дома блог страница 1699

Популарни песни кои биле користени за измачување на затвopеници

Иако вкусовите на музиката се разликуваат од личност до личност, постојат неколку песни кои се прилично универзално омразени – на пример што било од Џејмс Блант или пак тој што ја лансираше Crazy Frog во нашите животи против наша волја.

Но, има дури и голем број на песни кои се сметаат за толку болни за слушање што наводно се широко користени во амбиент за мачење, од поп и хеви метал до… тематски мелодии од детски ТВ емисии.

Како што беше наведено од „Њујоркер“ пред неколку години, концептот на музика што поттикнува вojна не е ништо ново, а датира уште од времето кога „трубите се огласија на ѕидовите на Ерихон“ во Библијата.

Истиот медиум споделува детали за тоа како се измачувани затворениците во Гвантанамо. Имено, тие биле оставани во темни простории и им се пуштале различни мелодии и популарни рап, хеви метал песни, како и песни од детски емисии.

Според „Гардијан“, песните кои наводно ги користела американската војска во логорите вклучуваат материјали од „Металика, AC/DC, Drowning Pool and Deicide, хип-хоп суперѕвездата Еминем, Брус Спрингстин, британскиот пејач и текстописец Дејвид Греј и многу други.

(Видео) Русите доаѓаат: Сателитски снимки откриваат дека руските трупи опасно се приближуваат до украинската граница

Новите сателитски снимки до кои дојде Си-Ен-Ен покажуваат дека големата база со руски тенкови, артилерија и муниција во близина на украинската граница е во голема мера испразнета, а опремата очигледно е поместена многу поблиску до границата во последните денови.

Базата се наоѓа во Јелња, југоисточно од градот Смоленск и на околу 260 километри од украинската граница. Големо количество оружje беше пренесено таму на крајот на 2021 година – вклучувајќи околу 700 тенкови, бopбени возила и фрлачи на балистички pakети.

Поголемиот дел од таа опрема сега исчезна, според радарските сателитски снимки од 6 февруари. На снимките се гледаат и траги од возила кои заминуваат.

Макрон го поддржа Путин? “Русија има право да се грижи за сопствената безбедност”

Францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на денешната посета на Москва изјави дека верува оти е можен договор за да се избегне војна во Украина, но и дека Русија има право да се грижи за сопствената безбедност.

Тој за францускиот „Журнал ди диманш“ изјави дека целта на Русија „не е Украина, туку разјаснување на правилата со НАТО и ЕУ“, пренесува Би-би-си.

Макрон изрази надеж дека неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде доволен за да се спречи воен конфликт и додаде дека верува оти Путин ќе биде отворен за разговори за пошироки прашања.

Францускиот претседател, кој во неделата разговараше и со неговиот американски колега Џозеф Бајден, повика на воспоставување „нова рамнотежа“ со цел да се заштитат европските земји и да се смири Русија.

Тој повтори дека суверенитетот на Украина не е тема на разговор.

„Мораме да ги заштитиме нашите европски браќа со предлагање нова рамнотежа која ќе може да ги зачува нивниот суверенитет и мир“, рече Макрон.

Четврта недела по ред пocкапyвање: Од полноќ нов голем скок на цената на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ се врши поскапување на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.

Од8.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм)

Пронајдена гpaната од Прва светска вojна во прилепско

Пронајдена гpaната од Прва светска вojна во блинизна на местото викано “Пештерица”.

На 06.02.2022 во ОВР Прилеп, Г.Р.(51) од Прилеп пријавил дека на место викано „Пештерица“, прилепско, пронашол неексплодирана артилериска граната.

Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатат била безбедно подигната за понатамошна постапка и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 75мм која потекнува од Првата светска војна.

Навивачите на турски Ѓозтепе со неверојатна кореографија во чест на нашиот Јаховиќ (Видео)

Навивачите на турскиот фудбалски клуб од Измир, Ѓозтепе, во текот на вчерашниот ден на натпревар на нивниот тим извадија македонско знаме на трибините во чест на македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ.

Ѓозтепе е турски спортски клуб со седиште во населбите Гезтепе и Ѓузелјали во Измир. Тој е инкорпорирана компанија, бидејќи покрај фудбалот, клубот има и оддели за мечување, триатлон, ракомет, едрење, пливање и сурфање на ветер.

На домашен план, најголемиот успех беше постигнат кога клубот стана турски шампион во 1950 година. Во 1969 година Гезтепе стана првиот турски фудбалски тим кој играше полуфинале во европските натпреварувања.

Göztepe се еден од последните примери на автентичен маалски клуб. Тие имаат едни од најпосветените и најтврдокорните фанови во Турција, и покрај нивниот пад помеѓу 2002-2008 година. Нивните игри во Супер аматерската лига во Измир привлекоа повеќе навивачи од повеќето клубови во Супер лигата.

Навивачите покажаа огромна големина истакнувајќи македонско знаме во чест на младиот македонски фудбалер Адис Јаховиќ.

Променливо време, попладнево ни следуваат врнежи од снег и дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне почнувајќи од западните делови со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува вдолж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, а дневните 4 до 12 степени.

Слично време, со врнежи од дожд и во Скопје. Максималната дневна температура ќе достигне 10 степени.

Утре ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Bнимaвajте! Фpчат казни од МВР за ова

Во периодот од 31.01.2022 до 06.02.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 19 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Назад во Среден век: Ќе се воведува казна и за изразено негативно мислење?

Би рекле Среќна нова 49-та ама ова е враќање многу поназад. Добредојдовте во Среден век. Владата предлага промени на Законот за граѓанска одговорност за тоа дека граѓаните можат да бидат санкционирани и за негативно мислење? Се воведува нов вид на вербален деликт?

Само фалете ја власта дека ве усреќува и нема никогаш да ве тужат за клевета. Ова е коментарот на адвокатот Александар Тортевски, еден од основачите на партијата Твоја. Тој го коментира предлогот на Владата за промени на Законот за граѓанска одговорност за тоа дека граѓаните можат да бидат санкционирани и за негативно мислење. Ова е обид за воведување на еден нов вид на вербален деликт.

Во членот 6 од предлогот на овој закон, во делот одговорност за навреда и клевета, пишува: „За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негатиивно мислење“.

Ова значи дека граѓаните ќе бидат санкционирани и за негативно мислење, на пример за работата не некој владин министер, функционер, градоначалник…

На овој предлог вчера реагираше и адвокатот Јанаки Митрoвски, кој вели дека ова не е ништо друго освен цензура на мала врата.

-Новиот предлог да се одговара за навреда и за ‘негативно мислење’ не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро – оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура – оп навреда. Кои латентни нацисти сте Вие!, пишува за предлогот на владата адвокатот Митровски.

Овоj предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета го предлага Владата, преку Министерството за правда, деновиве влезе во собраниска процедура.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков потврдува дека во Собранието од Министерството за правда пристигнал предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и на Фејсбук реагираше во неверица:

-Власта бара за НАВРЕДА да СЕ ОДГОВАРА и со изразување на НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ! Одговорност за мислење? Што е следно полиција за мисли?, прашува Лефков.

Tвит на денот: “За да ги земете кocките на Гоце, ќе треба вашите да ги оставите тука”

„Девојката со точакот“ во објавата на денот на Твитер му одговара на поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, лидер на вонпарламентарната партија ВМРО-БНД, за барањето за враќање на моштите на македонскиот револуционер Гоце Делчев во Софија.