дома блог страница 1698

Весна Бејби шокиpaна од cметката за cтpyja: Стварно се ненopмални (Видео)

Весна Бејби Петрушевска, откако пред неколку години ѝ падна автомобилот во Вардар, стана дел од рекламната кампања на ЕВН за плаќање на сметки онлајн, но и таа е згрозена од сметките кои и пристигнаа за струја во јануари и реагираше со видео објава на Фејсбук.

„Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14 000 денари, другата 18 000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките другпат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН оттаму. Навистина се ненормални“ вели Петрушевска.

Ќе се степаат кој е позаслужен: За Бектеши новиот минималец од 18.000 е заслyга на Д У И и министерот Бесими

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 72 илјади работници земаат минимална плата од 15.200 денари.

„Мнималната плата ќе ја покрие просечната плата со 60,76% и таа ќе изнесува 18,000. До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот“, истакна Бектеши.

Бектеши напомена и дека заслуга за оваа мерка има министерот за финансии Фатмир Бесими и ДУИ како политичка партија, затоа што ова ветување е од предизборната програма на ДУИ, а се реализира сега од Владата.

Закерберг се закани дека ќе ги угаси Фејсбук и Инстаграм во Европа

„Мета“ може да ги затвори социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук во Европа доколку на компанијата не ѝ се дозволи да обработува податоци на европски корисници на своите сервери во САД, промена која моментално е под лупа на регулаторите.

Според сегашните договори, „Мета“ смее да ги процесира податоците на своите европски корисници во седиштето во САД, но правилата за пренос на податоци се под надзор на Европската унија и би можеле да се променат.

Медиумите што објавија дека „Мета“ навестува гасење на Инстаграм и Фејсбук во Европа потсетуваат дека штитот за приватност ЕУ-САД беше рамка што ја регулираше трансатлантската размена на лични податоци и им дозволуваше на американските компании полесно да ги добиваат личните податоци на субјектите на ЕУ во склад со правото на ЕУ за приватност. Меѓутоа, Европскиот суд на правдата го прогласи договорот за неважечки во јули 2020 година, но не го запре преносот на податоци додека се развива нова рамка.

Во текот на својот годишен извештај, извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, предупреди дека ако новата рамка што се развива повеќе не ѝ дозволува на компанијата да ги користи постоечките договори или слична алтернатива, таа „веројатно“ повеќе нема да може да ги обезбедува своите производи и услуги кон регионот.

„Мета“ нагласува дека нејзината способност да споделува податоци меѓу земјите и регионите е од клучно значење за услугите и насоченото рекламирање да бидат оперативни.

Ако компанијата не може да продолжи да пренесува податоци меѓу регионите, ќе мора да ги затвори Фејсбук и Инстаграм во Европа, објави „Еуроњус“.

Барди ocyден во Шпанија – еве за што се работи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на четиримесечна затворска казна поради користење на лажна возачка дозвола. Шпанските медиуми откриваат дека Барди ја признал вината и ја прифатил казната откако на судењето во Валенсија било потврдено дека документот е лажен.

Сепак, судијата веднаш ја заменил затворската казна со условна казна од две години, со напомена дека македонскиот репрезентативец не смее да направи ново кривично дело во тој период.

Барди во април минатата година бил запрен од полицијата во Валенсија во рутинска контрола, а потоа било утврдено дека возачката дозвола не е изработена според пропишаните стандарди.

Како се прават плескавиците за денес толку многу популарните бургери (Видео)

Видео кое го прикажува процесот на производство на плескавици за популарните денес бургери. Кинезиве дури си имаат и готов производ, спакуван со сите нишани. Погледнете:

Збогум сиpoмаштиjo! Mинималната плата ќе биде 18.000 денapи – еве од кога

Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите, објави Ковачевски на Фејсбук.

– 80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните, истакна Ковачевски.

Aко се сака се може: Хрватска ги замрзна цените на горивата, кај нас растат веќе еден месец

Додека во Македонија цените на горивата вртоглаво растат од недела во недела, а притоа Владата не презема никакви мерки, Хрватска ја ограничи цената на дериватите.

-По очекуваниот пораст на цената на нафтените деривати, интервениравме и ја променивме регулативата за мерки. Цената на моторниот бензин е ограничена на 11.37 kn, дизел горивото на 11.29 kn, а синиот дизел на 6.50 kn, земајќи го предвид влијанието врз земјоделството и другите активности – напиша на ФБ премиерот на Хрварска, Андреј Пленковиќ.

Жители на Обршани и Боротино се пpecметале во Кривогаштани

На 06.02.2022 во полициското одделение Кривогаштани било пpиjaвено дека во yгocтителски објект во Кривогаштани, по кратка вepбална pacпpaвиja, настанала физичка пpecметка помеѓу Б.Г.(34) и Б.Е. (35), двајцата од с. Обршани, од една страна и Р.У. (24) и Д.У. (22) од с. Боротино, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на слyчajoт – информираат од СВР Битола.

Предизвикот прифатен (Фото)

На социјалните мрежи се појави фотографија со сообраќајка која најверојатно се случила деновиве во Скопје.

Комбе во близина на Алумина удри во билборд.

Интересно е тоа што на билбордот стои натпис со големи букви „you can’t miss me“, што во превод значи „не можеш да ме промашиш“.

(Видео) Ова не ни требаше: GP ја напушти македонската Јутјуб сцена

Марко Марковиќ ја напушти македонската Јутјуб сцена.

Секоја генерација има свои идоли, а во оваа нова, дигитална доба тоа се јутјуберите.

Еден од нив беше и Марко Марковиќ, познат под псевдонимот GP, кој веќе една деценија создаваше различни содржини кои имаа за цел да ги забавуваат корисниците на Јутјуб. Со оглед на тоа што тој има скоро 260 илјади претплатници на неговиот канал, Марко е најуспешниот Македонец на Јутјуб.

„Благодарение на Јутјуб, цело време се спојувам со погрешни личности. Мислам дека не запознав ниту еден асален човек преку Јутјуб. Кај 99 отсто од луѓето коишто се во овој бизнис има многу лицемерие, многу зборување позади грб, многу љубомора, многу алчност за пари“, вели Марко.