дома блог страница 1712

Аки Ракимовски ќе добие улица со неговото име во Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа најави дека ќе предложи Советот на Град Скопје да донесе одлука, улица во Скопје да биде именувана според легандарниот хрватски пејач со македонско потекло, Аки Рахимовски.

-Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, попладнево беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме.

Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, пишува Арсовска во својата објава.

Ни доаѓаат нови врнежи од снег: Еве какво ќе биде времето викендов

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Ќува слаб до умерен, повремено и засилен ветер во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.

Времето утре ќе биде претпладне променливо облачно со повремен слаб снег. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 60 км/час).

Во недела и понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето кое ќе трае до вторник за кога се очекува нов влажен бран со дожд и снег.

Ќе ја претставува Македонија на Зимските Олимписки игри во Пекинг, а општина Крушево му доделила мизepни 10.000 денapи помош

Крушевчанецот Ставре Јада по втор пат ќе настапи на едни Зимски олимписки игри. Олимпијадата ќе се одржи во Пекинг од 4 до 20 февруари. Македонецот ќе настапува на спринт од 1,4 километри и во маратонот од 50 км. Јада за својот настап на игрите во Пекинг побарал финансиска помош од општина Крушево, а од таму добил мизерни 10.000 денари.

Неговата реакција на социјалните мрежи во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Поради мојот втор настап на Зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево.

На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци.

Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација.

Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево:

1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот?
2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите?

И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг”.

Пет Рено четворки на едно место, наредени како миленичиња во прилепски двор (Фото галерија)

Необична глетка во прилепски двор …. пет Рено четворки паркирани на едно место

Глетка која носталгично враќа во едно време кога овие автомобили беа врв по улиците, и беше престиж да се поседува вакво возило.

Веројатно се работи за вљубеник во овие автомобили, кој доколку сака го замолуваме да ни пише, затоа што му должиме поголемо внимание од 2-3 реченици текст.

Мајсторе секоја чест!

(Фото) Исчистена уште една руинирана локација во Прилеп на влезот во “Точила”

Долго време беше руина и запустено место, а деновиве конечно е расчистена парцелата на улицата “Браќа Миладиновци” до КАМ маркет.

Засега не е познато дали парцелата е во државна или приватна сопственост, но добро е што уште една руинирана локација барем нема повеќе да го нагрдува ликот на градот.

22-годишен пациент од Прилеп во денешната статистика на починати од Koвид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен – по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка – по 16, Валандово – 15, Делчево – 11, Богданци – 9, Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 5, Берово, Дебар и Македонски Брод – по 4, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Кратово и Крушево – по 2, Дојран – 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.

Регистрирани сe 7.273 оздравени пациенти од: Скопје – 4.208, Битола – 582, Прилеп – 317, Охрид – 302, Струмица – 176, Куманово – 170, Тетово – 143, Кавадарци – 136, Струга – 107, Гевгелија – 105, Велес – 92, Крушево – 84, Гостивар – 82, Кичево – 72, Валандово – 71, Штип – 67, Ресен – 66, Неготино – 59, Делчево – 58, Кочани – 57, Радовиш – 54, Крива Паланка – 41, Берово – 34, Кратово – 31, Свети Николе – 25, Демир Хисар – 24, Богданци – 23, Македонски Брод – 17, Виница – 16, Македонска Каменица – 15, Пробиштип – 12, Пехчево – 9, Демир Капија – 8, Дојран – 7, Дебар – 3.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 9 починати лица од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по 3 починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица од: Охрид (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Гевгелија (1) на возраст од 39г до 90г. Пријавените се починати во период од 17.01.2022 до 25.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=27), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 5.446 тестови преку: ИЈЗ-451, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–176, Жан Митрев (Филип Втори)-169, Авицена-196, Биотек-273, Систина-109, лабораторија Лаор-109, Синлаб-42, Ремедика-20, Плодност-83, Генеа-25, Никоб Лаб-690, ВФВ Медикал-73, Ели Медика-74, Ројал Медика–18, Спектра-ММ-24, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–12, Нова Лаб Дијагностика–25, Рамус-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.433.

