Прилепчани на подготовки во Лесковац: Пораз и реми со 60 погодоци од двомечот со Дубочица

Првиот подготвителен натпревар во 2022 година ракометарите на Прилеп го одиграа во соседна Србија против пријателскиот клуб Дубочица од Лесковац, која ова лето беше учесник на турнирот „Миле Нешкоски”

Првиот натпревар го доби домашната екипа со 28:27 (16:19)

Во тимот на Прилеп на овие две средби недостасуваат Павлов, Рустамов, Владимир Трајкоски и Марко Трајковски кои поради повреди го пропуштија двомечот во Србија.

Вториот натпревар заврши без победник 30:30, а најдобар поединец во екипата на РК Прилеп беше Христи Бикоски, кој постигна дури 10 погодоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.