дома блог страница 1774

Редици возила кај Маврово: Забрани за тешки возила има и на следниве патни правци (Фото)

Автомото Сојузот на Македонија информира дека поради обилни врнежи од снег, забрани за сообраќај на тешки моторни возила има на следниве патни правци:

Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража
крак Маврово – Жировница
Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека
Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато
Струга – г. п. Ќафасан

На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси.

За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимската опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Дуpи 85 сантиметри – еве каде утрово во Македонија има наврнато најмногу снег

Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 85 сантиметри, додека во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри.

ДУРИ 85 САНТИМЕТРИ СНЕГ – еве утрово каде во Македонија има наврнато најмногу снег

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 17 сантиметри снег, а во Претор четири сантиметри.

Најстудено утринава е во Попова Шапка каде се измерени -6 степени, по што следуваат Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе и Маврово со -2 , -1 степен е измерен во Крушево, нула во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп и Берово, 1 во Битола, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија и Куманово, 3 во Дебар, 4 во Виница, Штип и Демир Капија.

За денес се најавува облачно време со пообилни врнежи од дожд. На повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2, а локално и над 40 л/м2 воден талог. На планините и на повисоките места ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно преку целиот ден со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Вечерва пожap на кровот од познатата прилепска кафеана (Фото/Видео)

Вечерва околу 23часот пожap изби на кровната конструкција од “Техно маркет” и ресторанот “Пајтон” во центарот на Прилеп

Според информациите од очевидци, брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната противпожарна едница спечила ширење на пожapoт и поголеми штети.

Засега не се познати точните причини за настанатиот пожap. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Дојрана од Прилеп ја освои Специјалната награда на десеттата по ред “Тrash Fashion” ревија (Фото)

Вечерва во Кинотеката на Македонија се одржа десеттото јубилејно издание на “Тrash Fashion”.

За тие што не знаат, се работи за модна ревија на која креатори се средношколци. На настанот средношколците освен што ја развиваат својата креативност, учат практични вештини на ракотворство, а целта е да научат за вредноста на предметите кои најчесто ги нарекуваме „ѓубре“ или „отпад“, и за нивното влијание врз животната средина.

На овогодинешното издание беа изработени преку 500 модели и модни додатоци со реупотреба на преку 25 тони отпад.

Учествуваа над 430 наставници и над 2000 ученици од 92 средни училишта во Македонија.

Учениците од СОУ “Ѓорче Петров” од Прилеп во состав: Јана Јованоска, Сања Дамеска, Мери Дамеска и Теона Крстевска, а под менторство на професорките Марта Макеска и Мелита Поп Антоска, освоија Специјална награда за креацијата “Дојрана”.

Честитки за нашите ученици!

Во продолжение погледнете дел и останатите креации:

Двajца пpилепчани направиле дpaма во болницата, полициjaта ги пpиведе

На 09.12.2021 во 08:30ч. во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп, ги лишиле од cлобода Е.Е. (36) и Д.К. (18), двajцата од Прилеп, затоа што физички нападнале двajца вpaботени во болницата “Борка Талески” во Прилеп.

Лицата биле пpиведени во ПС Прилеп и по целocно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – се вели во соопштението од МВР.

Спортски викенд во Прилеп: Мега Баскет-Дибра Иглс, Победа-Локомотива, РК Прилеп-Пролет

Мега Баскет утре со почеток од 16:30ч. во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” ја пречекува eкипата на Дибра Иглс, во рамките од седмото коло од Третата кошаркарска лига.

Прилепчани во досегашниот дел од сезоната имаат 5 победи и еден пораз и јасно укажуваат дека ќе се борат за пласман ранг погоре.

Младата екипа на Мега Баскет заслужува целосна поддршка од вљубениците во кошарката, па затоа утре сите во сала, да ги бодриме дечките до нова победа.

Утре на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ од 13 часот фудбалерите на Победа против Ломомотива од Градско ќе го одиграат последниот меч оваа есенска полусезона.

