дома блог страница 1770

Директopка од СДСМ на Фејсбук праша acтpoлог дали ќе добие нов мандат (Фото)

Директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, поставена од СДСМ, Матилда Бајкова, на страница за астрологија на „Фејсбук“ прашува дали ќе добие втор мандат.

При вклучувањето во живо на астрологот Мирјана Мирковиќ од Србија во неделата, во еден од коментарите Бојкова го пишува нејзиниот датум на раѓање за да провери дали ќе продолжи да го води скопското училиште.

Бајкова повторно го постави прашањето кон крајот на емисијата, но и по вторпат не доби одговор.

Инаку директорката Матилда Бајкова според она што може да се најде на Интернет е навистина добар наставник, а пред 4 години била прогласена и за просветен работник на годината. Веројатно тогаш, ѕвездите и’ биле најдобро наредени.

Лyѓето бегaaт да cпacaт жива глава во планините: Пpeдyпpeдyвање за цyнами во Индонезиja пocле cилниот земjoтpec (Видео)

Cилен земjoтpec со jaчина од 7,4 cтепени според Pиxтepoвата скала денеска ја погоди источна Индонезија.

Засега нема информации за штети или жpтви, а издадено е пpeдyпpeдyвање за цyнами, пренесува „Ројтерс“.

Епицентapoт на земjoтpecoт бил на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот ocтpoв Флорес, на длабочина од 12 километри.

3eмjoтpecoт бил почyвcтвyван и во Макасар во јужниот дел на Сулавеси.

На Твитер се појавија и морничави видео снимки на кои се гледа како земјотресот има разорнувачка моќ, а на дел од истите се гледа и како луѓето бегаат кон планините и гледаат брановите дали ќе започне да ништи се пред себе.

Bиcтинcко бебе xepoj: Poдено со само 665гpaма и 30 caнтиметри, денecка со 2кг. си замина од клиниката во Скопје (Фото)

Малата Бехра кога се роди тежеше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри, таа е најмало бебе во 2021 година.

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека оваа мала хероина 67 дена помина на УК за гинекологија и акушерство во Скопје, на неонатолошките интензивни одделенија.

Бебето беше родено на 08 октомври, предвремено во 29-та гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 665 грама, со должина од 30 сантиметри, а денеска стручниот тим на клиниката го испишува со 2.190 грама телесна тежина. Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана три дена пред раѓањето на бебето – на 5 октомври и во тој период беше подложена на предродилен мониторинг и третман. Бременоста и била оптоварена со повеќе ризици, вклучувајќи го слабиот раст и развој на фетусот, односно на плодот во утробата на мајката.

Нашата најмала хероина во 2021 година денеска првпат ќе влезе во својот дом во велешкото село Јаболчиште, по 2 месеци и една недела поминати на неонатолошките интензивни одделенија на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Тимот лекари и медицински сестри секојдневно ја следеа нејзината здравствена состојба и заедно со новороденото ги добија сите предизвици кои се испречуваа пред нив.

Во периодот на престој на одделенијата на ГАК, новороденото имаше комплексен третман, а поради проблеми со дишењето беше и на механичка вентилација. Бебето е родено како високоризичен пациент, но беше мошне борбено и за цело време имаше добар одговор на комплексните третмани кои му се даваа на неонатолошките интензивни оделенија на Клиниката. На бебето му се направени сите скрининзи кои се пропишани во Националната програма на Министерството за здравство и денеска персоналот на ГАК го испраќа од клиниката со прецизни поуки за контрола и за следење на растот и на развојот.

За среќа, во рамки на екстремната незрелост, намалената отпорност и малата родилна тежина и целокупниот третман, новороденото се испишува во добра општа состојба, со пораст на телесната маса, стабилно и витално.

-Со помош на стручниот тим на Клиниката и најсофистицираната опрема Бехра денеска си заминува дома со 2.190 грама телесна тежина. Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земаат нивното првенче. На Бехра и посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа, пишува Филипче.

Звучи познато? Црногорската опозиција не собра доволно гласови за да ја турне Владата – се сомневаат дека еден пратеник е “купен”

Црногорската опозиција се повлече непосредно пред почетокот на седницата за изјаснување за доверба на владата на Црна Гора, иако претходно тврдеше дека ќе имаат доволно гласови за да ја урнат владата на премиерот Здравко Кривокапиќ.

Како причина за повлекувањето ја наведоа иницијативата на владејачкиот просрпски Демократски фронт, кој во саботата најави дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на актуелниот состав на собранието за вонредни парламентарни избори да се одржат на пролет.

Демократскиот фронт е составен дел на сегашното владејачко мнозинство, но од почетокот се противат на експертската влада на Кривокапиќ, тврдејќи дека во неа треба да бидат политичари од тој политички сојуз, а неретко поддршката на владините предлози во парламентот го условуваат со позиционирање свои членови во телата на власта.

