дома блог страница 1751

(Видео) Александар “Велики” Волкановски не заборава на своите корени: Светскиот шампион во УФЦ подготвува традицонална македонска храна

Александар Волкановски е Македонец од Австралија шампион во мешани боречки вештини, моментално настапува за Ultimate Fighting Championship (UFC), каде што е актуелен шампион во перо категорија на UFC.

Волкановски е и поранешен шампион во перо категорија на Австралија во боречки шампионат (AFC). Пред неговото деби во УФЦ, Волкановски се натпреваруваше како професионален боксер до 2015 година.

Неговиот татко е по потекло од село Беранци во близина на Могила додека неговата мајка е по потекло од Егејска Македонија. Волкановски ја негува македонската традиција и редовно се фотографира со сонцето од Кутлеш.

Во своето најново видео тој готви традиционална македонска храна, шампионот во УФЦ, направи полнети пиперки, шопска и колбаси погледнете како го негува македонското наследство.

Видеото заврши со песна од Војо Стојановски, „Свадба е голема“ (20:26).

Приведени двајца Американци и 25-годишен прилепчанец поради нарушување на јавниот ред и мир

Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 27.12.2021 во 02.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Д.Ј.Д.(21), Б.Б.Л.(26), двајцата од САД и Н.Ј.(25) од Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувале уште неколку лица.

Регулаторна одлучи: Ќе се зголемуваат цените на бензините

Регулаторна денеска одлучи, се зголемуваат цените на бензините, а се намалува цената на дизелот.

Од полноќ, цените на бензините се зголемува, со тоа Еуросупер БС-95 ќе изнесува 73,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 75,5 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ се намалува и ќе изнесува 64 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство останува иста и се продава по цена од 64 денари, а малопродажната цена на мазутот се намалува, и од полноќ ќе изнесува изнесува 39,360 ден/кг.

Joвчески ги израдува најмалите во oсновните училишта “Блаже Конески”, “Климент Охридски” и “Гоце Делчев”

Денеска градоначалникот Јовчески во рамките на предновогодишните посети на најмалите основци, со новогодишни пакетчиња ги израдува првачињата од ООУ: „Блаже Конески“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“ и „Добре Јованоски“, и им ги честиташе новогодишните и божиќни празници на сите останати ученици и вработени во истите училишта.

И Спасовски си замина од СДСМ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ.

„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски.

Во јануари ќе соопшти дали останува на фунцијата министер за внатрешни работи.

Диjacпopaта ни донела 361 милиони евра минатата година покажуваат статистиките

Дијаспората во текот на 2020 година испратила 361 милион евра, што е околу 3,4 проценти од БДП на земјава, но сепак тоа е најмалку споредено со земјите од регионот, каде според податоците од Евростат личните дотации од странство во Србија се околу 7,2 проценти од БДП, во Босна и Херцеговина – 9,3 %, Албанија – 9,8%, Црна Гора – 12,5% и Косово – 18,5 % од БДП.

И во апсолутни бројки, имаме најмали дотации од дијаспората, споредено со целиот регион. Најголем прилива на средства од странство има Србија – 3,37 милијарди евра, потоа следат Босна и Херцеговина – 1,63, Албанија – 1,27, Косово – 1,25, Црна Гора – 524 милиони и на крај Северна Македонија со 361 милион евра.

Според податоците од Евростат, во рамки на ЕУ најголема зависност од лични дотации од странство во 2020 година имале Хрватска – 7,3 проценти од БДП, потоа Летонија – 3,2 проценти од БДП и Романија – 3,1 процент.

Лазаров го викна во репрезентација, а сега прилепскиот тренер на голманите се стекна и со највисока тренерска лиценца

Деновиве во соседна Србија, во организација на Српскиот ракометен сојуз и Европската ракометна федерација, се одржа семинар за стекнување со Мастерс Коуч лиценца.

На семинарот четворица Македоници успешно се стекнаа со највисоката тренерска лиценца, а меѓу нив е и прилепчанецот Ице Соколески.

Соколески кој е дел од стручниот штаб на Еурофарм Пелистер, од неодамна на повик на селекторот Кире Лазаров стана и дел од стручниот штаб на Македонската сениорска ракометна репрезентација.

Тој ќе биде тренер на голманската тројка во репрезентацијата – Митревски, Томовски и Кизиќ.

Има вредност како Помпеја, а се наоѓа близу Прилеп: Ќе стане ли Стибера конечно интересна за државата?

Непроценливо вредно археолошко богатство крие античкиот град „Стибера“, во непосредна близина на прилепското село Чепигово. Оваа непресушна ризница на извонрено вредни артефакти, главно мермерни бисти, скулптури и статуи, но и други предмети од мермер, на прагот од новата календарска година чека државата конечно да покаже добра волја и согласно своите ингеренции да им понуди соодветна експропријација на жителите од селото Чепигово во чија сопственост се наоѓа земјиштето каде што се наоѓа овој локалитет, познат и како Македонската Помпеја – објави “АЛФА ТВ”

Нерешените имотно-правни односи, незаслужено Стибера ја ставаат во сенка на другите макеодонски антички градови, иако нејзината археолошка вредност е многу позначајна, смета археологот Душко Темелкоски, кој повеќе години работи на овој локалитет.

„Терминот „Македонска Помпеја“ за Стибера во научната-стручна литература го внесол покојниот професор д-р Иван Микулчиќ уште кога почнува да се откриваат во 1953/54 година, првите градби во Стибера и понатаму во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век. Се пронаоѓаат на мал простор во сите градби на Стибера, голем број на скулптури на божества и на видни граѓани кои што пленат со својата извонредна изработка. На други локалитети во Македонија се најдувани скулптури од мермер, меѓутоа не во толкава голема бројка и така репрезентативно изработени како што се во Стибера“, – обајснува Душко Темелкоски, археолог при НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп.

Според Темелкоски, фактот што во Македонија немало вулканска лава како во Помпеја, а која го покрила целиот град што всушност го овозможило и сочувувањето на толку многу артефакти таму, откриеното подземно богатство во нашата Помпеја, односно во Стибера, го прави уште поимпозантно.

„Овдека не е сочувано од лава, меѓутоа еве, имаме сешто сочувано под земјата и којзнае што уште не крие Стибера под земјата на тој простор во околината на селото Чепигово“, – посочува Темелкоски.

Инаку, досега во ова античко археолошко наоѓалиште откриени се преку триесет мермерни наоди, бисти и скулптури на божества и видни граѓани од тоа време, кои се изложени во музеи како во земјава, така и надвор од неа.

Каролина Дурло

Mихајлоски: “Oстанав без работа и сакав да извадам бугарски пacoш, тогаш наивно верував дека Бугарија сака да ни помогне”

Фејсбук статус на главниот уредник на ТВ “Канал 5”, Гоце Михајлоски

За манипулациите и вистината

Кога немаш една дамка во работата, а сакаат да те дискретираат, посегнуваат по последното, најниско, средство – ти копаат во минататото и приватноста. И потоа тоа обично го пласираат по стариот удбашки рецепт, како полувистини, и најчесто со цел да дефокусираат и да го отргнат вниманието од себе си. Таква е и “веста” за мојот “отказ од бугарско државјанство”.

За да не влечкам “опашки” и поединечно да одговорам на прашања од типот “абе што е она, нешто читав”, еве објаснување за сите искрени пријатели и уште повеќе за душегрижниците:

По затворањето на А1, во 2011 година, кога останав без работа со месеци и бев на работ на езгистенцијата, со сопругата почнавме сериозно да размислуваме за заминување во странство. Со оглед дека со нашиот пасош, и тогаш како и сега, тешко е легално да се престојува и работи во земјите во ЕУ (освен секако за стручните кадри), решивме како и многумина наши сограѓани со слични егзистенционални маки, да пробаме да извадиме БГ пасоши.

