дома блог страница 1756

Уaпceн 33-годишен прилепчанец за издpжyвање казна затвop

На 23.12.2021 на место викано „Ѓумушица“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Полициcка cтаница Прилеп го привеле А.И.(33) од Прилеп.

За него била pacпишана потepница од Основен cyд Прилеп за издржyвање казна затвop од една година и шест месеци.

Тој бил cпpoведен во Kaзнено-попpaвната ycтанова – 3aтвop Прилеп за издpжyвање на казната – информираат од МВР.

Соопштение од Јавниот градски превоз Прилеп: Ова е редоследот на возните линии за празниците

Соопштение од Јавниот градски превоз Прилеп

“Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП на сите граѓани им ја честита Новата 2022 год. и Божиќните празници со желби за добро здраве и бериќет. Воедно ги информираме граѓаните дека:

Автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе имаат редуциран возен ред на сите линии за време на Новогодишните и Божиќните Празници.

Со почит
Автобуски Градски Превоз

„ПАКЕТ.МК“ – ПАТОТ ДО УСПЕХОТ – Вашата бизнис идеја треба да биде со план и визија за раст!

Во изминатата декада, онлајн купувањето бележи голем раст, а со појавата на пандемијата со Ковид-19, потребата од ефикасна е-трговија стана евидентна.

Последната година, ако ги споредиме податоците од јуни 2020 со истиот месец оваа година, можеме да забележиме раст на бројот на трансакции на интернет продажни места за 21%, a вредноста на трансакциите пораснала за 61%, односно од 274 милиони денари на 443 милиони денари. Иако традиционално, категории кои се продаваат онлајн се авионски билети, спортска опрема и сл. она што е забележително во последните две години е растот на онлајн- продажбата на храна и намирници. За разлика од купувањето други производи, купувањето на намирници е од суштинско значење за секое домаќинство.

Во набавката на производи за домаќинства пред скоро 4 години се појави Пакет.мк првиот онлајн-супермаркет со еден поинаков пристап и понуда на онлајн услуги со цел успешно да одговори на барањата на потрошувачите, како во поглед на цената, така и во поглед на квалитетот на производите и на времето за испорака.

Која е приказната зад овој млад, а веќе етаблиран бренд на пазарот, дознаваме директно од сопственикот и управител Драган Јосифовски.

„Идејата се роди уште во текот на моите студии во Лондон, а потоа следеше развој на концептот, техничката изработка и имплементација, сè до започнувањето со работа во јануари 2018 година. Почетокот секако не беше лесен, иако имавме позитивни реакции од страна на потрошувачите, сепак имавме потребата од брз развој, зголемување на асортиманот на производите и капацитетите. Поставивме високи стандарди, но со цел да ги оствариме, потребна беше и соодветна финансиска поддршка која ќе одговара на нашите можности, како start-up компанија. Стапивме во контакт со консултантската куќа СПМГ и Друштвото за управување со инвестициски фондови СПМГ Цапитал, кое управува со Микро инвестицискиот фонд (МИФ), приватен инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија. Како резултат на нивната проценка на нашиот бизнис модел и на нашата идеја и визија, во 2019 година МИФ стана наш финансиски партнер. Ни помогнаа преку подобрување на финансиската структура, финансиски совети и добивме средства за набавка на нова опрема и зголемување на капацитетот за логистика, што се ефектуираше и со брз и значителен раст на приходите.

Втор значен момент и воедно предизвик со кој се соочивме беше појавата на пандемијата од Ковид-19 и вртоглавиот пораст на нарачките и потребата од брз одговор на барањата на потрошувачите, преку воведување нови технички можности за управување и планирање на залихите и термините за испорака. Со поддршката што ја имавме од нашиот финансиски партнер отворивме сопствен магацин и изградивме сопствена залиха. Брзината, точноста и свежината на производите се навистина важни. Тие се и едни од главните области во кои се разликуваме од конкуренцијата. Тоа е концептот по кој работиме и денес и кој ни озвоможува да ја понудиме најбрзата и најточната достава на пратки во Скопје, во однос на другите сервиси за достава на пратки или брза пошта.“

Што ви претстои наредно за развој на бизнисот?

„Секојдневно работиме на проширување на асортиманост на производи и вклучување на оние производи  кои поради својата природа не се достапни во физичките супермаркети, а се погодни за онлајн продажните канали. Од друга страна се работи и на подобрување на технологијата, софтверот за развој на нови кориснички функционалности и предности во однос на конкуренцијата во Македонија, што ќе овозможат потенцијал и за регионално проширување. Мислам дека македонските потрошувачи се подготвени за посовремени и поголеми е-продавници“

Сепак, и покрај тоа што живееме во дигитално време, а појавата на сè поновите технологии го менува и начинот на живот, не е едноставно истите технологии да бидат воведени и на домашниот пазар, оттука потребни ни се повеќе вакви претприемачи како Пакет.мк, со знаење и визија за раст, кои преземаат вистински чекори за изнаоѓање нови можности и финансиска поддршка за реализација на своите цели.

Јовчески ги израдува најмалите со новогодишни пакетчиња (Фото)

Во пресрет на претстојните празници градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески денеска ги посети основните училишта: „Рампо Левката“, „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“. Градоначалникот Јовчески на учениците и вработените во трите основни училишта им ги честиташе претстојните празници, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година.

„Како градоначалник на учениците, на просветните работници и останатите вработени во основните училишта им ги честитам празниците кои претстојат, посакувајќи им многу здравје и среќа во годината што следи. На вработените им посакувам уште поголеми успеси и напредок во работатата затоа што со вашата посветеност придонесувате во правилно градење и развивање на нашите најмили“, истакна градоначалникот Јовчески.

Во текот на деновите кои следат планирано е градоначалникот Јовчески да ги посети останатите основни училишта во градот и населените места. Заради здравствена заштита и согласно протоколите, на дечињата кои шти ги посетуваат градинките на „Наша Иднина“ ќе им бидат поделени пакетчината од страна на нивните воспитувачи.

Зошто семафорите не работат две недели, ќе чекаме ли да ни се слyчи нова беља од метежот?

Веќе петнаесетина дена умешност е да возиш во централното градско пордачје, посебно низ центарските раскрсници, каде сообраќајот е регулиран со семафори.

Имајќи ги во предвид последиците во последните години низ прилепските улици, материјални и човечки, ваквата состојба нема оправдување и редно е под итно во пресрет на Новогодишните празници овие дефекти да се санираат, кога и оние што мигрирале се враќаат во своите родни огништа.

Јасно е дека со хигиената, водоснабдувањето и сигурноста во Прилеп не смее да има проблеми, а доколку има, виновниците треба да се санкционираат.

Наполи го има најубавото Божиќно видео

Во стилот на најголемите европски фудбалски клубови што Наполи несомнено е, клубот од градот под Везув снимил сјајно видео во пресрет на католичкиот Божиќ.

Се појавуваат фудбалерите Џовани Ди Лоренцо како европски шампион со Италија, голманот Давид Оспина и Полјакот Пјотр Зјелински.

Maли, а држат лекции за хуманост: Учениците од ООУ “Рампо Левката” собраа пакетчиња, храна, облека….

“Од децата, за децата” е мотото на хуманитарната акција која традиционално во пресрет на новогодишните празници се организира во нашето училиште во соработка со Детската амбасада За сите деца во светот. Во акцијата беа донирани облека, храна, средства за лична хигиена, новогодишни пакетчиња. Целта е да им се помогне на социјално загрозените семејства, а воедно да се поттикне хуманоста кај секој ученик. Масовниот одзив во истата е потврда за нејзината успешност, за што им се заблагодаруваме на сите кои зедоа учество, дарувајќи во рамките на своите можности – информираат од ООУ “Рампо Левката” Прилеп.

Огласи за двајца Албанци и еден Србин во Фондот за здравство во Прилеп

Фондот за здравствено осигурување има објавено редица огласи за вработување на службеници од различен профил ширум филијалите во Македонија, од кои три огласи се за Прилеп.

Во ФЗО Прилеп се бараат:

Соработник за следење на специјалистичко- консултативна здравствена заштита

Паричен нето износ на плата: 21.969,00 денари

Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2021 год. лицето кое ќе се вработи треба да биде Србин/ка.

Соработник за следење на основни здравствени услуги во примарна здравствена заштита

Паричен нето износ на плата: 21.969,00 денари

Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2021 год. лицето кое ќе се вработи треба да биде Албанец/ка.

Стручен соработник за следење на основните здравствени услуги во примарна здравствена заштита

Паричен нето износ на плата: 23.524,00 денари

Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2021 год. лицето кое ќе се вработи треба да биде Албанец/ка.

Останатите услови во огласите можете да ги погледнете ТУКА и ТУКА

Јетон ќе ја замени Мила – образованието тоне се подлабоко

Актуелниот минитер за информатичко општество и јавна администрација Јетон Шаќири ќе биде иден министер за образование и наука, објави ТВ21.

Тој во краток телефонски разговор за ТВ21, изјавил дека конечните одлуки ќе ги соопшти партијата најверојатно во текот на следната недела.

Претходно се споменуваше Шаќири дека ќе биде во Министерството за земјоделство.

Затвopeна модyларната болница во Прилеп: Пациентите пpeнeceни на Инфективно

Во Прилеп се затвори модуларната болница и 22 пациенти се префрлени на инфективното одделение.

Според Кети Смилеска, директор на Општа болница со проширена надлежност, ова е за заштеда на трошоците за електрична енергија.

– Инфективното одделение со капацитет од 36 легла е празно. Бидејќи е поврзано со централното греење, а во модуларната загревањето е со клима уреди, решивме поради заштеда, а и подобро да им се обрне внимание на хоспитализираните пациенти, да ги префрлиме на инфективното. Од 22 хоспитализирани, 21 пациент е на кислородна поддршка. Не очекуваме голема експанзија за хоспитализација, особено што со месеци бројката на хоспитализирани е околу 20 пациенти. Во хоспитализираните има и вакцинирани и невакцинирани, само што вакцинираните се со полесна клиничка слика. Затоа останува апелот за вакцинација, вели Смилеска.

Сите одделенија во болницата функционираат вообичаено со програма на оперативни зафати.

За епидемиолозите од Центарот за јавно здравје, ковид-ситуацијата во градот се смета за стабилна, како и во училиштата кои го завршуваат првото полугодие.

– Намален е неделниот број на новозаразени. Сега се 150-тина за една недела, што значи намалување на бројката која е во благ пад. Инаку, во Прилеп се активни 350 случаи. Се прават многу тестови. Не е регистриран омикрон сојот. Ситуацијата се смета за стабилна, како што е и во училиштата, вели епидемиологот Татијана Мургоска Станимировиќ од Центарот за јавно здравје.

Што се однесува до имунизацијата, останува поголемиот интерес за трета, отколку за прва доза. Половината од имунизираните се со втора доза. Апелот за вакцинација останува, вели Зорица Шојлеска, координатор на прилепскиот вакцинален пункт кој е во Здравствениот дом.

– Досега во Прилеп, заедно со општините Кривогаштани и Долнени се имунизирани преку 69 000 жители од кои над 34 000 се со втора доза. Околу 4000 имаат примено и трета доза вакцина. Намалениот интерес за прва доза, сметам дека се должи дека сите кои сметаат се вакцинирани, добар дел прележани или некои се во текот на заразата. Сепак, апелираме дека вакцината ги намалува компликациите и имунизацијата е за заштита на здравјето, вели Шојлеска.