Досега во земјата се направени вкупно 1.767.491 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати е 8.312, а бројот на активни случаи изнесува 16.442.

Левица Прилеп: Heдозволиво е кога ЈКП Комуналец се соочува со економски пpoблеми да набавува мебел

Левица го претставува гласот на народот во институциите на системот, затоа, секогаш граѓаните ќе бидат известени како се раководи со народните средства, добра и опрема – се вели во денешното соопштение од прилепскиот огранок на политичката партија “Левица”.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

Сакаме да ве известиме дека на 25.01.2022 година, во просториите на ЈКП Комуналец, се одржа трета по ред седница на управниот одбор на ЈКП Комуналец. На втората, по некоја случајност, печатна грешка или што не, нашиот член Атанас Белокоски не беше известен за терминот на одржување и не присуствуваше, но не по своја желба.

На третата седница на управниот одбор, на дневен ред поставена е точка за план за набавки за 2022 г на ЈКП Комуналец и истата е усвоена, но откако се поставија битни прашања и забелешки од моја страна со оглед на конструкцијата на точките од планот за набавки и распределбата на средствата.

Битна и главна забелешка е планот за трошење на не суштински средства од буџетот на ЈКП Комуналец, во време каде што јавното претпријатие се соочува со тешкотии во економско опстојување.

Така да, планирање на средства за канцелариски мебел воопшто не се гледа суштински за ефикасност на било кое претпријатие или компанија.

Се надеваме, овие не суштински трошоци да се нулираат оваа година и тие средства да се пренаменат на вистинското место, како и што беше ветено од надлежните. Доколку тоа не се случи, јавноста ќе биди известена каков бренд на мебел и по која цена ќе биде набавен.

Под македонското знаме и со песната “Зошто си ме мајко poдила”, Аки Ракимовски исратен до вечното почивалиште (Видео)

Аки Рахимовски беше испратен од најблиските роднини и колеги на загрепските гробишта Мирогој.

Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со знамето на Македонија, а на него имаше црвени рози. Аки Рахимовски меѓу другото беше испратен во последното почивалиште во Алејата на великаните на Мирогој со македонската песна „Зошто си ме мајко родила“.

На погребот се собраа бројни пријатели и колеги и членови на семејството. Емотивниот говор на неговата ќерка Едина трогна многумина до солзи.

„Еднаш рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек“, рече уништената Едина.

„Ти благодарам тато што ме научи дека човдкот е само мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато затоа што им е досадно без тебе. И само така ти знај, само ти тато, и никој како тебе“, рече таа.

„Те сакам тато“, го завршила својот говор.

Бомбона бизниc: Oд пocкапените ќеси досега во државата собрани 235.000 евpa

Изминува вториот месец како граѓаните почнаа да ги менуваат своите навики при купување во маркет, откако на сила стапи Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година. Досегашните пластични кеси за една употреба ги заменија со платнени торби, а оние кои се најдоа затекнати без своја торба, плаќаат по 15 денари на каса за т.н. биоразградлива кеса.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, е задоволен од забраната затоа што потрошувачката на пластични кеси за носење стоки е намалена до десет пати.

– Според анализите кои ги започнавме да ги правиме во соработка со маркетите може да се заклучи дека имаме големо намалување на потрошувачката на кеси. Некои маркети кои кесите порано ги давале бесплатно, има намалување и до 10 пати, а кај оние кај кои се плаќале по денар или два, продажбата на кеси е намалена четири пати – истакна Нуредини.

Тој истакна дека маркетите од продажбата на биоразградливите кеси по 15 денари само во декември инкасирале 14.413.019 денари (235 илјади евра) и тие пари, согласно законската обврска, ги префрлиле во еколошкиот Фонд на министерството. Нуредини најави дека ќе се донесе програма за инвестирање на средствата кои се добиени од продажбата на биоразградливите кеси, а целта е овозможување на системот за селекција на отпад да го осети секој граѓанин.

