дома блог страница 1714

За прв пат објавена песната “Марија”, која Тоше ја испеал со групата “903” на свои 16 години (Видео)

Да беше меѓу нас вчера ќе наполнеше 41 година, но иако него го нема неговите песни, хуманост и дела живеат и денеска.

На неговиот роденден за прв пат беше објавена песната “Марија”, која Тоше ја испеал заедно со групата “903” кога имал само 16 години.

Погледнете во продолжение:

Три лица починаа од Koвид-19 во Прилеп во изминатото деноноќие: На државно ниво pyшиме црни peкopди

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.

Регистрирани сe 973 оздравени пациенти од: Скопје – 558, Охрид – 87, Битола – 70, Куманово – 38, Струга – 29, Струмица – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 20, Штип – 19, Тетово – 15, Гевгелија – 11, Ресен – 9, Кичево и Крива Паланка – по 8, Гостивар – 7, Велес, Радовиш и Крушево – по 6, Дебар – 5, Свети Николе и Берово – по 4, Кратово – 3, Кочани и Валандово – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

• Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 70г, 85г и 85г), 3 починати од Прилеп (71г, 72г и 82г), 2 починати лица од Битола (84г и 84г) и по едно починато лице од Гостивар (72г), Охрид (81г), Кочани (70г), Свети Николе (79г), Струмица (78г) и Штип (78г). Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72г до 75г. Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 6.119 тестови преку: ИЈЗ-533, ЦЈЗ Скопје-108, ЦЈЗ Битола-99, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-95, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–177, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Авицена-237, Биотек-298, Систина-117, лабораторија Лаор-181, Синлаб-43, Ремедика-20, Плодност-97, Генеа-17, Никоб Лаб-1.114, ВФВ Медикал-113, Ели Медика-43, Ројал Медика–32, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–22, Рамус-57, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.366.

Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.

Прилепчанец изгopeл во викендицата во која живеел

На 26.01.2022 во 08.10 часот во ОВР Прилеп e пpиjaвено дека околу 07.00 часот нacтанал пожap во викенд куќа на м.в. Бегова ливада, прилепско, во која живеел Т.М.(89), кој починал на лице место.

Cмpт конcтатиpaл лекap од Итна медицинcка помош, а од страна на Јавен обвинител телото е пpeдадено на семejcтвото – информираат од МВР.

CERTIADRIA – Светско, а наше!

Како се станува регионален центар за сертифицирани IT обуки?

Дигитализацијата овозможи коренити промени во начинот на работењето. Се зголеми индивидуалната продуктивност, се создаде нов квалитет на сработеното. Да знаеш да работиш во Word, Excel, Outlook и PowerPoint, денес е нешто без кое не може да се аплицира за скоро било кое работно место.

Токму во полето на дигитализацијата и едукацијата, тимот на Certiadria ја согледа својата бизнис идеја – компанија која е посветена на обезбедување образовни и сертификациски услуги во нашата држава, но и пошироко во Јадранскиот регион. Тие се дел од Certiport глобалната мрежа за акредитирани компании кои вршат обуки и издаваат сертификати за познатите програми и брендови како оние на Adobe, Autodesk, Microsoft и многу други.

На што се должи успехот на CertiAdria?

„Нашите почетоци датираат од 2011 година кога го потпишавме партнерството со Certiport и Pearson VUE Business и можеме да кажеме дека сме целосно задоволни од постигнатото“- истакнува Марко Серафимовски, оперативниот директор на CertiAdria.

„Сепак нашата визија за раст и развој, требаше да биде поткрепена и со финансиска поддршка и консултантски услуги за напредок и успешно менаџирање на деловните процеси. Како мала, но динамична компанија ни одговараше соработката со Микро Инвестицискиот Фонд (МИФ) со кој управува друштвото SPMG Capital. Со инвестицијата на МИФ во 2014 година, го зголемивме присуството на пазарите и надвор од Јадранскиот регион. Веќе во 2016 година станавме авторизиран партнер за едукација (AЕП) на Microsoft и обезбедивме официјални едукативни материјали и решенија од Microsoft за академските институции ширум Јадранскиот регион. Наредната 2017 година потпишавме договор за соработка со ISQI (International Software Quality Institute) и право да ги нудиме нивните официјални испити во 12 земји – Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Унгарија, Малта и Романија. Истата година, остваривме и соработка со ИАПП (International Association of Privacy Professionals) и станавме Официјален Тренинг Партнер за GDPR обуки во целиот свет.“

Она по што CertiAdria е посебна е понудата на сертифицирани обуки кои се признати на глобално ниво и со кои им овозможувате на компаниите и образовните институции да создадат врвни кадри и професионалци во дигиталниот свет.
Како ја гледате иднината на CertiAdria?

„Една од нашите цели е градење на силни врски со академскиот и индустрискиот свет, при што вработените и студентите/учениците стекнуваат компјутерски и интернет вештини кои ќе бидат потврдени и ќе бидат основа за да продолжат со понапредни обуки и сертификации. Имаме воспоставено соработка со 70 универзитети и средни училишта, 30 компании за обуки и 4 иновативни центри. И во иднина ќе продолжиме да обезбедуваме програми за врвна едукација во областа на IT технологиите и нивно интегрирање со потребите за развој на регионот.“
Образованието, покрај тоа што е благородна дејност, може да заклучиме дека и кај нас може да биде профитабилна и одржлива бизнис идеја, поткрепена секако со труд, знаење и поддршка од деловните и финансиските партнери и соработници. Дигитализацијата има неограничен простор за развој и имплементација на секое поле, а со тоа и можности знаењето и идеите во оваа сфера да ги претворите во капитал.

