Ќе ја претставува Македонија на Зимските Олимписки игри во Пекинг, а општина Крушево му доделила мизepни 10.000 денapи помош

Крушевчанецот Ставре Јада по втор пат ќе настапи на едни Зимски олимписки игри. Олимпијадата ќе се одржи во Пекинг од 4 до 20 февруари. Македонецот ќе настапува на спринт од 1,4 километри и во маратонот од 50 км. Јада за својот настап на игрите во Пекинг побарал финансиска помош од општина Крушево, а од таму добил мизерни 10.000 денари.

Неговата реакција на социјалните мрежи во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Поради мојот втор настап на Зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево.

На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци.

Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација.

Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево:

1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот?
2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите?

И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.