– Ќе дадеме почетен импулс на локалната самоуправа и колективните постапувачи кои имаат обврска со новите закони да воспостават инфраструктура за селекција на отпад за граѓаните, посебно во заштитените подрачја. Парите од Фондот може да се искористат за набавка на контејнери за селектирање на отпад, пред сè на пластика и конзерви, за што се бара поддршка од локалната самоуправа и колективните постапувачи за селекција на отпад – рече Нуредини.

Тој смета дека е потребно време за прилагодување на граѓаните, но истакна дека е позитивно тоа што маркетите сега повеќе продаваат торби за повеќекратна употреба.

Инаку, на продажните места низ маркетите, особено во делот кај пилјарите може да се забележи дека има избор од пластични и хартиени кеси и за нив не се наплатува. Пластичните кеси се без рачки, со принт дека се биоразградливи. Но, на пазарите не е така. Таму сè уште се користат најлончињата.

Нуредини најави дека ќе следат почести контроли во маркетите и додаде дека не е дозволена употреба на пластични кеси подебели од 15 микрони за носење стоки без разлика дали се со рачки или без рачки.

-Таквите кеси мора да се плаќаат по 15 денари, а оние потенки од 15 микрони, се за хигиенска употреба и може да се користат за пакување месо за што маркетите плаќаат. Пазарниот инспекторат ќе врши построги контроли и ќе ги започнеме во поголемите маркети, бидејќи тие се и најголеми потрошувачи на кеси. Еден голем маркет лани во ноември, пред воведувањето на забраната, бесплатно делел по 800 илјади кеси, а по воведувањето во декември продал 103 илјади. Друг голем маркет во кој се плаќале кесите месечно продавал по 709 илјади, а сега продава само 147 илјади кеси по 15 денари – истакна Нуредини.

Тој напомена дека првите анализи велат дека се намалува употребата на пластика во нашата држава и тоа за тони пластика. Кај нас, генералната стапка на рециклирање е многу ниска – од 5 до 15 проценти.

Франција од 1 јануари година направи „револуција“ со тоа што ја забрани пластична амбалажа за најголемиот број овошја и зеленчуци. Краставиците, лимоните, морковите и портокалите се меѓу 30-те производи кои имаат забрана да бидат пакувани во пластика. Законот нема да важи при продажба на поголеми количества од овие зеленчуци, или, пак, за сечканото и преработеното овошје.

Забраната доаѓа како дел од повеќегодишната програма со која употребата на пластични производи во Франција треба да се намали од голем број на индустрии.

Минатата година во земјата беа забранети пластични сламки, чаши и прибор за јадење, како и пластични амбалажи за носење храна. Истовремено, списанијата веќе започнаа да се доставуваат без пластично пакување, додека рестораните за брза храна повеќе не можат да нудат бесплатни пластични играчки.

Подоцна оваа година јавните места ќе бидат принудени да обезбедуваат фонтани за вода со цел да се намали употребата на пластични шишиња.

СОНК со барање до Владата и Министерството за образование

Министерството за образование и наука и Владата треба да размислат за алтернативни методи на наставата во второто полугодие во основното и средното образование, додека бројот на заразени не падне и не се стабилизира епидемиолошката сосотојба во земјата, апелираат од Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК).

Јаким Неделков, претседателот на СОНК вели дека во време на висок процент на заразени и минусни температури, не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие.

– Ако се погледнат бројките на дневно ниво на заразени од ковид-19 и ако стручните лица кажуваат дека пикот се уште не е постигнат, оправдано стравуваме дека пикот може навистина да се случи во училиштата и многу ученици и наставници да се заразат. Таквата состојбата ќе биде сериозна – посочува Неделков.

Според него, сите се свесни дека омикрон-сојот побрзо и полесно се шири, но со оглед на минусните температури и на почитување на протоколите на проветрување на училниците, покрај ковид-19, може да има и ширење на грип, настинки и друго.

– Затоа бараме алтернативно изведување на наставата, па потоа да се види каква ќе биде епидемиолошката сосотојба. Првично предлагаме наставата две недели да се одвива онлајн. Наставниците се веќе обучени, на учениците им е познат начинот на функционирање. Знаеме дека тој начин е потежок, но засега е побезбеден – додава претседателот на СОНК.

Владата на вчерашната седница донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирус.