дома блог страница 1769

Виcтинcки sвep: Погледнете во каков Мерцедес ќе се вози наследникот на Ангела Меркел (Видео)

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе добие нов службен автомобил со специјална заштита.

„Mercedes-Benz S 680 Guard“ е целото име на блиндиран автомобил кој ќе ги чини германските даночни обврзници најмалку 547.400 евра.

Инаку, овој модел не е направен исклучиво за Шолц, како што е случајот со некои слични државни лимузини, како онаа што ја користи американскиот претседател. Возилото е достапно за сите оние кои можат да си го дозволат.

За обичната „S“ класа потребни се 50 часа работа, а за „Guard“ – 50 дена!

Сè започнува со изградбата на „кафез“ од специјален челик, карбонски влакна и стакло ламинирано со непробојна фолија дебела десет сантиметри.

Потоа на возилото се монтира фабричката каросерија. Резултатот ги исполнува највисоките стандарди: државните инспектори испукале над 300 истрели од автоматска пушка во лимузина и активирале 12 килограми пластичен експлозив до неа пред да и дадат сертификат „VR10“.

Покрај балистичката заштита, оваа „S“ класа има и гуми отпорни на дупчење, автоматски апарат за гаснење пожар и систем за воздух кој може да спречи навлегување на отровни гасови.

Идејата била да се задржи формата на производот бидејќи повеќето од овие возила „Mercedes“ ги продава на клиенти кои се во опасност, како шефови на држави, кои сакаат да останат незабележани од јавноста.

„Mercedes“ за „Guard“ го користи и најмоќниот мотор што се нуди – „6.0 V12“ со 450 kW / 612 КС.

Просечно троши 19,5 литри бензин.

Додека стандардната „S“ класа постигнува електронски ограничени 250 km/h, „Guard“ „едвај“ достигнува 190 km/h, но со маса од 4,3 тони тоа е разбирливо.

Поради зголемената тежина и многу технологија,„ Mercedes “им нуди на клиентите посебен курс за возење за овој модел.

Пратеникот кој се пишманеше: Алтернатива да размисли за учеството во Владата ако нема датум за преговори со ЕУ!

Првиот „пишман-аџија“ од потписниците на иницијативата за интерпелација на Владата на Зоран Заев, пратеникот Скендер Реџепи-Зејд, го заниша и бродот на кој тукушто се качи неговата партија Алтернатива.

„Според информациите, може да се очекува земјава да добие датум за преговори до крајот на декември, но и за тоа можноста е мала. Сепак, останува јануарската опција со која ќе дојде и новата влада. Доколку тоа не се случи, Алтернатива треба сериозно да се преиспита во однос на креирањето политики како дел од Владата“, изјави Реџепи за весникот на албански јазик „Љајм“.

„Мора да се размисли! Сериозно велам. Јас ќе бидам тој што ќе го крене мојот глас, затоа што тоа е една од клучните точки и ако се види дека тоа е малку веројатно, тоа треба да биде дел од разговорите за да видиме што понатаму“, додаде тој.

Извор: “Експрес.мк”

Ќе ce вакциниpaaт и децата: Bладата донece одлyка за набавка на 10.000 дози за деца на возpacт од 5 до 12 години

На денешната 127-ма седница Bладата денеска ја усвои информацијата за набавка на вakцини пpoтив KOBИД–19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вakцини од производителот Фajзep (Pfizer), во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1% од вкупниот број деца во Република Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.

Набавката на оваа количина вакцини против КОВИД-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.

Kличко: Ce подготвyваме за вojна од Pycиja

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја повика меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина поради, како што тврди, опасноста од руска инвазија.

– Се подготвуваме низ целата земја дека може рускиот претседател Владимир Путин да даде наредба за војна, напиша Кличко во авторскиот текст објавен во германскиот дневен весник „Билд”.

Поранешниот светски шампион во бокс нагласи дека како војник еднаш се заколнал оти ќе ја брани државата и рекол дека е подготвен да се бори за својата татковина.

Тој напиша дека како градоначалник на украинскиот главен град организира цивилна заштита, а неговите градски власти веќе започнале со интензивирање на регрутирањето и обуката на резервистите за територијална одбрана.

– Ние сме европска земја на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било, заклучи Кличко.

Голем хуман гест на Еурофарм Пелистер кој ќе израдува еден куп дечиња: Повик до навивачите да понесат плишани играчки на натпреварот со Вардар

РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година.

-Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот), на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории.

Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот – се вели во соопштението од клубот.

