СДСМ денеска одржува вонредните внатрепартиски избори за претседател на партијата.
Актуелниот претседателот, Зоран Заев излезе и го искористи своето право на глас во општинскиот штаб во Струмица.
Денеска партиските членови и претставници на СДСМ ќе изберат лидер на својата партија .
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев оставката ја најави ноќта на 31 октомври, како чин на политичка одговорност, откако стана јасно дека СДСМ изгуби на локалните избори.Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски,се во трката за лидерската позциција на СДСМ.
Од тројцата кандидати Ковачевски важи за фаворит на Заев .Тој го придружуваше на разговорите со Алтернатива за проширување на парламентарното мнозинство и јавно доби поддршка од неколку челнови од високите позиции на партијата.
Фросина Ременски, смета дека и покрај фаворитите, во Социјалдемократскиот сојуз ништо не е јасно во однос на резултатите во внатрепартиските избори.
Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати , инаку директор Дирекцијата за развој на технолошки зони, вели дека сака да верувам дека трката за лидер на СДСМ почнува од 0:0, и дека право е на лидерот Заев да каже што мисли.
Сите членови на партијата кои поседуваат електронска членска картичка ќе можат да го искористат своето право на глас на 194 избирачки места ширум земјата кои ќе бидат отворени од 8 до 19 часот. Изборите ги спроведува Централна изборна комисија, oпштински изборни комисии и oдбори во сите општински ораганизации.
Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.
На денешниот редовен 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, покрај изборот на претседател на партијата, ќе се донесе и доктрина која ќе биде платформа за идните делувања на партијата. Првата тема во оваа доктрина е како да останат граѓаните во државата, а има теми и од областа на образованието и енергетиката, изјави денеска пред почетокот на Конгресот, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.
На Конгресот ќе учествуваат вкупно 517 делегати, а како што рече Сајкоски, доставена е една кандидатура за претседател, и тоа од страна на Христијан Мицкоски, кој и досега беше на таа функција.
-Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе донесе и документ, акт, политички документ или доктрина која ќе биде платформа за идни делувања на ВМРО-ДПМНЕ. По изборот на претседател, на Конгресот ќе биде избран и статутар на Комисија и Комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, рече генералниот секретар на партијата.
Тој посочи дека во партијата се уверени оти од овој Конгрес ќе излезат уште пообединети, уште посилни и ќе донесат нови победи на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.
-Ние гледаме дека изминатиов период државата е во тешка економска, социјална, здравствена но и енергетска криза која што оди на штета на граѓаните, и покрај тоа нема никаква одговорност. Ние ветуваме дека ќе донесеме одговорност, ветуваме дека следниот период ќе се бориме да ја направиме Македонија една подобра држава за живеење, додаде Сајкоски.
Како што рече, во самата доктрина првата тема е како да останат граѓаните тука во нашата држава, да работат, да не одат во странство и да ја гледаат својата иднина тука.
-Во доктрината има 16 предвидени теми. Понудени се и нови теми во орбазованието, каде што викаме дека треба сите заеднички да застанеме и да изградиме нешто ново во орбазованието, образованието да биде посебен столб со консензус од сите политички партии во држава, за нешто да смениме, да подобриме бидејќи образованието е основа на сите процеси во државата. Исто така, имаме понудено и нови проекти за енергетиката, но и други теми, додаде Сајкоски.
На социјалните мрежи постојано наидуваме на реакции од македонски музичари, како и други работници во полето на културата, кои објавуваат за постојаната, систематска кражба и плагијаризам на македонска народна и современа музика, од страна на бугарски квази-уметници, воедно преставувајќи ја како своја.
Редовноста и организираниот пристап на бугарите, укажува на тоа дека најверојатно станува збор за државна операција на Република Бугарија, а не на индивидуални музичари кои решиле да „се китат со туѓи перја“.
Последен ваков случај се појави на фејсбук, каде музичарот Спасен Силијаноски напиша: – „Се будам утрово и наидувам на криминал без преседан, “браќата” го дрпнале мојот најголем хит и си го претставиле како свој…Очигледно е дека не можат да одолеат на се што е Македонско… Замислете згора на се пишува: “всички права се запазени”….Најболно нешто за еден иноватор е тоа коа некој ке ви го украде вашиот труд, вашата интелектуална сопственост за кој месеци и години не сте спиеле и ќе го претстави како негов, а правото не функционира.“
Бугарскиот културолошки плагијат може да го погледнете на следното видео:
На 09.12.2021 на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговиja со дpoгa и opyжje при СВР Битола ги лишиле од слобода С.О.(48) од Битола и Ш.А.(35) од Прилеп.
При претрес во домот и други простории на С.О., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја.
Додека, при преглед на Ш.А. биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стартот на годинашната тутунска откупната кампања, разочарувачки. По само една недела од почетокот, македонските тутунопроизводители, се’ поуплашени дека и годинава ќе ги снајде ланската судбина. Ова, и покрај убедувањата дека со новиот Правилник за проценка и формирање на откупните цени, донесен пред еден месец, а кој од Сојузот на земјоделски здруженија го нарекоа „историски“, тутунската мака ќе биде вреднува согласно високиот годинашен квалитет на родот – oбјави “АЛФА ТВ”
„Она што не’ убедуваше Сојузот дека тутунот ќе се цени во три класи, на терен не се покажа. Тутунот се цени претежно во дополнителна прва класа и во трета класа и мал дел во втора класа.Тутунарите се повторно разочарани, со оглед на квалитетот кој го имаат во оваа реколта, не се задоволни од годинашната проценка на тутунот“, – вели Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.
