Поранешниот боксерски професионалец и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, остро ја критикуваше најавената германска испорака на 5.000 заштитни шлемови во Украина.
„5.000 шлемови се апсолутна шега. Што следно Германија ќе ни испрати за поддршка? Перници?“, ја критикуваше Кличко германската влада во „Билд“.
Украинскиот амбасадор во Берлин, Андреј Мелник, претходно ја поздрави ветената испорака, но во исто време ја критикуваше како „чисто симболичен гест“.
„Тоа е само капка во море. Не е ни утеха“, изјави тој, додавајќи дека неговата земја бара воени бродови и системи за противвоздушна одбрана, како и 100.000 заштитни шлемови и елеци (панцири – н.з.) за доброволци.
Министерката за одбрана Кристин Ламбрехт претходно најави дека Германија ќе ѝ достави на Украина 5.000 воени заштитни шлемови.
„Ова е многу јасен сигнал: стоиме покрај вас“, рече таа по состанокот на Комитетот за одбрана во Берлин.
На 26.01.2022 полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп на превој Плетвар го лишиле од cлобода С.Ј.(31) од Прилеп, бидejќи кај него биле пpoнajдени и одземени се една ќеса со бела гpyтчecта матepиja и 24 таблетки, а покрај тоа бил баран по нapeдба на Основен cyд Прилеп за издpжување казна затвop во вpeметpaење од една година за стopeно кpивично дело „тешка кpaжба“, извpшена на подрачјето на Скопје.
Тој е спpoведен во Kaзнено- попpaвната ycтанова Затвop Прилеп за издpжyвање на казната, а по документиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceн поднecoк пopaди coмнение за стopeно кpивично дело по чл. 215 од Kpивичниот законик.
На 26.01.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп од ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп лишен е од слобода С.Д.(48) од Прилеп, бидејќи кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Против него ќе биде поднесен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик.
Тpaорно сведоштво ја прекина емисијата „Јанко јади бурек“. „Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе„ во солзи раскажуваше гледач на емисијата за смртта на неговата сопруга.
По сведоштвото на гледачот, Јанко Илковски не можеше и самиот да ги задржи солзите и ја прекина емисијата.
Гледачот раскажуваше во каква катастрофална состојба е македонското здравство и за голготатата која ја преживеал обидувајќи се да го спаси животот на неговата сопруга.
Се започнало откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19, по што била пуштена дома.
Во домашни услови и се влошила здравствената состојба за да потоа да биде сместена во Ковид болницата на инфективното одделение.
По кратко боледување таму, неговата сопруга починала, а гледачот открива дека била украден златниот накит од неговата сопруга и нејзиниот телефон.
Ова не е држава, вели гледачот, а веројатно и сите ќе се согласиме.
За емисијата се огласи и водителот Јанко Илковски на Фејсбук кој истакна дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на господинот, а чувството го спореди со бокс во плексусот.
-Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачење додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и објавам да биде сведоштво што преживувал народов.
Не можам да споделам како се чувствував , најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен, пишува тој.
Поминаа точно 13 години од оваа изјава на Хавиер Солана, но сеуште ни фали една “уплатница” за да започнеме преговори со Европската унија.
Секако, нема да се откажеме! Затоа што Европската унија е нашата единствена опција и немаме друга алтернатива. Како и да е, ова е долг период, па од тука и сомнежот дека повикот во авионот кој го доби екс премиерот додека се враќаше со владината делегација, веројатно не бил од висок претставник на Унијата, туку од “руските пранкери”.
Општо позната тајна е дека СДСМ брзаа да дојдат на власт за да ги сместат нивните фирми да работат за државните институции и на тој начин да заработуваат пари. Тоа е случај и со адвокатските друштва во СДСМ, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Арсовски:
-Класичен пример е адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, кое преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирале околу 55.000 евра.
Имено, адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ е во сопственост на адвокатите Снежана Калеска – Ванчева и одредена адвокатка Виолета Василева.
Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ, инаку претседател на форумот на жени во СДСМ. Исто така како пратеник голем таканаречен борец за правда држава која што гледаме дека не функционира.
Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ.
Како е можно баш ова адвокатско друштво да земе за 3 и пол години 55.000 евра?
Кој е одговорот на пратеничката Снежана Калеска – Ванчева што токму адвокатското друштво каде што е таа основач и содружник до пред да стане пратеник, земало над 55.000 евра од овие институции во текот на овие три и пол години?
Очигледно е.
Ова е начинот на СДСМ како заработуваат пари на грбот на граѓаните.
Калеска во Собрание објаснува за правните норми и правна држава, а позадински нејзиното адвокатско друштво што го основала претходно, пред да стане пратеник земала 55.000 евра од државни институции по основ на паушали.
На кој начин овие институции, каде и во најголем дел од директорувањето бил само еден човек директор од СДСМ и цело време токму оваа фирма ги добива паушалите? На кој начин токму оваа фирма ги добивала паушалите?
Почитувани,
СДСМ има вакви безброј канали за испумпување на парите на граѓаните по било кој основ. Тоа мора да се прекине
Ја повикуваме Антикорупциската комисија под итно да отвори постапка и да провери дали сето ова е направено во рамките на законот. Можеби е направено во рамките на законот, но дали има судир на интереси и дали е етички морално и по законот за судир на интереси,рече Арсовски.
Чекор напред во олеснување на работата на персоналот во инфективно одделение, но и олеснување за тешките болни кои се хоспитализирани.
-Од денес сместивме мобилен рентген апарат во склоп на инфективно одделение кој направивме напори да биде поврзан со РИС системот.
Така тешките болни ќе ги снимаме во кревет, а електронски рентгенологот ја добива сликата па дава стручен извештај на инфектолозите.
Ова е големо олеснување во дијгностички цели, но и следење на текот на пнеумониите настанати како последица на Ковид инфекцијата – информираат од прилепската болница “Борка Талески”.
Владата на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.
Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање).
За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура.
Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.
Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица кои исполнуваат еден од следните критериуми:
-Вакцинирани со КОВИД-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци;
Прележани со КОВИД-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци;
-Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.
Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден.
На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.
Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.
Новиот милионер од Државна видеолотарија е Дејан Долгоски од Прилеп кој освои 1.336.670 денари.
Најновиот член во семејството “милионери” на Видеолотарија Касинос Австрија е Долгоски Дејан од Прилеп. Од 17-ти јануари тој е побогат за 1.336.670 денари.
Во претходната година 134 играчи ја освоиле најголемата добивка, а сумата изнесува точно 202.277.991,00 денари.