Османи: “Зошто толкава хистерија за Бесмира Ејупи, зошто е млада, зошто е Албанка?”

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека не го знае името на Бесмира Ејупи, дека никогаш нема запознаено човек со тоа име и презиме, во интервју за Макфакс.

„Ова го сметам повеќе како шпекулација и врз основи на разговори во Влада, иако никогаш немало одобрена одлука за тоа прашање во Влада. Јас не ја познавам, не сум ја сретнал во животот. И да постоело, зошто е реакцијата? Затоа што е жена, затоа што е млада, затоа што е Албанка? Таа госпоѓа јас не ја знам и немало одлука. Сега повеќе го коментирам ефектот на оваа дебата во јавноста кој се создаде и создаде недобар вкус, рече Османи.

Прашува зошто се прејудицирало и вели дека не можеме да ги отфрлиме младите. Додава дека Македонија имала премиер на тие години, а тој бил министер за здравство на 28 години.

„Таа беше чудна дебата, беше затворена седницата, но немаше таква одлука. Сепак дебатата беше чудна и треба да се анализира од каде таа хистерија. Јас освен на телевизија таа госпоѓа не сум ја видел. Вчера и премиерот Димитар Ковачевски тврдеше дека за Бесмира Ејупи слушнал на вести.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.