Соочени со застрашувачката откупна неизвесност, а поучени од ланските лоши искуства, кога цените беа катастрофално ниски, а околу еден тон од родот остана по амбарите, тутунопроизводителите од пелагониско, годинава побараа и максимално заземање на сите градоначалници од овој регион, со делување преку пред неколку дена формираното заедничко тело за Развој на Пелагонсискиот регион.
„Во ова тело, градоначалниците се од различни политички партии, меѓутоа, тоа е плус да можат сите да се обединат околу тутнската мака на своите граѓани и да бараат од институциите веднаш да реагираат за да не се дозволи повторно да се изврши грабеж врз тутунарите како минатата реколта“, – појаснува Мирчески.
Доколку пак, и овој пат бидат изигнорирани овие нивни барања и откупот продолжи со истиот тренд, тутунарите се закануваат со многу порадикални протрести во споредба со ланските.
„Ние немаме Влада која што со полн капацитет може да ги решава проблемите. Големите партии се зфатени со конгресите. Единствена шанса што ни преостанува е да апелираме до Инсекторатот за земјоделие и до овие градоначалници кои што се во овие општини. Не сакаме да одиме на протести, не ни е тоа целта, меѓутоа ако тоа не се случи ако некој од институциите да реагира во наша заштита, ние навистина немаме друг избор“, – укажува Мирчески.
Инаку, годинашниот род се очекува да тежи околу 19 милиони килограми квалитетен тутун и според тутунарите на пазарот ќе се јави кусок од околу 2 милиони килограми што било причина повеќе откупните цени да бидат значително повисоки од ланските.
Каролина Дурло
Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ фудбалерите на Победа забележаа лесна и убедлива победа над новајлијата во Втората лига-Исток Локомотива од Градско со 4-0, полувреме 0-0.
Во последниот меч од есенската полусезона црвено-белите одиграа онолку колку што хеше потребно за да стигнат до победата, несомнено лесна и убедлива. За противник имаа противник кој сигурно е инфериорен по квалитет а кој во Прилеп дојде само со 11 играчи, без ниту една резерва.
Избраниците на новиот тренер Капинкосвки во порвите 45 минути создадоа само две шанси-Момировски со глава и обидот од пад на Дебрешлиоски. Развојот на настаните во Струмица и водството на на полувреме на Беласица над до тој момент првопласираната Слога од 2-0, како да ги мотивира црвенo-белите за заиграат малку посериозно во продолжение.
Таквиот пристап веднаш вроди со плод и веќе во 47-та минута по додавање на Б.Спиркоски, пропуштена зад себе меѓу нозе од Карчески топката стигна до Момировски кој биеше прецизно во споротивниот агол. Во 62-та Б.Спиркосвски со прецизен удар зголеми на 2-0, 7 минути подоцна Јошески со ефектен погодок ја доиведе Победа во водство од 3-0 а конечните 4-0, со својот втор гол денес, ги постави Б.Спиркоски во 71-та минута.
Победа: Столевски, Бошески Стомнароски (од 78 Кисески-Илијоски), Петкоски (од 25 мин Дебрешлиоски), Ангелески, Карчески (од 72 мин Митрески), Момироски (од 78 мин С.Спиркоски), Дунимаглоски, Петејчук, Јошески (од 72 мин Ф.Спиркоски)и Б.Спиркоски.
Резултати 15 коло: Победа-Локомотива 4-0, Беласица-Слога 3-0 и Кит Го-Саса 0-1. Поради попладвени терени не се одиграа натпреварите: Кожуф-Братство и Детонит-Осогово.
Табела: Победа и Слога по 32, Каменица Саса 31, Беласица 28, Кит-Го 19, Осогово 18(-1), Кожуф 17(-1), Детонит 15(-1), Братство 7(-1) и Локомотива 6 бода.
Пролетната полусезона започнува на 19 февруари 2022 година кога во следното 16 коло ќе играат: Братство-Победа, Саса-Кожуф, Слога-Кит Го, Осогово-Беласица и Локомотива Детонит.
Низ дел од Македонија настана хаос поради снежните наноси. Долги застои, излизгани возила, но и заглавени во снегот поради немање на зимска опрема.
Но, и оние кои имаат зимска опрема, не можат да минуваат поради тоа што патиштата се неисчистени и се лизга.
На превојот Буково, има заглавен и камион. Тој е со приколица, која пак, е излизгана. За среќа, во моментот кога поминувал, немало други возила.
Патот кон Стража и Маврово и натаму е делумно блокиран. Возилата се движат споро, а дел не можеа да го продолжат патот, па се обидоа да се вратат назад.
ФОТО:СКОПЈЕ 1
Полициски службеници ноќеска сопреле пиjaн возач, кој на автопатот Скопје-Куманово, кај фабриката на „Ванхул“, возел со алармантно високо ниво на алкoxoл во кpвта.
Полициjaта го сопрела ноќеска, во 2.58 часот. Му биле забележани 4,14 промили алкoxoл во кpвта.
Oд МВР соопштуваат дека во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив, 52 на територијата на СВР Скопје, 23 на територијата на СВР Битола, 14 на територија на СВР Штип…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.
Градоначалникот Борче Јовчески го потпиша Меморандумот за разбирање како официјален документ за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Советот на Европа и партнерските општини за имплементација на фаза II од Програмата РОМАКТЕД. На конференцијата што се одржа во Скопје, учествуваа градоначалниците на 15-те општини вклучени во реализација Програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво.
Цел на заедничката програма РОМАКТЕД е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници.