Без коментар…
Видеото погледнете го ТУКА
Фејсбук објава на Богдан Илиевски (Бетмен велит)
-Во Бугарија државниот врв учствуваше во прослава со воени почести на роденденот на Гоце Делчев, а кај нас Бугар Османи вели дека декларација во која има предлози до институции да направат симболични и културни одбележувања на делото на Делчев биле проблематични. Уште повеќе мојот сограѓанин Јово Митрески декларацијата за Делчев ја нарече срамна (Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј). Стево го нарече Петков Мендела! Таче си се ладеше во Брисел.
А Киро Петков и Радев во Благоевград славеа како Левски да има роденден. Неколку часа откако Петков напиша во „мендела“ фазон дека Делчев бил бугарски револуционер.
Да цртам уште? Или јасни се нештата?
Ова се моменталните плати во градинките, основното и средното образование
Списоците од кои може да се види дека ниту една плата, освен веројатно директорската, не е ни блиску до просечната, ги објави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со придружен коментар:
„За нештата да бидат појасни. Синоќа се постигна договор помеѓу Владата, организацијата на работодавачи и ССМ за корекција на минималната плата, во висина од 18.000 денари. Политичка одлука, на задоволство на 13.7% од работниците, а останатите 86,3% се прашуваат дали конечно ќе профункционира правната држава и дали законот за минимална плата ќе се почитува во целост?!
Последниве 14 часа бројни се коментарите во однос на изедначување на платите на голем број работни места во иста дејност, со различна сложеност на работата, со различни бодови или коефициенти. Класична “урамниловка”. Во градинките, дури десет групи на различни работни места, со различни бодови, ќе земаат иста плата. Во основното и средно образование “само” пет групи на работни места со различни коефициенти ќе земаат иста плата, односно 18.000 денари. Ова е класичен пример на урнисување на платниот систем, непочитување на законите, колективните договори и меѓународните конвенции кои го третираат овој проблем.
За волjа на вистината, на синоќешната средба не беше негирано дека ќе има зголемување на платите и на другите работни места во различни дејности (образование, детски градинки, администрација, здравство итн.), но тоа треба дополнително да биде ставено на дневен ред на Економско – Социјалниот Совет (ЕСС) и да се преговара и договара…..
СОНК и КСС се единствени во ставовите, кои беа и јавно презентирани пред членовите на ЕСС, дека доколку веднаш не почнат преговорите за усогласување на платите со колективните договори, во тој случај органите на одлучување на овие организации ќе донесат одлуки за најрадикални легални и легитимни синдикални активности, во одбрана на сопствените социјални интереси, а во согласност со постоечките закони.“
Кратка хорор приказна на тема ,, МОЈАТА МИЛА КУРТАШАК ДРЖАВА”. Денес добив казна од 100€ затоа што сум поминала на црвено, на пешачки премин. Не е битно шо семафорот не работи, битно на црвено сум поминала? На кое јадно црвено? – пишува на својот Фејсбук профил Стефанија Стефаноска од Прилеп.
Во својот Фејсбук статус таа ги повикува надлежните од општина Прилеп, МВР и Полициска станица Прилеп и објави фотографија од семафорот кој не работи на раскрсницата кај “Тинекс маркет” во центарот на градот.
-Сега одете локајте по кафеани со парите за кој шо плачам, учам и работам за семестар да платам. Ама не се тоа алал пари, додава Стефанија.
Министерството за внатрешни работи ги информира и апелира до граѓаните дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.
Истотака, согласно пропишаните норми – сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако: возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија, ако возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини.
Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува јавен повик до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 30.06.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура.
Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило Министерството за внатрешни работи во согласност со законските надлежности ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ке преземе мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.
Посетата на премиерот Кирил Петков на Белград и средбата со неговата српска колешка Ана Бернабиќ остана донекаде скриена за бугарското малцинство во Србија. Останува само да се надеваме дека покрај вообичаените прашања од областа на билатералните економски односи, инвестициите, енергетиката, трговијата итн., ќе размислуваме и за проблемите што го загрозуваат постоењето на Бугарите во Србија. Да се надеваме и дека советниците на премиерот искористиле барем дел од информациите собрани во МНР за кршење на правата на Бугарите во Србија и му ги доставиле на премиерот Петков, пренесува БГНЕС.
