МВР со детали за пожapoт во фабpиката на Жито Битола

На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола.

Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот.

До сега нема пријава за повредени лица. Полициските службеници во координација со територијалната противпожарна единица Битола интензивно преземаат мерки за гасење на пожарот.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за ТВ Сител изјави дека на терен се сите противожарни екипи со 9 возила и моментално се работи на локализирање на пожарот.

Коњановски информираше дека повикано е уште едно противпожарно возило од РЕК Битола кое е на пат да се приклучи во гасењето на пожарот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.