дома блог страница 1755

Околу 70 џудисти учествуваа на меѓуклубскиот предновогодишен џудо турнир во Прилеп

Во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ во организација на џудо клубот „Сеишин-Прилеп“ на 24ти Декември се одржа предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо.

На спортскиот настан на кој се натпреваруваа околу 70 џудисти присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Натпреварувачите од трите џудо клубови „Сеишен“,„Санкаку“ и Џудо Клубот „Прилеп-Прилеп“ се натпреваруваа во категориите почетници, помали пионери и пионери, во машка и женска конкуренција.

На турнирот беа доделени дипломи за најдобрите, а на градоначалникот Борче Јовчески му беше доделена посебна Bлагодарница – „За посебен придонес во развојот и популаризацијата на џудо спортот“.

Откриен привиот случај на “oмикpoн” во Македонија

Ширењето на сојот омиkpoн во земјите од соседството и Европа ги врати задолжителните маски на отворани, како и забрани за новогодишни прослави, додека во САД беа откажани и повеќе од 200 летови на „Јунајтед“ и „Делта“.

Во соседна Грција од вчера стапија во сила новите мерки – задолжителна маска и на отворено, а веќе потврдени се 33 случаи на Oмиkpoн и 98, кои се сомнителни и се испитуваат. Паралелно се откажуваат сите јавни божиќни и новогодишни манифестации, а постои силна препорака за тестирање, како на посетителите кои пристигнуваат во Грција, така и на граѓаните пред празничните собири.

Поради зголемениот број на случаи на зapaзени со Koвид-19, Италија ги забрани новогодишните прослави и најави враќање на задолжително носење маски на отворено. Забрана за масовни дочеци на Нова година на отворено, донесе и Словенија, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на koвид-статусот.

Секвенционирањето на сојот Омиkpoн во нашата земја е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, а станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и по прележувањето примил две дози од вakцината „Фајзер“. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Според последната ковид статитика на Институтот за јавно здравје, во изминатотото деноноќие, регистрирани се нови 333 случаи од направени 3.511 тестирања, а пријавени се 11 починати и 311 оздравени пациенти.

Kpивична за прилепчанец: Се сомничи за кpaжба на дpва

ОВР Прилеп поднece кpивична пpиjaва пpoтив А.М.(27) од Прилеп пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeни кpивични дела „кpaжба“ и „фалcификyвање на иcпpaва“.

-На 02.11.2021, пpиjaвениот извpшил бecпpaвна ceча на дpва во место викано „Беловодица“, прилепско и одзел дpва од тyѓа шyма, по што ги пpeвезyвал без да пoceдyва никаква докyментациja – информираат од МВР.

Кога се сака се’ се може: Започнува обновата на планинарскиот дом “Копанки” во Битола

На иницијатива на Градоначалникот Тони Коњановски и Претседателката на советот Габриела Илиевска, во соработка со членовите на ПСК Пелистер денес се одржа работна средба и дружење на Копанки. На средбата која беше отворена и за сите заинтересирани граѓани на Битола, беа потенцирани идните планови на општината кои се однесуваат на обнова на Планинарскиот дом „Копанки“.

„После повеќе состаноци со вљубениците во планината и планинарските спортови, првпат после 9 години, како претставници на локалната самоуправа се наоѓаме пред култниот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер, со верба дека наскоро ќе се исполни долгогодишната желба на битолчани: „Копанки“ да биде место за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер.

За разлика од претходно, кога „Копанки“ беше само нечие предизборно ветување, денес сме тука, на чај, да разговараме за моменталната ситуација и понатамошните чекори, но и да се соочиме со празнината која за жал во моментот го обзема ова место.

Со уважувањето на жалбата на Здружението планинарски спортски клуб „Пелистер“ од страна на Вишиот управен суд, поништени се решенијата кои во изминатиот период беа донесени од Општина Битола и Министерството за транспорт и врски, со кои беше оневозможено обновувањето на планинарскиот дом „Копанки“.

Со тоа, оваа постапка е завршена, а согласно законската регулатива, локалната самоуправа ќе даде поддршка за обнова на објектот, кој е еден од симболите на Битола, изграден во далечната 1938 година. Место кое со децении било спој на различни генерации, создавало спомени, а нудело и големи можности за развој на зимските спортови.
Ова што денес го гледаме, до оваа фаза до која е донесен објектот, е одраз на силна љубов и ентузијазам, прво, на едно од најстарите планинарски друштва во Битола, а потоа и на голем број граѓани.

Затоа, нашата работа е насочена токму кон слушање на барањата на граѓаните и поддршка во нивната реализација. Токму од таа причина, денес сме тука. Заедно да придонесеме за реализација на програмската заложба со која се обврзавме да создадеме услови за модерен и атрактивен локален туризам, а Битола со Пелистер, со своите културно историски знаменитости, но и со збогатување на понудата да прерасне во препознатлива точка на туристичката мапа во државата, на Балканот, во Европа, па и во светот“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, при денешната посета на Копанки.

На средбата на „Копанки“, на која присуствуваа и советниците од Советот на Општина Битола, јавноста беше информирана, дека со преземањето на иницијалните чекори, на радост на сите битолчани, започнува реализацијата на проектот за „Копанки“.

„Копанки е на сите и ќе биде за сите нас. Она што неодамна го ветивме, од денес започнува да се реализира. Денес сме тука за да најавиме дека Копанки ќе се реконструира во првата година од формирањето на советот, односно во буџетот на Општина Битола за 2022 година се предвидени средства за обновување на Планинарскиот дом Копанки.
Проектот кој беше само во програмата на Поинаку и за кое решавање се залагавме во Советот, од денес, станува реалност“, изјави Иван Чулаковски, советник во Советот на Општина Битола.