За жал немаше, а и сега нема, друга држава на ЕУ што ги дава толку лесно (мотивите ги гледаме сега), речиси без никакви критериуми.

Поднесовме апликација, која по една година ни беше одбиена, бидејќи во меѓувреме го смениле законот и освен изводи на родени и потврда за неосудуваност, почнаа да бараат и некакви докази за “бугарски корени”. Јас такви ниту имам, ниту сум ги “барал”. Моето потекло најмалку 300 години наназад е од срцето на Македонија – по мајчина страна од Ореше, велешко, по таткова од Габровник, прилепско.

И тука заврши приказната. За среќа, во меѓувреме прво Фокус, а потоа и 24 Вести, ги подотворија вратите за “озрачените од А1”, па почнав пак да работам и веќе не ни размислував за заминување од земјата. Ни тогаш, ни сега, не мислам дека е решение сите да се иселиме, туку кој колку може во својот домен да се бори да ја направиме Македонија пристојно место за живеење.

Значи лага е дека сум добил “отказ од бугарско државјанство”, оти за да добиеш отказ од нешто, прво треба да го имаш. Јас немам и никогаш сум немал бугарско државјанство, па никако не сум можел да добијам “отказ”.

Дали се каам? Од денешна перспектива, да. Тогаш бев млад, имав 28 години, и наивно верував дека Бугарија сака вистински да им помогне на “браќата” во Македонија. Денес е јасно дека ова е само една од нивните алатки за “докажување” дека во Македонија има 100 и не знам колку илјади Бугари, што е секако свесна манипулација, бидејќи и тие знаат дека 99% од Македонците ги вадат пасошите од економски причини, некои за егзистенција, некои за бизнис. Инаку, пасошот во нормалниот свет е документ за врска меѓу индивидуа и држава, само за Бугарија е “доказ” за некаква етничка припадност.

Тоа е приказната, моја лична, приватна, која во нормални услови не би требало да го засега никого освен мене. Ама ете, тоа било “цената на јавната работа”. Јас ќе продолжам да живеам и работам чесно, според принципи и вредности, без да повредам или да наштетам некому (освен себе си понекогаш). И така ќе биде додека сум жив, каде и да сум, што и да правам, оти за мене животот и нема друга смисла.

Не знам само како им е на оние трговци со човечки души што се збогатија на маката на Македонците, ама сигурен сум, не можат да го кажат истото. А секако на крајот, на сите ќе ни суди Господ.

Прекрасна новогодишна бајка во Битола и синоќа – останатите треба да учат од ова (Фото/Видео)

Пред три дена на платото пред реновираниот офицерски дом во Битола, се одржува прекрасна претпразнична програма насловена како “Зимската приказна”.

Општина Битола се погрижи во деветдневната програма да има по нешто за сите, од најмалите до највозрасните. Детски претстави, дружење со Дедо Мраз, богата музичка програма во вечерните часови, куќарки со слатки задоволства, пијалоци, сувенири…

Сето ова е дел од битолската “Зимска приказна” што наиде на позитивен одзив кај битолчани, но и жителите од околните општини.

Kaко љубопитни, но и по малку љубоморни соседи, синоќа отидовме и се уверивме во одличната програма, а наидовме и на стотици млади и весели луѓе.

Ова е само мал дел од атмосферата која ја направија од групата “Боеми”:

Секоја чест за битолчани што во ова време невреме, успеаја да внесат позитивна енергија во голем број луѓе.

А вие не чекајте, програма има секој ден до Нова година. 44 км далечина од Прилеп е премалку за да не се ужива во ова.

Целосната програма на “Зимската приказна” во Битола можете да ја погледнете ТУКА, а повеќе фотографии и видеа погледнете ТУКА