Владата на денешната седница го разреши поранешниот премиер Владо Бучковски од должноста специјален претставник за Република Бугарија, дознава Фокус од високи владини извори, пренесува Фокус.
Според нив, ваква точка поминала како дел од дневен ред за кадровски прашања, без притоа да се наведат причини за разрешувањето.
Инаку, владата на Зоран Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник за Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји.
Извор: Фокус