дома блог страница 1750

На заминyвање yдpил “јака математика” (Видео)

Уште едно урнбеесно видео со поранешниот премиер Зоран Заев на состанокот со „Отворен Балкан“.

По „славното“ видео со Ковачевски сега стигна ново во кое Заев удира „тешка математика“.

Погледнете:

Семејството Јованоски од Прилеп ги собраа наградите на церемонијата за најдобри параглајдеристи

Прогласени победниците во Македонската параглајдинг лига

Оваа 2021 година беше исполнета со доста активности, за разлика од претходната година во која сите натпревари беа откажани поради пандемијата со ковид -19.

Прилепчани стандардно доминираат на манифестацијата, а најзаслужни за тоа се од параглајдинг клубот “Делта” и семејството Јованоски.

Борјан Јованоски го освои првото место во дисциплината прецизно слетување. Неговиот брат, Мартин Јованоски е прв во дисциплината прелети и трето место во прецизно слетување.

Глигор Зафиров е второ место во сериска класа дисциплина прелети, Миле Јованоски второ место во вкупен пласман – дисциплина прецизно слетување и Александар Ангеловски заврши трет во прелети.

Параглајдинг клубот “Делта” пак го освои првото место во прецизно слетување и второто место во дисциплината прелети.

Австрија бара работници: Објавена листата на дефицитарни професии

Австрија објави детална листа на дефицитарни професии за 2022 година, на која се наведени 66 професии, а дефинирана е посебна листа на професии за поединечни провинции.

Ова е Уредбата за професионална работна сила, односно дефицитарни занимања за 2022 година, врз основа на Законот за вработување странци, за работни места во цела Австрија.

Според објавената листа, некои од професиите кои се барани се дипломирани медицински сестри/техничари, готвачи, молери и автомеханичари, стаклари, ѕидари, бравари, кровџии, електроинженери-енергетски инженери.

На списокот на дефицитарни занимања се наоѓаат и инженери за информатичка технологија, столари, лимари, лекари, заварувачи, столари, монтери и монтери на цевки, дипломирани машински инженери, оптичари, стаклари, даночни советници, месари и други.

Ивона Кузмановиќ од вечерва е водечка политичка фигура во СДСМ Прилеп

Актуелната советничка во Советот на општина Прилеп, Ивона Кузмановиќ, од вечерва неофицијално е избрана во новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ.

Кузмановиќ е втор мандат советник во Советот на општина Прилеп, а од вечерва, доколку се точни информациите, таа ќе добие и водечка улога во партијата како член на највисокиот партиски орган.

Претходно Кузмановиќ беше член и на Централниот одбор на партијата.

Останати имиња кои се спомнуваат во новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ се и Андреј Петров, Костадин Костадинов, Петре Шилегов, Ана Данева, Дарко Каевски…

(Видео) Поплава пред кафулето “Табу” во центарот на Прилеп

Дефект во водоводната мрежа предизвика поплава до кафулето “Табу” во центарот на Прилеп

Целта на ваквите објави е да им се помогне на граѓаните, но и да се апелира до надлежните час поскоро да излезат на терен и да ги санираат дефектите, затоа што секоја капка вода значи живот.

Maкедонија убедлива на првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство

Македонските ракометари го одиграа првиот од четирите планирани пријателски натпревари во подготовките за Европското првенство. Денеска беше совладан составот на Кувајт со 31-21.

Во првото полувреме беше рамноправно, на одморот се замина со водство од само еден гол за Македонија 14-13
Но, во вториот дел Македонија почна фуриозно, со серија од 8-0. Кувајт првиот гол во второто полувреме го постигна дури во 43. минута. На крајот македонската репрезентација славеше со 31-21.

Најефикасен беше Серафимов кој постигна седум голови, Талески постигна пет, по четири пати погодија Ојлески и Маџовски. Томовски имаше шест одбрани, Кизиќ пет.

Во среда овие две селекции го играат вториот пријателски натпревар, исто така во Маврово.

Оставка од СДСМ поднесе и Љупчо Николовски: “Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата”

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ денеска поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на партијата. Тој во својата писмена оставка изразува посебна благодарност до Зоран Заев и на сите членови на партијата.

– Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. После 18 години СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците, се наведува во писмената оставка.

Принцот “круниса” погрешен премиер?

Во време на една политичка транзиција, ако ова може така да се нарече, да се потсетиме на еден настан кој е многу важен за македонската надворешна политика.

Стефан Чернетиќ, кој тврди дека е принц од Црна Гора, Македонија и Србија, пред околу две години се сретна со поранешниот премиер, Зоран Заев. Чернетиќ објави фотографии на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.

На фотографиите може да го видиме Чернетиќ како го одликува Заев во просториите на Владата на Република Македонија.

Како и да е, во тој момент никој не можеше да знае дека следниот премиер ќе има уште подобра конекција со братска Црна Гора.

Секое дете заслужува радост и среќа: Јовчески ги израдува дечињата во Центарот за лица со цepeбpaлна пapaлиза

Градоначалникот Борче Јовчески денес беше во посета на Центарот за лица со церебрална парализа, каде што на децата кои што го посетуваат дневниот центар им додели новогодишни пакетчиња.

На сите присутни им ги честиташе новогодишните празници со желби за многу здравје, среќа и мир во своите домови и како што истакна градоначалникот Јовчески, секогаш ќе ја имаат потребната поддршка да продолжат со нивната успешна работа.

(Видео) “Се останато е историја”

Од рубриката “Што ви требаше?” денес ви одделуваме:

Видеото кое ги одбележа изминатите 365 дена во Прилеп, а богами и во Македонија. Пред точно една година, на денешен ден, имавме можност да го видиме овој одличен перформанс. Вреди да се потсетиме: