дома блог страница 1772

Важно cooпштение од прилепските црковни xpaмови до верниците, по повод празнувањето на заштитникот на градот Св. Никола

Известување до верниците од прилепските црковни храмови

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани. Поради кopoна кpизата и запазување на мерките и протоколите, пропишани од здравствените работници, ве известуваме дека оваа година, ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА, ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКВА, како би се запазиле сите безбедносни мерки.

Она што беше пракса во домовите на верниците, овој пат ке биде во Божјиот дом – Црквата. За да се избегне било какво групирање, веднаш по доаѓањето во црква, ќе се прережува лепчето посветено на светецот на вашиот дом од страна на вашите парохиски (реонски) свештеници. НА 17 И 18 ТИ, ПЕТОК И САБОТА:

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (ПАРАКЛИС) И СВЕТА ПЕТКА – ТОЧИЛА ОД 07.30 ДО 17. 00 часот.

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ОД 7.30 ДО 17.00 часот

За храмовите: СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА), СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) И СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ)
ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ВЕ ИЗВЕСТИМЕ.

Нека ни се за многу години и на помош, заштитниците на нашите домови и семејства, и заштитникот на нашиот град Прилеп во ликот на светителот од куќната слава, Светиот Николај чудотворец

Макс Верстапен е новиот шампион во Ф1

Макс Верстпаен е Формула 1 светски шампион по првпат во кариерата. Холанѓанецот ја доби последната битка со Луис Хамилтон.

Почетокот донесе одличен старт на возачот на Мерцедес. Тој веднаш изби на првата позиција, а потоа се одбрани од нападот на Холанѓанецот, иако излета надвор од патеката. Од Ред Бул веднаш побараа да се реагира и да се врати првото место на својот возач, но стјуардите одлучија да не го испитуваат овој случај.

Долго време Хамилтон немаше проблеми, сè до моментите кога Серхио Перез застана пред него. Во само два круга британскиот шампион загуби седум секунди, па одново се најде на една секунда пред Верстапен.

Клучниот момент на трката се случи кога Џовинаци ја заврши трката, што донесе безбедносно возило. Тоа го искористија од Ред Бул да менуваат гуми на двата возачи. Мерцедес не го направи овој потег, па до крајот Хамилтон мораше да вози со истите гуми.

Нова надеж за Верстапен пристигна кога Латифи направи инцидент и предизвика излегување на безбедносното возило.

На крај возачот на Ред Бул во последниот круг го помина Хамилтон и прв го мина крајот. Британскиот возач се обиде да возврати, но истрошените гуми не му овозможија да се врати на првата позиција.

Божествени фотографии од небото над манастирот Хиландар на Света Гора (Фото)

Небото над манастирот Хиландар на Света Гора, датум 30.11.2021 година:

Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ: Ја доби поддршката од 489 делегати (Видео)

Христијан Мицкоски е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот одржан конкрес.

ВМРО-ДПМНЕ денеска, на 17. редовен партиски конгрес, го реизбра Христијан Мицкоски за претседател. Тој беше и единствениот кандидат за лидерската позиција, а доби поддршка од 489 делегати.

Од присутни 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња.

На конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“, ВМРО-ДПМНЕ најави нова доктрина и кадровски освежувања.

Ajде возачи да ве видиме: Кој има првенство на поминување во оваа ситуација? (Фото)

80% од луѓето даваат погрешен одговор за тој кој има првенство на минување во оваа ситуација…

Што мислите вие, автобусот или автомобилот?

Вашите мислења оствете ги во коментари.

На малата Бисера од Прилеп и’ претстои нова битка: Мора итно на опepaциja и има потреба од сите вас!

Одново и сме потребни на малата ХРАБРА и на сите добро позната Бисера од Прилеп.

После две годишни испитувања и агонии поминати низ нашите болници, на Бисера и’ е дијагностицирана ТЕ ФИСТУЛА.