84-годишен прилепчанец пpиjaвил дека бил огpaбен од две лица: Му одзеле 159.800 денapи

На 24.01.2022 во ОВР Прилеп, К.Д. (84) од Прилеп пpиjaвил дека на 17.01.2022 на ул. “Димо Наредникот” бил измамен од две лица.

Според приjaвеното, oткако пpиjaвителот бил замолен од едното лице да му покаже како се вадат пapи од сметка, тој подигнал 159.800 денapи, а другото лице доведувајќи го во заблуда, му ги земало парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

(Фото) Со детектор за метал пронашол златник вреден 750.000 долари

Човек од Англија со детектор за метал го откопа својот прв златник, кој се покажа дека вреди неверојатни 648.000 фунти.

Мајкл Ли-Малори (52) ја пронашол паричката на обработливо земјиште во Хемиок, Девон минатиот септември. Најпрво, тој не бил целосно свесен за тоа колку е вредна монетата, се додека специјалист од аукционерите на Spink, Лондон, ја забележал на неговата страница на Фејсбук и откри дека станува збор за супер-редок денар од Хенри III. Се смета дека монетата го прикажува првиот „вистински“ портрет на англиски крал на неговиот трон уште од времето на Вилијам Освојувачот.

Се знае дека постојат само осум од монетите – од кои повеќето моментално се чуваат во музеи.

Импресивната сума е светски рекорд за монетата Хенри III и воедно највредната средновековна англиска монета некогаш продадена на аукција.

(Видео) Ристески делеше мекици низ Скопје како донација за Рашкоски

Денес, во центарот на Скопје како УМС на ВМРО-ДПМНЕ поделивме мекици на случајни минувачи.

Во продолжение видео и текст од изјавата на Илија Ристески, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ:

Со оваа наша акција сакаме да помогнеме на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија. Сега од кога повеќе не е на функција генерален секретар и од кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени.

Затоа прашуваме:

Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни? Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје? Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка Доџ?

Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип Волво? Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, Хонда и Кавасаки?

Ова се само мал дел од работите кои наводно Рашковски ги стекнал од родендени, крштевки и мекици.

Имајќи предвид дека парите на сметките на неговите блиски беа од делење мекици, сега ние, „собраните средства“ ќе ги уплатиме исто на тие сметки, па да се надеваме дека со овој мал придонес ќе успееме да ги надополниме сметките на неговите најблиски за неколку милиони денари.

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ строго го осудува секое криминално работење, стекнување без основ и богатење од парите на граѓаните! Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залагаме за да спречиме секаков вид на криминал, како и никогаш повеќе расипничкото владеење на СДСМ!

Се очекува големо пocкапyвање на цигapите на почетокот од следниот месец

Се очекува да поскапат цигарите на домашниот пазар најверојатно уште од почетокот на следниот месец. Според неофицијалните информации од тутунската индустрија, цената на цигарите за една кутија ќе порасне околу 10 денари.

Растот на цената на цигарите се должи на неколку фактори, објаснуваат од тутунската индустрија. Голем притисок за раст на цената на цигарите врши енормното зголемување на цената на природниот гас, струјата и другите енергенси што се користат во производниот процес. Истовремено, како резултат на растот на цените на енергенсите се зголемија и цените на репроматеријалите, кои освен што се продаваат по повисоки цени се и дефицитарни и создаваат неизвесност во дневното производство. Овие фактори директно „притискаат“ на зголемување на крајната цена на цигарите во земјава.

Покрај неповолните нагорни трендови кај цените на енергенсите и репроматеријалите, притисок врз цените на цигарите, но и другите производи за широка потрошувачка прави и годишната инфлација. Според мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, инфлацијата во 2022 година ќе изнесува околу 3,9 отсто.

На цената на цигарите влијае и редовното годишно зголемување на акцизата. Од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија. За да се ублажи растот на цените на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза.

Цената на цигарите расте и во другите земји. Во Србија од први февруари се зголемува цената на цигарите, пишуваат српските медиуми. Според ценовникот објавен во „Службен весник“ цената на најевтината кутија цигари ќе изнесува 290 динари или околу 150 денари, а цената на најскапите цигари ќе изнесува 570 динари или околу 300 денари, се наведува во тамошните медиуми.

330.000 пензионepи денеска ќе добијат зголемени пензии за 3%

Денеска речиси 330 илјади пензионери ќе добијат зголемени пензии за 3%.

Станува збор за редовно порамнување, кое се прави 2 пати годишно, согласно порастот на трошоците за живот.

Зголемувањето е во просек за 460 денари, а најниските – до 11.000 денари ќе бидат повисоки за 304 денари.

Минимална пензија земаат скоро 90 илјади лица. Предвременета исплата значи дека Фондот е во добра кондиција, вели првиот човек на ПИОМ.

Следното зголемување, односно порамнување ќе биде во јули.

Како денеска изгледаат локациите каде е сниман безвременскиот серијал “Жикина династија” (Видео)

Иако поминаа толку години од кога е снимено последното продолжение, темите и хуморот имплементирани во серијалот “Жикина династија” се актуелни и денес.

Безвременскиот серијал се уште се гледа, па дури и често се емитува по ТВ станиците во соседството и кај нас. Видеото во продолжение ги прикажува некои од локациите каде се снимани авантурите на Жика и Милан.

Интересно е тоа што кафеаните од филмот постојат и денеска, работат и го носат истото име.