дома блог страница 1768

Затоа сите го почитуваат: Јовчески работниот ден го започна со кафе со комуналците кои го поправаат плоштадот “Александрија” (Фото)

Почетокот на работниот ден градоначалникот на oпштина Прилеп, Борче Јовчески го започна со работна – кафе средба со дел од вработените во ЈКП „Комуналец“.

На средбата која беше во центарот на Прилеп, градоначалникот Јовчески од страна на вработените кои се работно ангажирани беше запознат со текот на градежните активности околу промена на оштетените плочки на дел од плоштадот „Александрија“.

Ова е еден од проектите кои во својата програма ги вети прилепскиот градоначалник а треба да се реализираат во првите 100 дена од неговиот мандат.

Во зависност од динамиката на одвивање на активностите околу промена на оштетените плочки планирано е да се работи и на „Арт“ плоштадот, плоштадот „Методија Андонов –Ченто“ како и во Старата прилепска чаршија.

СДСМ одлучи: Нема пари за К-15 за буџетарите

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.

– За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими, прашан дали има предвидено пари во Предлог-буџетот за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Во неделата, Сојузот на синдикати на Македонија одржа протест, изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законот за прогласување на недела за неработен ден и барајќи зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останати плати. Дел од барањата на синдикатот беа и враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите работници во Општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи.

Вечерва РК Прилеп го пречекува Скопје: Шанса за нов триумф и нови бодови

Денеска со почеток од 18:30 часот на програмата е 15. коло од ракометната Суперлига, во чии рамки Прилеп го пречекува Скопје.

За тимот на тренерот Горан Кузманоски ова е шанса за победоносна мини-серија, со оглед на претходната победа, во саботата, над Пролет.

Во овој случај прилепскиот состав ја има улогата фаворит, ако се има предвид билансот од 5 победи и 9 порази, наспроти Скопје, кои имаат 1 победа и 13 порази.

Но, потценување не смее да се случи, бидејќи и Скопје не игра без мотиви, а тоа го покажа на последниот дуел кога забележа триумф над Радовиш.

Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ судии се: Димитар Ѓорѓиевски и Дејан Ѓорѓиевски, делегат Љупчо Јаневски, сите од Скопје.

Натпреварот вечерва од 18:30 часот може да се гледа на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=-HRe62AAsH0

Дозволено е присуство на гледачи до 50% од вкупниот капацитет на салата.
Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација.
Задолжитено е носење на заштитна маска.
На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!

Победнички викенд за екипите на Младост 96

Викендот што измина беше последен од есенската полусезона во пинг-понг, за Суперлигашите и во машка и во женска конкуренција.

Актуелниот шампион Младост96 есенската полусезона ја заврши на второто место со еден пораз од Крива Паланка 2007, додека женската екипа на Младост96 со сите победи без пораз е на првото место на табелата, но има еден заостанат натпревар со екипата на Кр.Паланка, и со таа победа би биле есенски шампиони.

На последниот турнус се одиграа 8 и 9 коло, каде Младост96 одигра натпревари со Рисови, извојува победа со 4-0, и го одигра заостанатиот натпревар со Телеком Нец, каде победија со 4-2.

Во натпреварот со Рисови екипата рутински триумфираше во состав: Костадиновиќ, Рикалоски, Стомнароски и Костовски. Сите постигнаа по една победа.

Во вториот дуел се очекуваше сигурна победа, но на овој натпревар Костадиновиќ претрпи пораз од српскиот играч во Телеком Нец, Милош Миленковиќ, и тоа убедливо со 3-0.

Составот со кој настапи Младост96 беше: Костадиновиќ (кој извојува една победа и пораз), Костовски (извојува две победи), и Александар Рикалоски (кој го доби решавачкиот натпревар со Михајловски со 3-1, а претходно загуби од Миленковиќ).

Женската екипа овој викенд одигра натпревар со Берово и извојува убедлива победа со 4-0. За клубот настапија: Гвозденовиќ, Михаилов и Богоеска.

Интересно е тоа што овој натпревар се одигра во Нови Сад, каде Македонската репрезентација и неколку други клубови учествуваа на силен турнир во Војводина.

На Новогодишниот турнир во Нови Сад играчите на Младост96 освоија три медали. Катарина Гвозденовиќ беше прва во јуниорска конкуренција и втора во екипното натпреварување со клубот Домбош, додека Катарина Михаилов беше трета во екипна конкуренција, заедно со Ана Стојановска настапуваќи за Македонската репрезентација.

Oва се луѓето кои ќе одлучуваат за работењето на Јавните претпријатија во Прилеп: Избрани управните и надзорните одбори

Советот на општина Прилеп ги избра членовите на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија и институциите под надлежност на општината.

За членови во Управниот одбор на ЈКП ’’Водовод и канализација’’ Прилеп се именуваат: Дарко Ацески (M-р економист), Зоран Петрески (Доктор на науки по јавен менаџмент), Горан Илиески(Дипломиран правник), Никола Габроски (Дипломиран правник), Благица Трајческа (Дипломиран инжинер -технолог), Денис Трајчески (Дипломиран економист), Филип Попоски(дипломиран правник)

За членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП,,Водовод и канализација’’Прилеп се именуваат: Павлинче Матеска(дипломиран економист), Игор Соколоски(Дипомиран економист), Александар Милески(Магистер по право), Соња Николоска (Дипломиран електро инжинер), Габриел Станчески (Магистер по право)