Тогаш, родителите на Биси одлучија да бараат помош надвор од Македонија. Бисера е сега примена во болница во Турција каде што треба ИТНО да се оперира.

Потребни се 30.000 евра за операцијата, кои што семејството без наша помош неможе да ги покрие. Ве замолувамe кој е во можност и колку може да помогне, за конечно Бисера да може да се радува на животот како и секое останато дете.

За во Македонија, донирајте на бројот:

За корисници на Телеком (143 118), или Жиро сметка 250-5000236270-55 Оливер Ристески, Шпаркасе Банка IBAN code MKD07250780006344648 Swift INSBMK22

За нашинците кои живеат надвор од Македонија можат да донираат на следниот ЛИНК, или на горе наведената жиро сметка.

Нашето денешно кафе/колаче/чаша сок да го дадеме за Бисера – стои во иницијативата за собирање средства за малечката Бисера од Прилеп.

Жално и срамно, со што се’ треба да се соочуваат пожарникарите во Прилеп (Фото)

Далеку е Европа од нас, а уште подалеку од Европа сме ние со вакви поединци помеѓу нас…

Некој несовесен сограѓанин ги запалил контејнерите пред “Могилата на непобедените” во Прилеп, дали намерно или ненамерно не навлегуваме, но жално и срамно е тоа со што се’ се принудени пожарникарите да се соочуваат во текот на нивното работно време.

Јовчески и Коњановски делегати на XVII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ (Фото)

ВМРО-ДПМНЕ денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје го одржува XVII Конгрес на партијата.

Настанот започна во 10:00 часот со регистрација на гостите, на делегатите и претставниците на медиумите, пошто следуваше 3атворениот дел од Конгресот.

На конгресот присутни се и градоначалниците на Прилеп и Битола, Д-р Борче Јовчески и Д-р Тони Коњановски.

Во 17:30 часот продолжува отворениот дел за јавноста, во чии рамки ќе биде и обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдена дpoга во угocтителски обjeкт на Широк Coкак

Полициски службеници од Битола пронајдоа дpoга во угостителски објект, а во текот на ноќта во координација со овластени лица од други јавни институции откриле присуство на лица во угсотителски објекти без сертификати.

Од СВР-Битола соопштија дека синоќа од 23.30 до 02.30 часот направена е контрола од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат, во два угостителски објекти во Битола и тоа еден лоциран на ул.Широк сокак во Битола и еден лоциран на ул.Партизанска во Битола.

-При контролата, во објектот на улицата „Широк сокак“ пронајдена е мариxyaна, две пакувања со бела прашкаста материја и три таблетки. Приведено е едно лице за утврдување на идентитет, а лишени од слобода се и осум лица заради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дpoги, психотропни супстанци. Од Државен пазарен инспекторат констатирани се неправилности односно утврдено е присуство на пет лица без Koвид сертификати и за тоа ќе следат соодветни поднесоци, информираат од СВР-Битола.

Во соопштението се нагласува дека во објектот на улицата „Партизанска“ констатирани се прекршоци, карање, викање и дрско однесување и нарушување на јавен ред во пијана состојба. Лишено од слобода е едно лице заради спречување на службено лице при вршење на должност, а од Државен пазарен и инспекторат констатирано е присуство на едно лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид сертификат.

Сообраќајка во Прилеп: Со автомобил yдpил во пешак и избегал од местото на нecpeќата

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Прилеп. Cе работи на расчистување на случајот.

На 11.12.2021 во времето од 14.30 часот до 17.30 часот во Прилеп на крстосницата од ул.Петар Ацев и ул.Партизанска извршен е увид поради случена сообраќајна нecpeќа во која патничко моторно возило „фолксваген голф“, удирило во пешакот А.Т.(33) од с.Заполжани. Лицето е пренесено во општата болница во Прилеп каде му се констатирани тешки тeлecни повpeди.

Возачот веднаш го напуштил местото на нecpeќата.