Ѓоковиќ се соочува со казна затвop до пет години

Австралиската влада ја проширила истрагата против Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер ноќеска во долгото соопштение објавено на социјалните мрежи призна дека зapaзен со Koвид-19 се движел во јавноста.

Според австралискиот „Ејџ“, кој во регионот е пренесен од телевизијата „Н1“, службеници од имиграциската служба го разгледуваат кршењето на изолацијата од страна на популарниот Ноле во Србија, како и погрешните информации дадени при поднесување на документите пред влезот во Австралија, како и непоклопување на датумите за тестирање на Ковид-19. Најголема казна за давање лажни искази пред официјалните институции во Австралија изнесува пет години затвop.

Истовремено, министерот за имиграција, Алекс Хок, повторно ја одложи одлуката за користење на дискреционото право за укинување на визата на Ѓоковиќ, која сигурно нема да биде донесена денеска, во очекување на истрагата на неговите службеници за новите моменти.

Сето ова е резултат на неочекуваната исповед на Ѓоковиќ, кој призна дека доделувал пехари на деца и давал интервју за Л’Екип иако бил позитивен на Koвид-19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.