За членови во Управниот одбор на на ЈКП ,,Комуналец’’Прилеп се именуваат: Гордана Тошеска (Дипломиран машински инжинер), Трајче Димитриоски (Дипломиран економист), Јована Насеска (Дипломиран правник), Марија Попова-Јованоска (Дипломиран правник), Иле Тасески (Дипломиран економист), Александар Алексоски (Дипломиран економист), Тони Блашкоски (Дипломиран економист), Атанас Белoкоски (Дипломиран економист), Мики Крстев (Дипломиран правник)

за членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП,,Комуналец’’Прилеп се именуваат: Милена Цветкоска(Дипломиран економист), Иван Младеноски(Дипломиран економист), Александар Маркоски (Дипломиран правник), Мила Петреска(Дипломиран економист), Илија Ристески (Дипломиран архитект)

За членови во Управниот одбор на на ЈП за ПУП Прилеп се именуваат: Слободан Ѓорѓиоски(Дипломиран електро инжинер), Звездан Карески(Дипломиран градежен инжинер), Снежана Парапанска (Дипломиран економист), Никола Ржаникоски(Дипломиран рударски инжинер), Златко Талески(Дипломиран архитект)

За членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп се именуваат:
Кети Бикоска(Дипломиран економист), Зоран Тодороски (Земјоделски факултет – Агроном), Александар Николоски (Дипломиран сообрајќаен инжинер), Александар Ѓорѓиоски (Дипломиран економист), Коста Миоски (Инжинер по електроника)

За членови во Управниот одбор на на ЈКП ,,Пазари” Прилеп се именуваат: Билјана Ристеска(Дипломиран економист), Антонио Талески (Софтверски инжинер), Борче Базеркоски (Земјоделски факултет-Агроном), Силвија Николоска (Магистер по економија), Звонко Талески(Дипломиран електро инжинер)

За членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП,,Пазари’’Прилеп се именуваат: Благојче Бошев(Дипломиран правник), Јордан Чавлески(Дипломиран информатичар), Рубинчо Петрески(Магистар по стратегиски менаџмент), Игор Ламбески (Дипломиран економист), Анета Наумоска (Дипломиран економист)

За секој дом да биде весел: Донирајте во овие маркети низ Прилеп, за секој дом да добие празнична трпеза

Факултетското студентско собрание на Економски факултет-Прилеп во соработка со Здружението “Епилепсија Македонија” oрганизираат хуманитарна акција.

“Почитувани сограѓани, пред нас се Новогодишните празници и секој од нас заслужува да ги дочека со своите најблиски, во топол амбиент и скромна трпеза со храна.

За таа цел традиционално и оваа година Факултетското Студентско Собрание на Економски факултет – Прилеп во соработка со Здружение Епилепсија Македонија организира хуманитарна акција за собирање на храна и средства за лична хигиена.

Во периодот од 15-22 Декември секој од нас во зависност од можностите може да донира во маркетите коишто се наведени во овој пост, односно во поставените кошнички во маркетите кои ќе бидат обележани со нашите постери.
Сите кои што сакаат да помогнат на било кој начин може да не контактираат во Inbox или на емаил адресата: [email protected]

Сите собрани производи ќе бидат соодветно распределени и поделени на оние семејства на кои навистина им е најпотребно.

За таа цел го замолуваме секој од Вас којшто е во можност да ја поддржи оваа хуманитарна акција и заедно да направиме незаборавни среќни моменти.

МАРКЕТИ КОИ ЈА ПОДДРЖАА ОВАА АКЦИЈА:

БОНИТА НИНЕ, ЏИМИ МАРКЕТ, ШОПЕ МАРКЕТИ, СИМАРА ТРЕЈД, ПАТА МАРКЕТ, ФУТУРА, СТИБЕРА, ТОБАКО ДИСКОНТ, МОЕ ПАЗАРЧЕ, ГОНИТО МАРКЕТИ, КОШНИЦА, МЕШЕ МАРКЕТ, ПАНО МЕГА МАРКЕТ ФОРУМ МАРКЕТИ, АНГРОМАРКЕТИ-БИТОЛА

Огромна благодарност и до АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ за донацијата на пакети со нивни производи”, стои во соопштението.

BMPO-ДПМНЕ: Ќе ги намалиме даноците, данокот на добивка и персоналниот ќе бидат 8%

Нов договор за ниски даноци, мала невработеност и силен раст на економијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ почнува со втора епоха во политичкото делување, што ќе го одбележи со заедничкиот патриотизам и нов договор за напредок на општеството.

Гарантираме намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, како и 0% данок за младите.

Ниските даноци ќе бидат мотор за намалување на невработеноста која мора да биде едноцифрена.

За економски раст потребна е борба против корупцијата. Македонија мора да биде на листата на првите 50 држави на листата на Транспаренси кои се борат против корупција.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора врата до мудрите луѓе на Македонија, да помогнат да ја вратиме надежта и енергијата во општеството и државата како што ја имало кај граѓаните кога се формирала државата.

Македонија во догледно време мора да има стандард како една Австрија. Државата мора да биде дел од ЕУ“, се вели во соопштението.

Бучковски: “Со промена на учебниците ќе влеземе во ЕУ”

Специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски во Тема на денот во Дневникот на Сител смета дека предлозите на бугарскиот премиер Кирил Петков се добра основа.

Со пapите од пpoметот играл на апapaти и им давал и на другите да играат: Потрошил речиси 600.000 денapи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Тој, во периодот 02/03.11.2021, како вработен во спортска обложувалница во Охрид, противправно присвоил пари од прометот, од кои дел искористил да игра на VLT апарати, а дел ги давал на играчите кои биле присутни во обложувалницата.

На тој начин, пријавениот го оштетил правниот субјект во вкупен износ од 568.886 денари.

Иновација во Прилеп, плевна на колца (Видео)

Без сигнализација, без светла, тешко на тој што нема да го забележи на патот…