Да се знае дека од 120.000 Бугари кои Бугарија беше принудена да ги остави на Државата на Србите, Хрватите и Словенците во 1919 година, во 2011 година останаа само 18.500, поради примената на сите светски познати методи на преселување и асимилација на население.
Бидете свесни дека овие методи се користат и денес. На пример, во областа на наставата по бугарски јазик, резултатите се многу лоши. Триесет учебници досега преведени од српски на бугарски јазик, како и изучувањето на бугарскиот јазик и бугарската историја во бугарските училишта во Србија не се вредни за коментирање и имаме тридецениските неуспешни обиди да се обнови наставата по мајчин бугарски јазик во Босилеград и Цариброд.
Целата статија можете да ја прочитате на ИНФОМАКС.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Б.(25) од Прилеп.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Б.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 07.03.2021, пријавената противправно прибавила податоци од платежна картичка на В.К., по што во 15 наврати извршила интернет трансакција и нанела штета во износ од 14.808 денари.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски денеска во посета на општина Прилеп
-Прилеп е општина за сите граѓани! Нашата визија, а и ваша, е Прилеп да биде модерна општина во која ќе живеат задоволни граѓани. Општина со решенија за сообраќајниот хаос во градот, подобрување на комуналната и патната инфраструктура, реализирани проекти за обновливи извори на енергија, подобрување на образованието. Сите заедно да направиме Прилеп да чекори напред по патот на успехот – напиша Сајкоски на ФБ.
Град Скопје, согласно одредбите од Законот за кривичната постапка, денес поднесе кривична пријава против Љубица Јанчева, поранешен Претседател на Советот на Град Скопје и Петре Шилегов, поранешен Градоначалник на Град Скопје.
Станува збор за кривична пријава поради основано сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.5 вв со ст.1 од Кривичниот Законик.
– Љубица Јанчева во својство на Претседател на Советот на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба, од средства од буџетот на Град Скопје искористила средства за прослава во ресторан во Скопје, спротивно на законските прописи за извршени набавки на стоки и услуги и спротивно на Законот за јавни набавки, додека Петре Шилегов како Градоначалник на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со пречекорување на границите на своето службено овластување без да постои склучен договор, спротивно на Законот за јавни набавки, дозволил да се искористат и исплатат средства од буџетот на Град Скопје, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист и нанеле штета на буџетот на Град Скопје. Имено, Љубица Јанчева во својство на Претседател на Советот на Град организирала предновогодишна забава во ресторан во Скопје, и за тоа своерачно потпишала и посебен интерен образец со кој потврдува дека ги искористила наведените средства и во прилог кон истиот доставила фактура, со што ги потврдува издатоците за реализирани средства за репрезентација – информираше на денешната прес-конференција Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.
За незаконитостите алармирал и Секторот за финансиски прашања при Град Скопје кој во Службена белешка укажал дека се работи за услуги спротивно на законот, каде е наведено дека доставената фактура се однесува за извршени услуги за кои Градот со предметниот правен субјект нема склучен договор со постапка за јавна набавка во 2019 година. И покрај тоа што било укажано од надлежните служби дека се работи за извршени услуги за кои нема склучен договор за јавна набавка, Петре Шилегов како Градоначалник на Град Скопје во тој период, го игнорирал ваквото укажување и свесно дозволил на незаконски начин да се искористат средствата од Буџетот на Град Скопје, кои се средства на граѓаните.
– Во конкретниов случај, станува збор за произволно, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните од страна на Шилегов и Јанчева, кои за свои потреби, а спротивно на закон, искористиле средства од Буџетот на Град Скопје, ни помалку ни повеќе за организирање на предновогодишна забава во кафеана. Особено укажуваме дека Градот Скопје во наведениот период за 2019 година, веќе имал спроведено постапка и доделено договор за јавна набавка на други правни субјекти за угостителски услуги, во кои не спаѓа правниот субјект каде се правеле забави на сметка на граѓаните. Оттука, јасно произлегува дека Петре Шилегов и Љубица Јанчева искористиле средства од Буџетот на Град Скопје надвор од законски пропишаната процедура, на кој начин го оштетиле Буџетот на Градот Скопје – додаде Апостолоски.
Прашање на бугарскиот квиз “Кој сака да биде милионер”…. Ами далим индентитетот БЕТОН беше?
Идентитетот БЕТОН!
Бугарски милионер пред 15 минути. pic.twitter.com/sD35TrRjsJ— Zivoten Sovetnik (@svadba11) February 7, 2022