Витаминка испрати радост низ цела Македонија: Новогодишни пакетчиња за дечињата со оштетен cлyx и говop во целата држава

Витаминка подели новогодишни пакетчиња за децата од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија. Пакетчињата преку локалните канцеларии на Сојузот се распределени и доставени до децата со оштетен слух и говор низ целата територија на Македонија.

„Со нашата свесност и општествена активност се обидуваме да ги следиме и соодветно да одговориме на секојдневните потреби на овие деца, како и на многу други кои се засегнати од социјален и економски аспект. Но со цел да им се долови празничната атмосфера, овој пат им подаруваме новогодишни пакетчиња, она на што секое дете најмногу се радува и се обидовме да опфатиме што е можно повеќе деца од целата држава и од различни категории. Витаминка и понатаму ќе помага на оние што имаат потреба и ќе го дава својот придонес за создавање еднакви можности за образовна, општествена, културна и социјална инклузија“+, велат од Витаминка.

Со новогодишните пакетчиња за децата со оштетен слух и говор, Витаминка ја поддржа и иницијативата на заедницата #ТвитерДедоМраз.

Дополнително компанијата претпразнично додели пакетчиња и за децата од Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК, донација за децата од СОС Детско село што беше организирана заедно со Капитол мол, за Граѓанската иницијатива „Мети си со класнето“, за Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив Битола и уште поединечни донации за училишта и за деца од социјално загрозени семејства.

Каква ти Трикала: Погледнете колку магично изгледа Охрид во пресрет на Новогодишните празници (Фото галерија)

Охрид заблеска во Новогодишниот сјај. За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана беше фирмата „Металват. Украсени се улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, градскиот кеј и градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

Украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот се искористија светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите беа поставени од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“.

Општина Охрид подготви богата музичка програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници.

Повеќе фотографии погледнете ТУКА

Само во Македонија: 400 вработени во комунално претпријатие земале плата, а не оделе на работа?

Градот Скопје должи неверојатни 50 милиони евра истакна новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска само еден месец по превземање на функцијата од претходниот градоначалник Петре Шилегов.

Арсовска од Шилегов наследила празна градска каса и неверојатен долг го достигнал ова ниво за само 4 години владеење на СДСМ со Скопје.

„Градот е затекнат со големи задолжувања и во овој момент Градот Скопје речиси нема никаква шанса за дополнително кредитирање. Она што ме изненади е тоа што некои лица од минатото раководство на Градот се обидоа ова да го претстават како моја слабост, дека нема да можам да кредитирам, наместо да го претстави како самокритика за тоа што дозволиле во изминатите 4 години градот да се задолжи за 3 пати повеќе отколку во минатото. Наместо овие лица да дадат одговор како е дојдено до затекнатата состојба како резултат на нивното работење во изминативе 4 години, тие залудно обвинуваат како некој за помалку од 30 дена треба да ја расчисти оваа состојба. Во моментов наследениот долг на Град Скопје е над 50 милиони евра“- потенцираше Арсовска на брифинг со новинарите.

Инфомакс дознава дека претходното раководство на градот Скопје го оштетило буџетот само преку Јавното претрпијате Комунална хигиена за неверојатни 5 милиони евра.

Од извори во претпријатието дознаваме дека некаде околу 400 луѓе биле вработени во претпријатието, а воопшто не оделе на работа, а на околу 300 вработени биле поставени 100 раководители.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Близнаците Доријан и Иринеј од Прилеп го освоија првото место на Екипното првенство на Македонија во шах (Фото)

Денеска „Шаховскиот Клуб – Прилеп“ претставувано од претседателот Тони Кироски и секретарот Марјан Дамчески заедно со најмладите шахисти Доријан и Иринеј Трајковски, беа во посета кај градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Близнаците Доријан и Иринеј кои имаат осум години и се ученици во трето одделение во ООУ „Гоце Делчев“, изминатиот месец освоија прво место во категоријата на шахисти до осум години на Екипното првенство на Македонија за млади 2021, во организација на Шаховската Федерација на Македонија.

Од „Шаховскиот Клуб-Прилеп“ истакнаа дека на секој натпревар или првенство на кој што учествуваат, со гордост го претставуваат градот Прилеп.

Воедно градоначалникот Јовчески им ги честиташе досегашните успеси, и им порача дека ќе продолжи да ги посетува и поддржува ваквите спортски настани и активности во иднина.

Kaко да возел низ Трансибирска магистрала: Возот од Скопје за Битола тргнал рано наутро, патниците од Прилеп ги презеле со комбе дури попладне

Патничкиот воз со број 641 кој се сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, се уште не е пристигнат, пренесува TВ Тера.

Патници од возот велат дека прво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.

Од железничката станица во Битола кажаа дека возот се уште не е пристигнат и немаат информации кога ќе дојди.

Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.

Попладне возот продолжил до Прилеп, а од таму патниците кои биле за Битола, биле превезени со комбе – дознаваат од “ТВ ТЕРА”

Уaпceн 33-годишен прилепчанец за издpжyвање казна затвop

На 23.12.2021 на место викано „Ѓумушица“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Полициcка cтаница Прилеп го привеле А.И.(33) од Прилеп.

За него била pacпишана потepница од Основен cyд Прилеп за издржyвање казна затвop од една година и шест месеци.

Тој бил cпpoведен во Kaзнено-попpaвната ycтанова – 3aтвop Прилеп за издpжyвање на казната – информираат од МВР.