дома блог страница 1767

Градоначалникот Јовчески во посета на спомен куќата на Конески по повод одбележување на 100 годишнината од неговото раѓање

Во рамки на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, денеска Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет, Дејан Проданоски ја посетија родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на неговиот роденден.

На денешниот настан кој беше организиран од страна на НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп и Фондацијата Небрегово, во домот на Конески во Небрегово присуствуваа претсавници на основните и средни училишта, на Институтот за старословенска култура и други гости.

По повод одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Конески претсавници од НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп имаа кратко излагање поврзано со животот на Конески и родната куќа кој како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура.

Како што истакнаа претсавници од НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп, куќата на големиот поет и македонист е уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, во автентичен стил, дел од собите се адаптирани и уредени како музејски простории и места за културни средби. Артефактите во родната куќа на Конески се бесценети, автентични, добар дел е инвентар кој го користело семејството Конески. Родната куќа на Конески е меморијален и едукативен центар, отворен за поетски и духовни средби и посети.

Денешниот настан беше уште една можност да му се оддаде почит на истакнатиот македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет и есеист, книжевен историчар, филолог и професор на Филозофскиот факултет, Блаже Конески.

И прилепчани сакаат ваков билборд (Фото)

Наместо новогодишна елка со лампиони, новата локална власт на Тетово „накити“ билборд со долгот од 24 милиони евра што екс градоначалничката од ДУИ, Теута Арифи им ги остави на сегашниот градоначалник од Беса, Билал Касами, на Општина Тетово и на граѓаните.

Долгот на општината јавно е истакнат на билборд во центарот на Тетово.

Новиот градоначалник Касами, неодамна соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра.

Како што соопшти тој, Општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.

Касами рече дека преговараат со приватните фирми, кај кои е задолжена општината, да се отплати само долгот, а не и затезната камата.

Тој најави и ревизија на долгот што го наследи од градоначалничката Арифи.

Cтpyjaта пocкапyва за peчиcи 40%?

Сметките за струја од 1ви јануари би се зголемиле за 38%, според првичните барања на енергетските компании, а не десет проценти како што најавуваа од владата.

ЕВН – Електродистрибуција веќе доставила барање за 100% зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, што според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски што би значело 34% зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4% на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.

„Побарано е 100% пред се зголемени трошоци за загуби./Вкупно се 140 милиони евра заради надворешни влијанија, нема нови вработувања таму. И доколку се прифати 33 – 34% на крајна цена. / Доколку е така крајна цена дополнително 4%, значи без ЕВН 37-38% зголемување.“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

РКЕ во текот на наредната недела ќе одлучува по барањата на енергетските компании, што и колку ќе прифати. Останува отворено прашањето и дали по Нова Година се уште ќе има дневна евтина тарифа. Бислимовски објаснува дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и допрва ќе се анализира дали ќе се укине или не, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.

Сепак, владата веќе се подготвува за поскапувањето. Планираат да ги помагаат најсиромашните 45.000 семејства со по 1.000 денари месечно.

Македонија западна во енергетска криза откако се намали домашното прозиводство на едвај 50% од потребите, а остатокот се надополнува со купување од светските берзи, на кои веќе еден мегаватчас се продава над 350 евра.

Во очекување на набавката на јаглед за РЕК Битола, за спас од енергетската криза државата во функција од денеска пробно го активира и ТЕЦ Неготино, кој 12 години беше ладната резерва во системот.

Нов угостителски објект во Прилеп

Во славната населба “Сточен пазар”, каде што беше изградено легендарното мовче од 1.000.000 евра никна нов угостителски објект.

Во објектот кој е дел од најстариот прилепски отпад за брзо ќе се приготвуваат прилепски специјалитети, а неофицијално оваа кафеана ќе биде втора во ланецот од истиот бренд.

Прекрасна глетка во Битола: Чкембари го наполнија паркетот во “Боро Чурлевски” со плишани играчки (Фото)

Македонското ракометно дерби во Битола, помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар заврши без победник 27:27.

Црвено-црните успеаа во последните секунди од натпреварот да се изборат за реми, благодарение на досудениот седмерец и реализацијата на Тимур Дибиров.

Жестоката борба помеѓу лутите ривали за кратко беше ставена во втор план, кога на полувремето навивачите на Еурофарм Пелистер го наполнија паркетот со плишани играчки.

Клубот непосредно пред дербито ги повика своите навивачи да понесат вакви играчки и да ги фрлат на теренот за време на паузата, а истите ќе бидат наменети за дечиња од ранливите категории.

Доколку го пропуштивте натпреварот, можете да го проследите на линкот во продолжение:

Tapaвapи се повлекyва од фyнкициjaта Генepaлен ceкpeтap во Алиjaнca на Албанците

Гpaдоначалникот на Гостивар Арбен Таpaвари најави оставка од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците, поврзувајќи ја со лошиот резултат на партијата на неодамнешните локални избори.

Во изјава за ТВ “Клан”, Таравари рече дека нема повторно да се кандидира за истата функција во партијата и нагласи дека на Алијанса за Албанците ѝ се потребни нови кадpи.

„Сигypно е дека повеќе нема да бидам генеpaлен секретар на Алијансса за Албанците, тоа е моја лична одлука. Има доволно време да се избере друга, помлада, личнocт на таа функција“, изјави Таравари.

Koлегите во црни лимузини, а тој на велосипед: Ова е првиот министер со турско потекло во Германија (Видео)

Новиот министер за храна и земјоделие на Германија, Џем Оздемир, на денот кога требаше да даде заклетва за преземање на новата функција, во претседателската палата дошол со велосипед, додека останатите министри пристигнале со лимузини.

Оздемир на оваа позиција е предложен од партијата на зелените, и е прв политичар со турско потекло кој станал министер во Германија.

“Со љубов различни а исти” – Хуманитарна активност на Здружението “Вешта Жена” во ООУ “Климент Охридски”

Локалната самоуправа на Општина Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески им се заблагодаруваат на мултиетничкото и мултикултурното здружение на жени „Вешта Жена” кои што со нивната денешна хуманитарна активност под мотото „Со љубов различни а исти” во OОУ „Климент Охридски“ на дечињата со попреченост во развојот им го разубавија денот со една домашно изработена трпеза. Се надеваме дека ваквите активности ќе бидат се почести во новата година.

(Видео) Илон Маск се клонирал во Кина

Кинез стана вистински хит на социјалните мрежи поради неговата сличност со Илон Маск.

На ТикТок се појави видео на кое човекот излегува од автомобилот и гледа во камерата, а неговата сличност со Маск е неверојатна.

Многу корисници се шегуваат дека Илон Маск се клонирал во Кина.

Агуеpo низ coлзи oбjaви кpaj на неговата кapиepa (Видео)

Аргентинецот Серхио Агуеро денеска официјално се збогуваше од професионалниот фудбал.

На вонредната прес-конференција која ја закажа Барселона, Агуеро ја соопшти својата одлука.

Пред големиот број навивачи тој не можеше да ги задржи солзите. Заминува големо име, вистинска легенда и можеби еден од најдобрите напаѓачи во новата ера на светскиот фудбал, сметаат навивачите

-Здравјето е на прво место. Медицинскиот тим ми кажа дека е најдобро да престанам да играм. Ја напуштам Барселона, ја завршувам професионалната кариера, изјави Агуеро.

За потсетување, кон крајот на октомври Агуеро се соочи со срцеви проблеми и од тогаш беше извесно дека овој фудбалер нема да може уште долго да игра на врвно ниво.