Промоција на книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од Зоран Пејковски

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше промовирана книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски.

На промоцијата на ова книжевно издание посветено на творештвото на Конески, кое е само неколку дена пред одбележувањето на 100 години од раѓањето на Блаже Конески покрај другите гости присуствуваа и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Совет, Дејан Проданоски и претставници од Фондацијата „Небрегово“.

Книгата „ Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски редовен академик на Руската федерација, драматург, публицист, писател, зборува за творештвото на Конески од агол кој не е често користен, издание кое е значајно и според предметот на истражувања и според резултатите кои ги нуди, вели д-р Мишел Павловски.

Зоран Пејковски е автор на над 20 драмски дела, на над 20 поетски книги, еден роман, 3 публицистички книги, 4 научно истражувачки книжевни дела од областа на театрологијата и на над 20 трудови од областа на научната мисла, на литературни критики и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.

Добитник е на повеќе домашни и странски награди, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста што ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при ЕУ.

Стигнаа и броевите за донации: Ајде сите заедно да и’ помогнеме на малата Бисера од Прилеп да ја добие и оваа битка

После две годишни испитувања и агонии поминати низ нашите болници, на Бисера и’ е дијагностицирана ТЕ ФИСТУЛА.

Тогаш, родителите на Биси одлучија да бараат помош надвор од Македонија. Бисера е сега примена во болница во Турција каде што треба ИТНО да се оперира.

Потребни се 30.000 евра за операцијата, кои што семејството без наша помош неможе да ги покрие. Ве замолувамe кој е во можност и колку може да помогне, за конечно Бисера да може да се радува на животот како и секое останато дете.

За во Македонија, донирајте на бројот:

За корисници на Телеком (143 118), за корисниците на А1 (143-478)

или Жиро сметка 250-5000236270-55 Оливер Ристески, Шпаркасе Банка IBAN code MKD07250780006344648 Swift INSBMK22

За нашинците кои живеат надвор од Македонија можат да донираат на следниот ЛИНК, или на горе наведената жиро сметка.

(ХИТ ВИДЕО) Паднав во дупка, двете гуми ги pyшив и кај гpoбиштана ја yдpив колана, сега кој че плати?

Пред четири дена жителите на седум струшки села, кои гравитираат на потегот кон граничниот премин Ќафасан, со 30 минутна блокада на магистралниот пат Струга – Ќафасан искажаа револт за лошата состојба на коловозот и неисполнетите ветувања за негова реконструкција.

Тврдат дека секоја година добиваат ветување за реконструкција на овој патен правец, но добивале само лошо санирање на дупките, кои се небезбедни за сообраќај.

Сепак „шоуто“ го украде еден млад дечко со објасунување како изгледа патот, кој на крајот ги изгуби нервите со новинарите.

Конкypcи за 200 вpaботyвања – можно е да има и за “маткачи” и шофери на лифт?

Во моментов се активни повеќе огласи за вработување на над 200 лица во јавната администрација.

Притоа, денес е последен ден за аплицирање на огласот за вработување 6 службеници во Агенцијата за храна и ветеринарство, додека на огласот за вработување во Агенцијата за вработување можете да аплицирате до утре.

Огласот за вработување во Министерството за култура е активен до петок, додека оној за вработување во КПУ Затвор Скопје е активен до 20 декември.

За вработување во Државното правобранителство можете да аплицирате до 21 декември, а на оној за во Министерството за економија до 23 декември.

Министерството за правда има еден отворен оглас кој ќе биде активен до 23 декември, а Министерството за труд и социјална политика вработува 10 службеници и тој оглас е активен до 24 декември.

Веќе следниот ден, на 25 декември, се затвора огласот за вработување во Агенцијата за цивилно воздухопловство, но и два огласи за вработување во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, од кои едниот е за вработување на 15 службеници.

28 декември, пак, е последниот ден за аплицирање на огласите за вработување во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое вработува 166 службеници, и во ПИОМ.

Извор: “ФАКУЛТЕТИ.МК”

Уaпceна жена од Битола: Се бapaла за извpшена тешка кpaжба

На 13.12.2021 во 12.00 часот во Радовиш, полициcки cлyжбеници од Полициcка cтаница Радовиш ја лишиле од cлобода М.Е.(42) од Битола.

За неа била pacпишана потepница за издpжyвање kaзна затвop од една година за стopeно кpивично дело „тешка кpaжба“.

Лицето било спpoведено во Kaзнено – попpaвна ycтанова „3aтвop Идpизово“.