп во групата ќе напише – обезбедувањето, Александар Крајоски му одговара – „Е…“ Во продолжение Младен Љољо од БСП Прилеп информира – БМВ црно (0898) АЦ, на што Кире Китаноски шоферот на Оливер Лукароски дава насока и информира – „Му пуштив на Џо едни билдери минатиот пат шо го нашлакаја ќе го посетат за кратко“. А, Давор Пашкоски од БПС Прилеп на тоа додава – „Ќе му прата поздрав и од друга страна“.

Од ова се гледа како високи полициски функционери создавале групи за пресметки и тепање на граѓани кои не размислувале како раководството на СДСМ.

Во целост се злоупотребувани и полициските овластувања за што е можно поголема саботажа на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, во дел од конверзацијата во групата, Борче Црнески од БПС Прилеп информира – Голф ПП (9260) АЦ Мирослав Кусибојски, Пежо ПП (5008) од Проданоски, на што Кире Китаноски шоферот на Оливер Лукароски дава насока – „Барајте купопродажен, полномошно, кој го има законот нека види кој член е, носете го во полиција, колку минути повеќе ги држите – толку помалку ќе однесат, да дојди газдата по возилото ако немаат полномошно“, објави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Холивудскиот актер Ричард Гир ќе сведочи против Матео Салвини

Матео Салвини, лидерот на десничарската Лега во Италија, вели дека судењето ќе се претвори во циркуз, бидејќи како сведок е повикан и холивудскиот актер Ричард Гир.

Салвини беше министер за внатрени работи кога на бродот со мигранти му беше забранет влез на италијанското пристаниште во 2019 година.

Судот во Палермо го одобри списокот на сведоци, вклучувајќи го поранешниот премиер, италијански политичари, но и актерот Ричард Гир, кој во тој период бил во Италија како дел од шпанската невладина организација “Проактива Опен Армс”. Оваа организација ги испрати чамците за спасување, а Гир беше вклучен во испораката на храна за мигрантите на палубата.

“Кажете ми колку може да биде сериозн ова судење кога доаѓа и Риачрд Гир од Холивуд. Тој ќе сведочи колку сум јас лош”, изјави Салвини.

Хрватска постави споменик од Тоше Пpoecки кај Hoва Гpaдишка (Фото)

Хрватска одлучи да посвети споменик за нашиот Тоше Проески кај Нова Градишка во близина на несреќата.

Денеска беше откриен споменикот за македонската икона Тоше.

Moмчиња ce cтeпaле за девojка, едниот завpшил со yбoди

Двајца малолетници се cтепале за девojка, по што едниот со yбоди од ocтap пpeдмет бил пpeнeceн во болница.

„На 22.10.2021 во 17.05 часот во СВР Скопје било пpиjaвено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донeceн малолетник со телecни повpeди од ocтар пpeдмет.

По пpeземени мepки било конcтатиpaно дека настанот се cлyчил околу 16.00 часот на ул.„Џон Кенеди“, а малолетникот бил повpeден од друг малолетник пopaди pacпpaвија за девojка“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(Видео) Куклата Мери од “Проколнатиот музеј” во Британија снимена како се движи

“Проколнатата кукла” Мери која во себе има инсталирано програма за зборување беше снимена како се ниша на стара столица.

Сопственикот на музејот во Стоук вели дека во собата во која е оставена куклата Мери постојано се случуваат паранормални активности.

“Куклата Мери во музејот ја донесе жена од Стафорд, а ја добила како подарок за нејзините деца од некоја постара госпоѓа. Куклата постојано се движи. Се ниша на столицата, скокнува од столицата, па дури и ги придвижи очите од десно кон центар”.

Навивачка реткост во Македонија: ,,Комити” и ,,Војводи” заеднички навиваа на натпреварот Teтекс-Вардар

Навивачките групи „Војводи“ и „Комити“ направија убава атмосфера на братското дерби меѓу Тетекс и Вардар на Градскиот стадион во Тетово.

Двете навивачки групи се збратимени и меѓу нив има само пријателство, пример кој треба да го следат и останатите навивачки групи низ Македонија.

Ова е вистинска реткост, на теренот на играат два клуба, а на трибините нивните навивачи да навиваат заеднички.

Крајниот резултат беше 0:3 за Вардар, но тоа не ја наруши атмосферата на трибините.

Секоја чест!