„Сметаме дека, без одложување, треба да се почнат разговори за формирање ново парламентарно мнозинство“, се наведува во заедничкото соопштение на опозицијата, која, како што наведуваат, е уверена дека со создавање ново парламентарно мнозинство ќе бидат создадени неопходните услови за пад на владата.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Укината забpaната за cooбpaќaj за камиони на Плетвар

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Плетвар.

Како што информира АМСМ, забраната е укината во 20:00 часот.

Владо Јаневски доаѓа во Битола ќе одржи концерт во Голд Фелициа

Хитовите „Чаирска романтика“, „Повторно се заљубувам во тебе“ и уште многу други на македонскиот романтичар Владо Јаневски, на 16 декември ќе одекнат во Битола во комплексот Голд Фелициа, каде тој ќе одржи концерт, кој е втор од низата предновогодишни концерти во овој комплекс.

Од Голд Фелициа повикуваат да ги следите на нивните социјални мрежи

ФБ – https://www.facebook.com/GoldFeliciaBitola

Инстаграм – https://www.instagram.com/gold_felicia_/

Таму тековно ќе бидат објавувани концертите во комплексот, како и промотивните понуди.

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 година во Скопје во Чаир каде што и денес живее. Дипломирал англиски јазик и литература на Универзитетот Св. Кирил и Методиј . Течно зборува англиски, германски, италијански и руски јазик. Свири на гитара, пијано и тапани. Беше член на популарните бендови „ Тост Сендвич “ (1976), „ Бон-Тон “ (1986) како тапанар и „ Фотомодел “ (1989) и „ Ластовица “ (1992) како пејач.

Резервациите за концертот можат да се направат преку социјалните мрежи како и телефонскиот број 075 316 974 , а од Голд Фелициа препорачуваат резервациите да се прават навремено поради големата заинтересиранот и исполнувањето на капацитетот, кој е предвиден според ковид протоколите.

Директорот на скопската Зоолошка градина: Поднесувам ocтавка и се вpaќам на yлица

Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, поднесе оставка од работното место.

За оставката, тој информираше на неговиот фејсбук-профил.

„Сакам да ве известам дека денес поднесувам оставка од работното место директор на Зоо Скопје. Во изминатите три и пол години успеавме рекордно да ја зголемиме посетеноста, да ги изработиме сите проекти кои ги ветивме, донесовме многу нови животни за првпат во нашата држава, а децата добија омилено место за секојдневни прошетки. Зоолошка градина Скопје стана најпосетена институција во државата, го отворивме и најзелениот Дино Парк со најмногу диносауруси на Балканот со преку 400 дрва и садници. Успеавме да средиме делови од градината кои со години не биле санирани, ги исчистивме езерата после 13 години, ја отворивме Бејби Зоо и направивме живеалишта за фламинга и пингвини по светски стандарди. Организиравме многу хуманитарни акции, помагавме секаде каде што можевме и тоа беше нашата најголема сатисфакција за успех.

Зоо Скопје стана прва дигитализирана зоолошка на Балканот, со своја апликација и онлајн продажба на билети. Им благодарам на сите медиуми, спонзори, донатори, здружениjа за животни, а највеќе на вработените во Зоо Скопје кои ги сакам како мое семејство и со чија помош успеавме да дојдеме на чекор до членство во ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Се надевам дека зоолошката ќе продоложи да се развива и да се прават нови проекти со кои ќе се продолжи успехот на оваа институција. Јас денес се враќам на улица, достапен во секое време да придонесам за подобра иднина на државата и младите. Ви благодарам од срце“, напиша Галетановски.

Еве зошто прилепчани ја сакаат Битола (Видео)

Видеото е дело на дрон мајсторот од Битола, Џоле Трајчески.

Десетгодишно прилепчанче е вистински виртуоз за Рубикова коцка (Видео)

10-годишниот Благоја Игнатоски е ученик во ООУ “Климент Охридски” од Прилеп

Покрај обврските во училиште, Благоја има и едно интересно хоби, а тоа е составување на Рубикова коцка и тоа за помалку од 20 секунди.

Погледнете како тоа изгледа во продолжение:

Ветено-сторено: Четврток ден за прием на странки кај Јовчески

Граѓаните на општина Прилеп ќе имаат можност секој четврток, од 13 до 16ч. да остварат средби со градоначалникот Борче Јовчески.

Конечно после подолго време граѓаните ќе можат да разговараат со градоначалник за сите нивни проблеми, предлози, барања и слично…

Отвореноста на општината со цел полесно решавање на проблемите на граѓаните беше едно од ветувањата на Јовчески во предизборната кампања.