(Видео) Мицкоски со радикален предлог: На потег се Ковачевски и останатите партии во парламентот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва е гостин во емисијата 360° на Алсат М телевизија. Според најавата, Мицкоски предлага една голема промена во парламентот, а следни на потег остануваат премиерот Ковачевски и останатите политички партии.

“Со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговараме за политичката оправданост на барањето за предвремени избори, за иницијативата за укинување на т.н. пржинска влада, трендовите во јавното мислење, перформансот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и меѓузависноста со тајмингот на следните парламентарни избори, односите со Бугарија, случајот со купопродажбата на земјиште за потребите на „ЕВН електрани“…

Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат”, стои во најавата на 360 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.