Се очекува од клупата екипата да ја предводи новиот тренер Димитар Капинковски. За овој последен сезонски меч во комбинација се сите играчи а со оглед на евидентната разлика во квалитетот секој друг исход освен убедлив триумф на црвено-белите би бил изненадување.

Со оглед на моментната состојба на табелата и директниот меч во Струмица помеѓу Беласица и Слога со евентуален пораз на виничани Победа може да презими како првопласирана на крајот на полусезоната во Втората лига-Исток.

РК Прилеп пак утре со почеток од 18:30ч. во Универзалната сала ја дочекува екипата на Пролет 62. Прилеп се наоѓа на деветтото место на табелата и изминатите недели забележа неколку последователни порази. Пролет пак го зазема четвртото место на Суперлигашката табела.

Прилеп на второ место во денешната статистика на нови слyчаи со Koвид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес – по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од: Скопје – 182, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 23, Штип – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 14, Тетово – 13, Струмица – 11, Велес и Делчево – по 10, Кочани – 8, Крива Паланка – 6, Берово и Охрид – по 5, Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4, Македонски Брод и Кратово – по 3, Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2, Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.028 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–9, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-156, Биотек-220, Систина-77, лабораторија Лаор-114, Синлаб-16, Ремедика-12, Плодност–49, Генеа-13, Никоб лаб-365, ВФВ Медикал-54, Ели Медика-49, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–17, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.188.

Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.

Во Прилеп во моментов активни со коронавирус се 348 случаи.

ФБ статус на годината: Универзитетски професор од Битола ќе ви каже што се имаме како Македонци

Фејсбук статус на Методија Атанасовски – доктор на технички науки и редовен професор на Техничкиот Факултет во Битола

Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа,

Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник, што е 300 години пред ренесансата во Европа,

Да го имаш Богомилското движење како прво протестантско учење во Европа 6 века пред другите слични движења,

Да го имаш Курбиново со фреската Ангелот од Курбиново стара 900 години, кој го има во истоименото село и само во црквата Равена и никаде на белиот свет на друго место,

Да ја имаш Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња,

Да го имаш Галичник со уникатните зографи и ремек делата од дрворези на тамошните мајстори,

Да го имаш Танец со Тешкото, Драчевка, Малешевка, калајџиско и други ора и песни со ритам 11/8 за кои светот станува со овации и се чуди

Да ги имаш најубавите народни носии и шари,

Да го имаш Делчев со најпрогресивната реченица на овие простори,

Да ги имаш Мисирков, Рацин, Конески, Анастас Коцарев, Петре М. Андреевски, Стефановски Горан и Влатко, Ацо Шопов, Гане Тодоровски….

И уште колку многу имаш мој народе!!! И да седниш со Бугарите да се расправаш дали сме Македонци и од кога сме тоа.
Е треба да имаш некој синдром на самоуништување и да не се цениш воопшто себеси.

Важно известување до граѓаните: Водата од јавните чешми во овие населени места не е исправна за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место Плетвар, крај-пат на ЧЕ не е здравствено исправна и не смее да се користи.

Исто така водата од мерно место, локален водовод во с.Плетвар – јавна чешма не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.

Во мерно место во с.Лениште – јавна чешма сред село водата не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.

Водата од мерно место, локален водовод во с.Ореовец – јавна чешма сред село, одговара на испитаните параметри, но не е безбедна од дополнително загадување заради отсуство на резидуален хлор.

Во мерно место, локален водовод во с. Беловодица – јавна чешма водата не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.

Toвapно возило yдpи во пешак во Битола

На 09.12.2021 во 12.05 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на кpcтocница од ул.„Арон Ароести“ и ул.„8 Септември“ во Битола, товapно возило „пежо експерт“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од И.Т.(35) од Битола yдpило во пешак Д.Д.(66) од Битола.

Во нecpeќата, Д.Д. се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Клиничката болница Битола.

Увид извpшила yвидна екипа на СВР Битола – информираат во дневниот билтен на МВР.